И за приватните важи. Во Колорес Карпош секако без вакцинално картонче не пуштаат, за Аеродром ме чуди да е различно.
Не се криви мајките што шетаат, криво е министерството што не ги презеде сите потребни мерки кога прогласи епидемија. Се затвораат градинки и училишта, игротеки и центри за дневен престој, се откажуваат сите настани каде што има собир на голем број луѓе, се ставаат под карантин здравствените установи, се забранува движење на ризичните групи по затворени места каде што има голема фреквенција на луѓе. Ништо од ова не се направи, само се вакцинираат невакцинирани. Не се мајките криви. Да го направеа сето она претходно, немаше да има толку нови случаи. Башка што јас читав дека толку нови случаи се јавиле со симптоми на морбили, што не значи дека е баш тоа, а докториве денешни слаби се со дијагностицирање без помошни средства.
Мора ли изричито да им се забрани движење за да не одат по затворени простории? Кога гледаш каква е ситуацијата треба да имаш и сам во главата каде треба да се движиш, без некој да ти каже и забрани. Се согласувам дека потфрлија со мерките, нормално, ама и нашата свест слабо си работи, како и секогаш.
Очигледно дека мора. Си се знаеме какви сме, затоа мора. Нема секој осет и свест, а богами ни памет во главата што се прави во вакви случаи.
И јас гледам и не се чудам. Само на форумов ваква паника има. Не се фаќа само по молови. Ние може да донесеме дома нешто
Ама ние сме таков народ, дома да седиме, абе ајде, гараж сејл да пропуштиме. Срамота да не се сликаме со елката во Џамбо или со топло чоколадо пред тезгите на плоштад, минус ќе ни пишат. Моево гледам рогови има што 2 месеца и кусур нема припарено во затворени простори каде што има собрано деца. И јас не одам оти повеќе се плашам од грип и вируси отколку од другово.
Зависи кој во каква околина е. Не знам дали и колку паничам на форумот, ама јас навистина не ги шетам по молови и игротеки. Не за време на епидемија. Настрана што ми е страв да фатат морбили, туку како што ни "цвета" здравството, страв ми е и дали ќе имаат услови за лекување. Плус ние сме и со бебе. Кој како сака нека ме нарече, ама за моите деца лично јас одговарам. Освен нели ако невакцинирани ги рашетавам и со можност да фатат морбили, па да пренесат и на други деца. Тогаш одговорноста е поголема.
Абе јас не знам кај се движите што само на форумов сте чуле за ова, ама викендов главна тема ни беше со 2 пара родители кои не се од форумов баш за тоа..
Добро ок е.... нека шета кој каде сака, ама нека не ми доаѓа кај детево мое...некој не се плаши и не се штити, јас се плашам. Боље ми е затворена дома, него ли затворена на инфективна. Кој не се мкнел по болници не знае, јас за жал се имам видено.
Мислам дека беше кратко време пред да се прогласи епидемија, или летото, не памтам точно во мојот град почина 8 месечно бебенце од морбили, ако не се лажам имаше и на вести за тоа.
Онда министерство не им се ажурирани податоците, излегоа со податок дека од 2000та немало смртен случај од морбили, ниту од состојби последица на морбили. Не се сеќавам дали на пресот или на некоја од дебатите каде што се одважи да присуствува министерство.
Мене ме направија себична оти не сум го однела детето на роденден во кафана, а таму луѓе еден куп. Епа нека ме прават, јас за моето дете си одлучувам и не е зорт да го мкнам по такви места периодов, па и плус претходниот месец два пати антибиотик примаше.
https://www.google.com/amp/s/www.sl...-godishno-devojche-prva-zhrtva-na-gripot/amp/ Секој коментар е излишен
Жално. Нека почива во мир. Страшно е што баук направија со морбилите а грип реално поголем процент на смртност има. Патем не знаев дека повторно е достапен тамифлу во мк. .. Фала богу.