Е конечно им текна! Ова треба да се примени и на просветни работници и воспитувачки и негователки во градинките.
Ајде бе, требаше хируршко одделение да се затвори оти пола персонал заболел од морбили. Сироти пациенти одиш на операција со маки и гратис добиваш морбили. Ова требаше одма а не после шест месеци епидемија во цела држава. Ете ,директорката на детска клиника даде оставка. Може има совест жената.
Ова излезе од сите граници. Јас не ги носам децата по родендено во игротеки од декември и ИЧ немам грижа на совест! Минатата недела другарка ми се налути, нека и' стои. Живеам на 5 мин со кола од Сити мол, моите деца само од надвор го имаат видено. Што има да ги пикам бре во затворен мол, кога има златни паркови по цело Скопје! Оно ако треба да биде не дај боже секаде ќе биде, ама барем да имам мир со сама себе дека се' сум превземала. Вакцинирани се инаку, ама само со една доза затоа што се мали. Се претера веќе, мора да се стегне обрачот! Што е ова, 6 месеци бројката на заболени само расте!!!
Каде може да се прочита официјална статистика за заболени од морбили? Знам дека имаше некоја страна, дали беше на министерство или центар за јавно здравје не ми текнува, пребарувам но не можам да најдам...
Ова е излезено од контрола веќе. Ем се зголемува бројот на вакцинирани, ем расте бројот на заболени. Не ми е јасно како е можно ова, секоја недела по 100+ новозаболени. По болничките одделенија има морбили, мед.персонал заболен, во градинка само вакцинирани примаат, од диспанзер се јавуваат упорно на сите што не си ги вакцинирале децата, 5-6 месеци веќе трае ова, епидемијава нема крај.
Море јас разбрав од блиски што ми работат во една голема компанија меѓу колегите нивни се јавиле морбили,фатиле од децата,само двајца биле до сега,ама ... ако ги испофаќа сите крај ќе нема ...Страшно стана веќе
Сега веќе не пренесуваат децата. Сега возрасните се преносители и тоа оние кои викаат "мене да ме фати нема шанса", и со сите симптоми одат на работа сметајќи дека е прелада, па на крај оп - мпрбили. Кај мене на раб имаше случај, со тт доаѓаше со изговор - настинка. И така се шири.
@forumce , @kikin има право баш на статистиката од инс.за јавно здравје пишува дека поголем дел од заболените се возрасни. Стварно доста е веќе
Еве да ви кажам и јас случај од роднина. Симптоми на грип, а уствари морбили. Префатено од болнички персонал. Воопшто не е наивно, човеков една недела се исцеди.. Од тие мене не ме фаќа..
Баш така, крај ќе нема... А и да не се морбили, со температура и симптоми на грип, на работа не се оди, па и грипот е заразен. Преку глава ми е од такви несовесни лица, а ги има многу.... @fana сега веќе не пренесуваат само децата како што постојано повторуваат низ медиумите А има ли вакцина само против морбили? Зошто некој што прележал рубеола или заушки да се вакцинира и од тоа кога веќе има природен имунитет ??? Без везе е скроз...
Другарка што прележала на 4 год еве ја фатила пак. Благи симптоми ама фатила. На колега жена му исто.
Може не прележала морбили. И мене мајка ми ми кажува дека како бебе ситна сипаница сум прележала, ама нигде доказ нема што сипаница била. Може е рубеола. По два пати не верувам, доживотен имунитет нели се стекнува.
Еве што вели гугл. Не мутира вирусот на морбили. Ќе прочитам подоцна повеќе, за толку имав време сега.