И јас малава не ја шетам па еве ја само со вирус е. Па следат коментари џабе дома ја чуваш само болна ти е. Прошетки само надвор,моите,теткае и тук так друарка со дете. Значи неможиш скроз да се изолираш. Избегавам затворени места,групни собири и важам за намќор. Него ми стигна покана за вакцинава,малава со вирус. Треба да ја носам за да одложам или едноставно да не одам??
I jas vazam za namkjor haha. A iskreno bas mi e galje. Jas ne ja nosev na rodenden vo kafana I da ti kazam ne pogresiv zasto dve deca sto sedea so nas na masa bea bolni, ednoto so shlajmovi I ocite I solzea, a drugoto so tt, I gi donele, bez oset.
Јас се јавувам или одам да им кажам ако е болен, не ми бараат потврда од матичен. Мислам да е добро да им јавиш некако.
Поради епидемијата бараат. Баш мм беше и му рекоа дека имаат инспекции и многу било стегнато. Инаку ние првпат сега добивме покана, по толку време, иако сите вакцини ги касневме.
Да напоменам ова за ммр вакцината. За другите не знам како е. Инаку да знаете, тие што биле неодамна на кортико терапија, со исклучок на креми, треба да помине период од барем 3 недели до ммр вакцината. Обавезно да им напоменете ако децата имале препишана инхалација или друг вид терапија со кортико. Исто треба период да помине и вентолин ако примале.
Хм... ќерка ми примаше терапија спреј за нос кортико заради алергијата еден месец претходно. Кога бевме за вакцина и напоменав на докторката и ми рече дека слободно можам да продолжам со терапија (ни преостануваа две недели) само да правам пауза дента и денот по вакцинација. Така и направив и немавме проблем. Во секој случај треба да му се напомене на докторот. Може па има разлика за каков тип терапија се работи?
Не знам, можеби. Мојава дека на инхалации, па затоа. Ама штом доктор ви рекол може, тогаш нема потреба за грижи.Треба и во упатството да проверам. Го имам прочитано и нешто како во магла ми е информацијата.
А не сфаќам стварно? Зарем по приватниве градинки има родители кои свесно ги носат сега моментално децата во градинка невакцинирани? Ај тоа пто примаат и ако навистина примаат повеќе од јасна би била причината, ама колку треба да си (не)совесен да пратиш невакцинирано дете во градинка сега?! Или јас сум грешка
А што да прават? Нема кој да го чува, како да не го пратат. Ете мене ми се посреќи да најдам лесно жена, ама има мајки не можат да најдат. Помина месец и кусур, одмори, боловања, на баби, на дедовци, на стрини, на тетки, се помина. Епидемијава се шири, нова има на повидок, никој не реагира, министерот баш му е гајле за нас, што да правиме? Моментално да кажат децата враќајте ги во градинка не вакцинирани ќе го однесам и ич нема да се мислам.
Ние донесовме драстична одлука. Маж ми напушти работно место за да најде работа после 16ч. за да го чува дур сум јас на работа. Под кирија сме плус со кредит сме. Помош финансиска немаме апсолутно од никого и никогаш не сум ни побарала. Сами ќе си го чуваме т.е. си го чуваме веќе една недела сами.
Маж ми исто откажа 3 договори со огромна вредност и решивме да ја чува малата, а после 4 да оди на трезнинзи. Едното раскинување не го прифатија и сега работи после 10 до ноќеска до 3 или 4 за да стигне со работа, оти додека чува дете неможе да работи. Не е работата само да го одржува у живот туку и да го едуцира оти не оди веќе месец и пол у градинка. За жал, така ни се погоди годинава. После смртниов случај сега, немам апсолутно никаква намера да носам дете подалеку од дворот.
Утре има во 7 во Ѓорче во киното трибина на тема Морбили, кој може нека оди. [QUOTE="Cka, post: 4315508, member: 2591 После смртниов случај сега, немам апсолутно никаква намера да носам дете подалеку од дворот.[/QUOTE] Не ти го оспорувам начинот, и јас на истиот начин го штитам малото, ама не значи дека ќе го заштитам. Никаде не сме мрднале, свекрва ми ја покоси некој вирус кој наликува на грип, чека да и кажат дали е грип, секој ден без исклучок се дружеа со синко бидејќи го чуваше после 3 додека дојдам од работа. Ништо не сум направила ако фати и он. Сходно на ова, само билдање имунитет, хигиена и редовен сон, така една докторка имаше наведено во интервју, може да ни помогнат во борбата со вирусите во овој период. Јас многу сакам да можев да го земам овој период за нас и да го чувам дома, ама не може, па затоа се снајдов како знам и умеам. Во медицината никогаш 2+2 не се 4, многу жалам за малото бебенце, но не ја знаеме општата состојба на бебето, можеби на крај исто како 5годишното девојче ќе излезе дека имало некоја мака. Искрено сочуство до родителите, болно та да не може повеќе да биде, срце ми се распара, деновиве само вакви работи се случија некако, многу жално.