Шетаме секој ден само на отворено,на затворено никаде освен дома . Гости уште ограничувам. Роденден спремаме на отворено,и мама ќе изиграва стражар,нема мн давање бебе ко штафета да ми биде,па кој де лути нека се лути.
Јас не би рекла дека за џабе и смо тука се крева паника. Кога знам за случаи во мојот град со кои би можеле да сме во контакт. И затоа не носам бебе нигде,зашто возрасните ми се поопасни сега.И јас избегавам гужва.
Има во Битола. Роднини. Вакцинирани дамо со 1 доза, возрасни. Може ќе има во извештај наредната недела.
Епа добро тогаш нема, еве овие што кажуваат дека имаат роднини од Битола како не читате. Јас првиот линк го копирав, имаше и други, најлесно е да се јавите во ИЈЗ и да прашате. А и што е битно воопшто, луѓе секој ден патуваат натаму наваму, не можете баш во стаклено ѕвоно да ги чувате.
Нема потреба од јавување, секој петок ИЈЗ објавува преглед на состојбата, досега во Битола немаше случај. Ако е точно тоа што го пишуваат членкиве тука, тогаш во извештајот од овој петок ќе пишува.
Мене ако ме лажат, тогаш и јас ве лажам. Лично немам видено, зошто се криеме со маж ми и малото да не дојдеме во контакт. Ни се јавија по телефон имаме морбили.
Јас мислам дека многу случаи не се ни пријавени, па не се ни евидентирани во извештајот. Тргнувајќи од онаа "не бе, мене ништо не ми е"
Па колешката случајно откри дека имала морбили, мислела алергија дека и е. Да не отишла да завери боловање за синчето кое исто имало морбили ама мислеле дека е вирус со тт немало да ја види докторката и да ја прати на испитување. И двајцата се невакцинирани, она е родена пред да биде вакцината а синчето не и е боцкано после болница. Од нога буквално ги прележаа и двајцата.
Небитно како ги прележале, ама тоа што на своја рака си мислеле дека е вирус не чини. За тоа зборам, сите доктори се прават, ама тие 21 ден пренесувале на други луѓе,на некој кој можеби нема на нога да ги помине. И ете тие не се регистрирани никаде. А пренесуваат.
Они сва среќа беа дома, пред да избие колешката и откако изби, малото немаше кој да и го чува и дома седеше, па одмор земаше, сва среќа пошто имаме трудница на работа. Ама рачунај они мислеле вирус е па си се прошетаа до Систина, до амбуланта... Ехехеее... Иначе ние кога баравме информации пошто имаме трудница на работа а и ние сите сме со мали деца пишуваше дека заразноста на морбилите е 5 дена пред и 5 дена од избивање, односно максимум 2 недели измеѓу период. Истото и го кажал и Сајковски.
Мене не ми е јасно како е можно да мислат дека е алергија, осипот е различен, температура зарем немала? Температура и осип веднаш асоцира на сипаници. Или толку знаат луѓето или се крајно неодговорни и затоа до овој степен се прошири.
Нит тт нит класичен осип, жената е со егзема и на крај памет не им текнало дека е морбили по дома, ако не одела на лекар ќе си прошло без да ја дијагностицираат. Детето имало тт, ама непосредно пред тоа имало тт со осип и мислеле дека е истиот осип, не ни помислиле на морбили. И двајцата се јавиле на лекар дури неколку дена откако избил осипот за да дијагностицираат, детето го носеле во Систина и Сајковски бил убеден дека е реакција на храна, правеле дури во Авицена и тест за алергии, откако на мајката е дијагностицирано морбили направиле и за дете испитување.