@Cka не верувам да е тоа, ама нареден пат можите да одите на преглед прво, па да земат крв. Ние кога одиме во Плодност на пример, прво го прегледува педијатар па пушта на лабараторија, само ги носам резултатите после.
Пробај првен на преглед па крвна слика. Одма ли ги даваат резултатите, исти ден? Ако е така после пак да се вратите на преглед да видите дали црвеното грло е од тоа. Други не ми текнува, немам престава колку долго би држело црвено грло од вриштење. Вака барем би знаела дека е од тоа, дека не е нешто вирусно/бактериско или настинка.
И мојата има црвено грло од вриштење.. Се случувало да ја однесам да ја прегледа кога кашла и да ми каже ова вие е од пеење Крвна слика ок, брисеви ок, нема мрсули итн. Знае и тт да качи малце кога урла и се инаети. Мада докторката кажа и дека денес може да е се ок, да прими вакцина и утредента црвено грло да јави.
Крв резултати има истиот ден, ама брис по 2 дена. Минатиот пат бевме на преглед па крв и рез, се ок, одиме на вакцина - Црвено грло. Сега обратен редослед, прво крв о брис па доктор, црвено грло. Хаос.
А јас ако ви кажам дека не му правев кс пред МРП? Ќе ме направите немајка . Ама го носев кај матичниот и рече супер е може да прими вакцина. А за кс кога спомнав рече за џабе ќе го термозиш пушти слободно да го вакцинираат .
Јас би го сменила ваквиот матичен.Требало да го прашаш што ако нешто излегло после наопаку дали истиот ќе превземе и одговорност?
Да ми гарантираше пред да го вакцинирам. Поминаа скоро 20 дена не крена ниту еднаш тт. А за кс рече да не го малтретирам бидејќи пред месец дена имавме правено и супер кс беше а малиот беше фатил стомачен вирус.
Навистина е практика кај педијатрите тоа што го пишува @TutiFuti Се водат по општата да ја наречам, слика на детето. Дури и да е одлична крвната слика, ако се слуша нешто на гради, или има црвено грло, не вакцинираат. Уствари треба да е многу добар педијатар за да може да оцени и без крвна слика.
Фала богу кај нас во нашиот град можам да кажам дека е еден од најдобрите доктори. Што знам имам таква среќа штп само со разговор веднаш го проценува детето до сега никогаш ми нема згрешена терапија. И многу сум му благодарна.
Абе и јас тука и општо секаде по нет од многу читање си ја одлагав вакцината од страв. Не од нешто др. Докторот уште од кога ми гарантираше дека нема ништо да му е да не читам мн по нет. И така испадна. Сепак секој со својата среќа не знаеме што ни носи животот.
Не велам јас дека не треба, ама има добри педијатри и одлично проценуваат. Впрочем, кс пред вакцина е понова практика, порано се правела само кога се болни.
Да ви кажам министеров Филипче од толку висење на клиника и фалејќи ги вакцините фатил морбили, а и не е само тој туку и шоферот негов и синчето 3 год. на шоферот и братот на шоферот Што е со епидемијава навистина не знам, а и немам памет веќе. Ми стигна картонче за вакцинација и бев во Јане Сандански да кажам дека чекаме слободен термин за невролог па да идеме на комисија за да видиме со тест како ќе реагираат, и им покажав резултати од имунологија и извештаи па таа директорката кога ми се развика како нездрава, и почна да се смее цинично рече цитирам нејзини зборови: -"Хахаха, еве уште една мајка од оние од антивакцинална кампања информирана со дезинформации по статии од Google" И се завртев и едноставен не можев да и преќутам и се развикав и кажав која е таа да се смее цинички и на таков начин да се изразува и која е таа будала што ја сместил директорка да биде, а таа не знаеше што каже, и кажав дека заради лошо искуство приво испитувања правиме па потоа ако имаме зелено светло за имунизација ќе ги вакцинирам децата, а ако немам дозвола и ако бидат резултатите недобри, секако дека нема да вакцинирам па така се заќуте и искочи од собата кај што вакцинираат. Навистина многу грозно се осетив се однесуваат значи како дечињата да се експериментални глувчиња, работава е 'или боцкај или не си мајка', оти така ми кажа другата сестра дека јас не сум била мајка што не ги вакциниран децата и сум се исплашила од една реакција, што имало врска тоа што му паднала температурата ми рече надвор сум го шетала па ладно му било и фатило бронхопневмониа А никаде не го пишува ова, на никаков извештај од детска клиника туку проба да ме дупи у здрав мозок. Сите знаат за твоето дете, само мајката не си ги знае децата иако е 24/7 со нив
Медицина се студира толку долго, и ако прегледот се дефинира само според крвна слика од лабораторија,тогаш нема потреба од лекари и студирање медицина.Ќе проценуваме сами според црп ,леукоцити,лимфоцити итд. Секако дека добар педијатар проценува општа состојба и без крвна слика.