Розеола имаш поминато гарант. Ама толку знаеле тогаш, башка и да евидентирале (што не верувам), ништо не е сочувано, а треба да има податоци. Се треба да се чува во архив, ако не сум грешка.
Колешка моја вика во книшката и пишувало "морбили", заведено дека прележала и она е убедена дека е тоа. Многу знам кои викаат прележале, да не речам сите што ги знам. Тоа кој знае што е Можно е розеола да е. Мајка ми вика страшен осип било, а сигурна е не било рубеола (таа била страшна сипаница ). И тоа кога сум имала 8 месеци. Брат ми не префатил од мене
Можи и рубеола да е. А што подразбираат под страшна сипаница за рубеолата Таа не е опасна за децата, опасна е за трудници. А и лекарите дали знаеле за што се работи. Некогаш само шлапаат дијагнози колку да се рече дека има.
Осипот на розеола.е сосема.ист како на морбили (малку поретко осипано ама исто) и трае само 2/3 дена.
Јас прележав рубеола у средно, памтам дека имав осип, и бев среќна што 3 недели не идам у школо, но ни температура ни ништо друго немав. Знам дека брзо ми помина, и памтам светло не можев да трпам, друго ништо. А не бев вакцинира против рубеола.
Рубеолата е опасна само во бременост.А како невакцинирана кога идеа на школо некаде седмо осмо и ни ставаа само на девојчињата ревакцина?Не сте примиле?
Не, не сум примила, ме вратија од вакцинирање заради воспаление на крајниците, баш памтам, не прегледуваа и мене ми пишаа дека треба прво да се лечам па после вакцина. Така што тој ден не ја примив, а имав проблеми со крајниците цело време, постојано бев болна, се лечев и не ги излечив се додека не ги оперирав. Во меѓувреме ја фатив рубеолата. Тоа со крајниците е друг муабет... Со години ме лечеа...ивеќе кога почнаа тахикардии дури тогаш ме пратија на операција.
Во мое опкружување веќе има повеќе возрасни заболени од морбили. Се работи за Битола. Човек да го фати страв, од вести, испадна и во стварност.. Ох кај да се скриеме.. Па и си патиме од она... Не ништо не е страшно
Ау.Ја немаа спомнато Битола досега. Па и не е баш на вести само. И во стваност е и тоа претерано веќе шест месеци трае ова. Дури мислам дека сега веќе не кажуваат толку на вести а и веројатно многу поголеми се бројките зашто има луѓе кој не се евидентираат. Кога ќе се сетам дека се бунеа кога прогласија епидемија.....А да ве прашам вака вие со бебиња што сте ги шетате ги носите негде. Јас нигде не носам бебе освен кај баба дедо и двор. Премногу ми е страв. Размислувам да се консултирам со матичната за вакцина нареддн месец. Ќе нема ни осум полни . Ама цело лето ли да се криеме дома....
Nadvor moze da se setate. Odbegnuvaj da ja setas vo molovi, igroteki. I jas odbegnuvam iako e mojata vakcinirana.
А нели за да е заштитено детето треба да има примено две дози? Ако прими само една доза нема да е целосно заштитено. Така знам ама не сум сигурна колку е тоа точно. Во Германија втората доза се прима после месец два од првата па и затоа ми е чудно што кај нас се прима со години подоцна. Ако може некој да ми го разјасни ова. И ако е точно дека заштитено ќе е со две дози зошто и во Мк втората доза не се прима по неколку месеци?
Не знаев дека и во Битола има заболени, немаат досега никаде напишано ни кажано. Медицински лица се заболените или? Ова е да се плашиш од дома да излезиш.
Само на форум се дигало паника. Е така членките викаа од јануари наваму. А бебиња со трајни последици се од епидемијата. Дете невакцинирано у допир со никој.