Ја се водев според темава дека немаше мислење од 26ти јули, сега видов на страната дека имало известувања.
Секогаш има спорадични случаи. Доколку се јават на едно место тие 5 или повеќе тогаш се прогласува епидемија
Ако има зголемен број случави споредено од минатата година со сега.ама на некој му одговара епидемијава да сее страв и тетра бизнис па затоа.
@katte82 sekogas e polesno sopstvenoto zatvaranje na oci da go prenasocime vo potsmevanje za zal. Zatoa sme tuka kade sto sme, isto taka za zal.
А ти каде живееш? Знаеш дека епидемијата е сеуште актуелна? Знаеш кога престанува? Кога последователно три недели нема да има нови заболени. Од почетокот на епиемија до сега постојано има нови случаи, така да... Или... воопшто немаше епидемија халуцинации, заговори
Да златна затоа сме тука каде што сме во 21 век, 2019та.. со над илјада заболени и 4-5 мртви дечиња. А вие продолжете да верувате во теории на заговор, решете ја мистеријата па јавете се
Закон за јавно здравје Поими член 3 Епидемија на заразна болест" е пораст на заболувања од одредена заразна болест кој по време и место го надминува вообичаениот број на случаи во претходниот период, како и невообичаено зголемување на бројот на заболените со компликации или смртен исход
Ајдееее се надевам не си правник оти ако ова за тебе е дефиниција за престанок на епидемија, онда жал ми е.
Ова е дефиниција за почеток на епидемија, и така беше и прогласена. Не е дефиниција за прогласување престанок.
Само еден краток денешен осврт на темава...од моја гледна точка за денес. Ненаведувајќи ставови за или против вакцинација итн... сметам дека панично се пристапува на целава тема денешно време. Сите сме примиле вакцини како деца...."сите" и сме прележале морбили варичела,мислам на поголемиот процент од нас, но никој во тоа време на реагирал хаотично стресно и урнебесно. Денешната случка начисто ме запрепасти, каде е медицината ( притоа,јас сум голем подржувач на белиот мантил,нивните знаења и професионалност), НО неможе (не несмее) да се стави дежурен тим вп недела од млади специјализанти на Клиника за педијатрија,кои како доктори пред се треба да го заборават зборот ПАНИКА, а не уште и да го искажат пред пациентите. Да не должам,после три дневна лабораторија со крвна слика која покљжува вирусна инфекција,утрово се појави осип карактеристичен по пад на температура. Но,бидејќи имаше малото и бели налепи во уста,отидовме до клиника,притоа сомневајќи се за стрептокока. Кога почнав да раскажувам како се почна и штом го слушнаа зборпт осип,двете докторки во паника... едната др ја фрли шпатулата,другата стана од компјутерр вика одма на инфективно за хоспитализација има сипаници. Како хоспитализација? Како дијагноза поставија? Го видоа ли осипот? Видоа каде е? Колку е? Направија ли испитувања? Толку смирено изреагирав зошто нивната несигурност во дијагноза и начинот на соопштување беа трагични за цела медицина во државава. Оттука се упативме на инфективно,каде по лаб наоди и стреп тестови (кои на педијатрија не ни помислија да ги прават од цела таа панична реакција,а секако соопштија дијагноза), ни соопштија дека е тридневна треска со осип од висока температура. Зошто толку унербесни паники и кај младите доктпри,знаат ли што лекуваат , или и нив им се маскира целата дијагноза од општата паника за сипаници? Притоа детето уредно вакцинирано! Незнам каде апел,но секој има желба за професија,но немора да значи дека му прилега на знаењата! Специјалист без искуство како општ дпктор не бидува... искуството од општ доктор те прави доктор,а не книгата и една панично дежурство.
исти проблем имавме и ние. Само кај нас чудно беше што докторката што не прегледа е со искуство учена постара особа. Изгледа 90 % од лекарите немаат видено како изгледаат морбилите. Следна ден одкако ја добивме таа од ракав истресена дијагноза бев кај матичниот. Абе ми вика вие толку сте се испаничиле абе морбили да фати дете од кревет една недела нема да може да стане што ви е. А вас осипот за еден ден ви поминал. Искрено јас не верував дека имаше епидемија,се ми изгледат како еден вид на теорија на заговор
Да му кажеш и на твојот матичен дека не е во право, колешката до мене со морбили во инкубација идеше и на работа и шетале и детето исто, весело, расположено. Да, можеби се исклучок ама постојат и такви ситуации, ни тт ни ништо.
ауу... Таа сигурно немала морбили. Морбилите се најтешката форма на сипаници, мои другарки кои фатиле морбили во помала возраст полесно поминале за разлика од тие кои во поодминати години заболеле од морбили. Секој со свое искуство не велам дека може не си во право
Imunitietot e presuden!!!!! nema dvajca sto ke prelezat morbili na ist nacin. I da, eden kup prelezuvaat na noze i bez temp, so karakteristicen osip, a potoa i so laboratoriska potvrda.Toa se tie slucai sto vo ekot na t.n. epidemija kazuvaa deka se ambulantski pregledani i pusteni na domasno lekuvanje zatoa sto bile so blagi simptomi.
Потполно се согласувам,секој индивидуално реагира к8н причинителот,односно со различен интензитет ја прележува болеста.НО,осипот за морбили е идентичен во сите книги,така се диференцира болеста од другите осипи,е тоа МОРА да го распознае секој доктор! Не е секој осип денес морбили! Морбилите не се паника.Морбилите се болест што поминува и лекува.