Оф топик. Сајковски на Телма. Се согласувам со човеков за ставовите за исхрана и веројатно кон тоа повеќе се стреми. Инаку за педијатри, од мое и од искуство на други испаѓа дека старите педијатри најмногу знаат.Поточно оние кои завршиле факултет со учење и постојано пратат што и како се случува препорачува,одат на обуки и тоа. А морбили верувам дека секој општ доктор треба да знае да познае.
Јас им пишав на систина, одиме на преглед и викаат почекајте у иста чекална со еден маж што кажа дека 3ти ден има 49 темп, трудница со болки, и една стара жена што кашлаше страшно. Маж ми на минус температури беше надвор со дете а јас чекав ред внатре. Ми одговорија дека ќе направат посебен дел за деца ама кузнае. Од тогаш не сум била.
Сменето е. Во ургентниот дел чекаат возрасните, а децата во оној малиот пред амбуланта за дечиња што беше. Сепак, пултот е во "детското", па сите од таму врват.
Некои лекари немаат видено никогаш во животот осип од морбили, единствено што учеле од книга, од слики. Нашата матична која има 20 години стаж и е пренатрупана со пациенти ми кажа дека нема видено досега морбили во живо.
Конкретно Паскалов и Виктор,кога уште не знаевме дали син ни има морбили, им каажавме.дака е можно, ниту еднаш не влеговме внатре, во кола.го.прегледуваа. колку и да е.до.докторите,сметам дека и родителите ако сумљаат на нешто вооошто не треба да влезат со детето. До сите е, совест се бара и од едни и од други. За морбилите, трудница изгубила.плод во 8 месец...значи аман нека прекине
Јас кога ја носев малата на доктор кога мајка ми беше у болница и одев со маска сите не правеа луда. Ми викаа не си болна што си ставила маска. Ама од кај знам. Епидемија е, не знам дали и што сум закачила по болниците. Дома доаѓав од болница и право во купатило одев. Ама па у болница не се замараа.. маска и ракавици немаа, битно ги заштитиле пациентите со забранета посета.
Се согласувам дека најмногу совест треба да имаат родителите, ама не размислуваат и не се замараат воопшто некои луѓе. Ова со трудницата што го изгубила плодот во 8ми ново е? Немам слушнато. Навистина жално.
Мајки/жени, има некоја прележано морбили од вас? Не ве пратам многу. Сакав да прашам нешто за регулирање на работа, не е за мене.
Колешката до мене, ако сакаш ќе ја прашам веднаш. Пиши ми ако сакаш и лп, не мора овде да не биде пак ширам рекла казала муабет.
Мајка ми, ја вратија со образложение дека бидејќи прима терапија не може да ја боцнат. Терапијата и е од пулмолог. Да одобрел тој па, после ќе ја боцнеле. Не знам како да се изведе тоа да добиеме зелено светло да се боцне, страв ми е да стапнам на клиника искрено.
Се поднамалила бројката неделава,87.Пак е многу но да се надеваме дека ке стивне. Има некоја врска вирусов со топлово?Да изгори на пример да го снема веќе