Ма браво за јакоиот Сајковски. Мислел алергија дека е! одлично, нема што. Па нели бре најлесно се препознаваат морбили. Нели имаат карактеристичен осип и плус во период пред избивање тоа во уста што се појавува. Не ми е јасно што ќе беше ова, ужас.
Имаат карактеристичен осип ама членката има пишано дека немале класичен осип. Значи немале класичен осип и поради тоа погрешил Сајковски. Е сега прашање е и каков осип имале реално и што рекол Сајковски бидејќи од едно на друго лице и се извртуваат муабети. Дури и самата заболена може да измисли нешто поради икс причини па затоа е најдобро да не обвинуваме никого. Доколку се посомневал ќе ја испрател на дополнителни испитувања ама ете некласичниот осип го излажал.
Јас кажав дека има некарактеристичен осип, ама во време на морбили... Мене лично на слика детето прво на морбили ме потсети, Сајковски рекол направете интолеранција на храна. Не го обвинувам, мора да е добар чим одат толку кај него, ама јас сум лаик и мене прво на морбили ми заличе, они не не е. Колешката ја дијагностицирала примарно матичната па ја испратила на лабораторија, кога сфатиле дека она прележала го пуштиле и малото. Мислам дека наместо да ги испрати во Биотек (наводно најдобри резултати, мижи асан да ти баам) на интолеранција требало да ги пушти прво на антитела, ама....
Па како ке измислат повеќе заболени.тој сајковски баш да си ја скине дипломата и да си стане комерцијалиста.пошто освен холе,биогаја да продава толку.срамота докторе.
А па вие сите знаете точно што и како рекол Сајковски па го плукате тука? Ај осип не познал, ама во устата да не видел? Рекла казала муабети.
Рекла казала е ако од трет човек разберам, јас пренесувам директно мајката што ми кажала, немам причина да не и верувам како што немам причина да го плукам Сајковски. Секој може да погреши, осипот и кај двајцата бил атипичен иако мене лаички ми заличе на морбили, ама дека Сајковски се почесто греши, епа греши и работата на флаерчиња му е сведена. Јас такво искуство имам и таква слика за него створено.
@AngelOfArh на Сајковски му е само името и ништо повеќе. Носам дете на преглед само тежина виде и толку. Папочна хернија не виде? Епа не. Одма почна да ми збори за палета производи за кои дебело го плаќаат. За Ла Рош мислиш како на топ шоп реклама да слушаш. И за Лактил... Во Систина, поточно освен Фидановски и Христовски друго не признавам. Темата е морбили, јас се извинувам, ама ептен е исфорсиран докторот, а реалноста е друга.
Извини вака, ама секој пост ти е на комшија, на колега, на некој што некого знае.. Освен ако не е од прва рака рекла-казала е.
Сајковски е добар односно одличен за исхрана кај бебиња. За ништо друго било кој у систина педијатар не би го прашала. Според нив син ми имаше морбили ако ви текнува..
Одиме офф, ама јас сум бап задоволна од Станка. Кога бебе ми било болно, точно секогаш ми кажала колку ќе треба да живне. Првиот пат 2-3 дена, ама вториот ми кажа мин 10 и така бидна. Антибиотик не дава, бар до сега никогаш не дала, дури и кога 10 дена беше со тт бебе. Кс укажуваше вирус и на тоа остана. Сајковски не го знам, нит сум носела кај него дете (освен ако не се брои што мојава му влезе во ординација и го викаше "деде, деде" ). Сепак, неблагодарно е да оцрнуваме некој кога директно не знаеме што кажал човекот, а не знае ни членката од прва рака. Дека прават утки, прават, така и се рашири епидемијата. Не видов еден доктор од клиника да се оцрни, а тие ги раширија морбилите. Битно од Систина докторот не знаел да види.
Стварно? А плукањето страници наназад по медицинските лица на кого се однесува? У реду е. Знаеме дека Систина ти е слаба точка Јас у принцип мразам извикани доктори, нит' на Сајковски му верувам, нит' па на многуфалениот Паскалов
Добро, што да ти кажам... Јас сум од Систина задоволна исто како и ти, ама кај овој Сајковски.... Тоа што пренесувам искуство ми е мана ама мислев дека ќе смирам некоја мајка, дека може ете и полесно да помине. За среќа моето е прилично здраво па само кај матичен проаѓаме.
Може сме офф но е продуктивен муабет сепак. Ти кажала кога ќе живне за обичен вирус настинка срц, за посериозни работи 2 пати бев и 2 пати ус*аа. За вирус и јас би отишла. Чисто информативно ова. За сериозни работи јас таму не стапнувам повеќе.
Да ве потсетам дека за Ларингит 45 000 плативме у систина. А ако отидеш со морбили, 20 000 еу не ти бегаат. Како и да е, да се здрави децата.