Сега случајно ми излезе на фб, во контекст еве овие пак лажат за епидемијава за да се трошат вакцини. Уште не ми се верува, дека некој мисли дека се измислува епидемија само ради да се потрошат вакцини. Упоррно не можам да ги разберам, ете од толку заболени нема ниеден фатален случај, да да и ова го прочитав. Што треба да значи тоа?? Дур немаме смртен случај ќе викаат дека вакцините се лоши?? Дека лажат за епидемија?? Многу е, претерано е. Не знам како немаат грам страв луѓево. И уште прочитав, па боље да фати морбили, каков и да е исходот, него ли да добие аутизам не знам, жално.
Стварно не сфаќам што со ова, ќе поминел рокот, имало нов тендер?! Значи, дали знаат колку поскапи лекови се купуваат секоја години и се фрлаат ако нема да се искористат? Дека никој ништо не губи тука, дека проватњакот зел пари, дека државата ги дала, болен немало и сите ќар. Се купува и лек за каснат од змија, и што ако никој не бил каснат со змија, да ја бараме некаде да касне, или државата да ја казнат оти смиите не апеле годинава... Имало нов тендер!? Торлаци, нов тендер има на 2 години, секогаш ист, со исти количини. Мислите ќе нема нов ако не се потрошат овие? Мислите некој ќе го тепаат ако мајките не дошле да ја потрошат дозата? Па секогаш се нарачува плус, и секогаш се фрла, оти за ваква страшна болест поарно е да има повеќе вакцини, отколку помалку. Замислете да беше обратно, да немаше вакцини за овие 5000 што се вакцинираа за дваесетина дена?
Да фалеа вакцини сите ќе бараа и ќе се жалеа како нема... Едит. 14 нови случаи. 1 на клиника. 13 дома. 6 се деца.
Јас лично не познавам ниту еден заболен. Ниту некој што некој знае. Сум од тие што мислат дека е усилено ова. Дека има случаи, има. Ама па толку паника кревање не е на арно. Јас веќе не следам ситуација.
Па сигурно не ѓи измислуваат заболениве деца, епидемија е прогласена не е зае*анција работава, а епидемија не се прогласува туку така. Ама добро ние луѓето сме такви не веруваме се додека не ни дојде на глава истиот проблем.
Кој кажа измислуваат. Скопје, па и мк се многу мали за да никој не познавам, ниту некој што знам да знае некој. Ако сериозно мислат епидемија да прогласат поинаку се прави тоа.
Јас познавам тројца. Едно 2 годишно девојче,хоспитализирано беше во тешка состојба.Откако се стабилизира и си дојдоа дома,мајка му и баба му фатија.
Од кај нас јас познавам три дечиња со морбили кои беа препратени во Скопје . Едното баш тежок случај . Зборам за претходните две недели. Од петокот не сум слушнала за нов случај во нашиот град
Не познавам ни јас, и искрено сум среќна ради тоа. Паника не кренав ни пред да го вакцинирам, ниту го чував во стаклено звоно, бевме и на роденден и до Капитол, ама морав да следам заради забраната за градинката. Сега е вакциниран и искрено многу ми е полесно.
Денес на доктор сестрата кажа за мајка(трудна, веќе се породила) и за нејзините ќерки, сите фатиле морбили. Според тоа што кажа мислам дека ја познавам и мислам дека е од нашата градинка. Има дечиња што тешко ги поднеле сипаниците, како што разбрав со воспаление на мозок Ако ме лажат и јас ве лажам. Ние ќе се вакцимираме деновиве ако е ок кс. Ја прашав докторката се што можев за да исклучам секаков ризик. Кој што сака нека каже не е играчка.
Ама... Никој не умре и не доби аутизам. Значи не е опасно, тоа е само една обична детска болест, епидемија, глупости.
Јас знам дека од првиот бран не беа 6 туку 4 деца, потоа не беа 12 туку 6 и третиот не биле 6 туку 3 случаи. Они кажуваат колку се јавуваат во болница а реални дел од нив немаат морбили туку пневмонија или вирусот со осипот. Оваа информација ми е од сестра од детска клиника која силум прилике биле префрлена на инфективно. Со воспаление на мозок никој нема, најлош случај е во исто време рота, морбили (осип) и пневмонија. Реакцијата на сестрата е дека е усилено, има случаи ама ништо поразлично од лани и претходните години. Една година спомна дека имало помалку ама не знам точно за која година се работи.
Да не ме разберете погрешно, се трудам максимално да не коментирам на оваа тема било каде ама ете видов се развила дискусија. Не негирам дека има морбили, нити дека се безазлени, ама дека е нешто посебно страшно за разлика од претходни години, не се слагам. Сметам дека првата и значајна грешка е што се дозволи градинката од која излегоа најмногу случаи да работи, и што не се изолира максимално инфективна, строг карантин. Многу е слаба хигиената на клиника, страшно е, маски и ракавици се ставаат ептен за недајбоже. Јас да сум вработена на клиника секое сабајле со јогуртот и геврекот ќе си купував од аптека по една кутија ама немаше да се оставам така. Сестрата со која разговарав вика со право луѓето се сомневаат, инсулин со поминат рок, апаратчиња кои не работат, некалибрирани апарати, гнасно и гадно по ходници и вц-а, не личи ни на логор а камоли на клиника. Жената појма немам која е, сосема случајно ми дојде на работа и се запраивме муабет на пауза надвор, нит она имаше појма дека јас не вакцинирам.
Градинката 2 недели не работеше нели. А еве месец дена како има епидемија што мислиш.каде фаќаат децава? Некако мене ова ми изгледа како луѓево да не можат дома да се приберат...