10 луѓе пoзнaвaш штo прележaле мoрбили и сегa пaк фaтиле? Кoјзнaе штo прележaле или штo фaтиле сегa. Мнoгу ми е дa пoзнaвaш 10 сo мoрбили и тoa двaпaти фaтиле. Не е мoжнo.
Јбг, работам во здравство, вајда имаш прочитано по темиве... Пак ќе кажам и мене ми е чудно ова и не е од сега, туку уште од зимото..
Мене ми е страв, не идам оти деца не се вакцинирани. Ама вие ако сте немај гајле. Ваљда и вас, со мт, би ви провериле антитела диколку речете сакате освежување.
Нема никаде евиденција кој што прележал како мал, мислите дека знаеле за розеола, петта или шеста болест што имаат слични осипи донекаде? Така да, нема шанса некој пак да заболи од морбили, ако веќе прележал. Најверојатно не ги ни прележале морбилите, ама имале некоја вироза во некоја фаза од детството што личела на морбили. Затоа кога дете ќе заболи од поспецифична болест како морбили, варичела, заушки, итн....се носи на лекар да се евидентира случајот.
А каде се испитува? И колку кошта дали знаеш? Јас имам прележано рубеола сигурно, за заушки не знам, дали мора ммр да се прими? Или има некоја вакцина само за морбили?
Зошто постари од 60г во здравство не се вакцинираат? Јас се убедував со мајка да се боцка пошто како старее се потешко прележува болештини и не и имав од тогаш ништо спомнато, вчера ја прашувам вика дека со полни 60 не ги боцкале. Логика? Никаква! Им зимале крв за антитела ама она не била на работа, вика од понеделник ќе дојдат пак, ќе се боцнам.
И јас мислам исто дрка кој знае што сме прележале ко деца. И мајка ми е убедена дека сум прележала морбили. И свекрва ми за мм. Дури и со @Cosmi имав дебата дека сме прележале. Ама како повеќе се заинтересирав за сипанициве мислам дека не е баш така. Дури и книшката "бебешка" си ја најдов и гледам два пати вакцина. Ако сум прележала ко што тврди мајка ми, што би ме вакцинирале 2 пати?!