Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Не ти го оспорувам начинот, и јас на истиот начин го штитам малото, ама не значи дека ќе го заштитам. Никаде не сме мрднале, свекрва ми ја покоси некој вирус кој наликува на грип, чека да и кажат дали е грип, секој ден без исклучок се дружеа со синко бидејќи го чуваше после 3 додека дојдам од работа. Ништо не сум направила ако фати и он. Сходно на ова, само билдање имунитет, хигиена и редовен сон, така една докторка имаше наведено во интервју, може да ни помогнат во борбата со вирусите во овој период.

    Јас многу сакам да можев да го земам овој период за нас и да го чувам дома, ама не може, па затоа се снајдов како знам и умеам. Во медицината никогаш 2+2 не се 4, многу жалам за малото бебенце, но не ја знаеме општата состојба на бебето, можеби на крај исто како 5годишното девојче ќе излезе дека имало некоја мака. Искрено сочуство до родителите, болно та да не може повеќе да биде, срце ми се распара, деновиве само вакви работи се случија некако, многу жално.[/QUOTE]



    Чекај малце, викаш одма би го пратила назад во градинка а викаш на истиот начин го чуваш како цка.
    Твое си е, ама контрадикторна си.

    Инаку јас лично се чудам како го праќав син ми невакциниран, плус со бебе дома.
    После ова, никад не би пратила дете невакцинирано назад во група деца. (Градинка или било што)
    А иначе не, не се заклучени дома.
     
    На Chantal, gjoker4e, eli25 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.644
    Допаѓања:
    140.735
    Работата е што и покрај сувото и суровото гор. некои деца не се вакцинирани од страв на родителите, а некои поради вистински индикации. И оние кои не смееле да се заразат и вакцинираат умираат, другите немаат компликации страшни оти се здрави.
    Не, нема да го вратиш знаејќи дека сега прележа една болест, уште морбили не му требаат.
     
    На eli25, Lianna Anna, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    Е. Баш тоа и јас го зборев. Не е само некој да гледа да не се повреди. За сето ова време дур баба го чуваше (не можам да и замерам преморена доаѓаше од работа) детево спобудале и почна да прави работи кои никогаш не ги правел. Остај што е уназаден, друг муабет е тоа.
    Како знаеме ќе се снајдеме, дете нема за ништо да трпи битно, јас и тој ќе се стегнеме.
    Ќе биде подобро здравје, од септември
     
    На eli25, azelea, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    6 месечно бебе починало од морбили.
    Вчера една мајка од Америка пишала дека била со бебето свое старо 15 дена на педијатар и ѝ се јавиле од амбулантата дека во периодот кога таа била во чекалната (или пола саат-саат пред неа) имало дете кое не било вакцинирано и развило морбили. Мајката има дома и ќерка која примила само една доза ММР затоа што уште не дошло ред на другата.
    Пак не вакцинирајте. Ги ставате на ризик сите што не можеле или не смееле да примат вакцина до тогаш.
     
    На gjoker4e, Amellie13, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.100
    Допаѓања:
    117.980
    Пол:
    Женски
    Мила до кога ви забранија да го вакцинирате детето? :(
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.543
    Допаѓања:
    108.694
    Пол:
    Женски
    Верувај дека би го пратила. Од варичела помина месеципол, чим матичен вика можеш одма да го вакцинираш значи е спремен и за градинка.
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.777
    Море каква градинка во ваква ситуација:worried:.
    Јас да сум ќе отидам да се вакцинирам за да бидам сигурна дека дома нема нешто да му донесам ако веќе оно не оди во градинка и го чувам во “изолација”
     
    На Chantal, gjoker4e, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоа да чекаме до септември (тој што помина), ама бидејќи откако го рекоа тоа заболе од друго, беше во изолација до пред месец дена. Така да на пролет ќе се испитуваме да видиме дали може да прими.

    @AngelOfArh верувај ми не е спремен.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Со големи шанси да фати морбили?
    Браво бе мајка!
     
    На Chantal, Amellie13, Coco31 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.316
    Допаѓања:
    182.802
    Пол:
    Женски
    Ни вакцина, ни градинка. После варичела паѓа многу имунитет и искрено мислам дека вака збориш оти не си осетила. Сега како што има грип, а и да не е грип, обичен вирус може да го срози. За бактерии да не ни зборам. А па за морбили што да кажам? Ти ја разбирам причината да не вакцинираш, ама ова другово, не. Се побиваш неколку пати сама со себе. Го чуваш дома да го заштитиш, а би го пуштила во градинка. Нема логика.
     
    На SexiLy, Chantal, gjoker4e и 15 други им се допаѓа ова.
  11. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Би сакала да ве прашам оние кој сте по упатени, со искуство и кој веќе сте ги вакцинирале децата со ММР за мислење.
    Во кратки црти : На ден на раѓање на синко по грешка на педијатрите во Гак се искомплицира ситуацијата на синко, па додатно и на 5ти ден дам бетер направија глупост. Океј да не должам не е тоа темата, па со оглед на ситуацијата сите вакцини моравме покасно од календар да ги ставаме со каснење од 2-3месеци. Кога требаше ММР да ја прими на некој 16-17мес бевме во Германија цел месец. Се вративме фати есен па нос протекол, па зимово со кашлањево беше хаос ( имав пишано за тоа ). Е сега пред 2недели му правев крвна слика и брисеви. Брисеви чисти и крвна слика никад боља. Инаку има 22месеци да напоменам.
    Читајќи овде за ситуацијава со морбили, на Фб, па починало бебе/дете итн. ме фати некоја паника нај ама нај искрено. По природа не сум паничар нит па до сега за ситуацијава се замарав. Ама еве денес некако ме мавна реалноста. За мене мање више ама сепак не би сакала детево да го изложувам на нешто што можам да спречам. И крај краја окапа дете дома, ни до маркет го носиме, ни по бутици, ни по молови, ни на родендени сме биле и веќе е греота само у двор и по улициве.
    Друга најголема причина е што се спремам за ИВФ набрзо и најмалце ми е потребно да дојдеме до било каква зараза.
    Прашањето ми е : Дали е паметно во еков на епидемијава и целава ситуација да го носам на вакцина ММР? Што да очекувам и кој се вашите искуства со нис појавите после вакцинава ( омалаксаност, осип, тт ) ? И последно прашање освен крвна слика и Црп што друго да испитам пред вакцинава?
    Ве молам без муабетите со аутизми и слично зашто нит верувам во тоа нит па има поврзаност, внук ми е со аутизам и не е вакциниран ( не зашто они нејќат туку така им е наложено од специјалисти ).
     
    На kikin, gjoker4e, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.543
    Допаѓања:
    108.694
    Пол:
    Женски
    Го чувам дома зошто не оди во градинка, и да оди во градинка не го носам по молови. Значи не знам како да објаснам, за мене градинка е потреба, мол, кафич, игротека, не е потреба.
     
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Јас го вакцинирав сред епидемијава, знам многу што истото го направија. Пред вакцината не одеше во градинка 2 недели, направивме крвна слика, општ преглед кај матичниот педијатар, и после при вакцинирањето. Апсолутно никаква реакција немаше, еве денес се рамно две недели. Од понеделников го пуштив во градинка.
     
    На gjoker4e, azelea, sofi2107 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    После грип колку да почекаме за вакцина да не знае некоја?

    Се јавив во диспанзер, нареден понеделник да го однесиме ако е се во ред, не е малку?

    Ќе чекав до пролет, ама ме плаши што се шири се повеќе и во други градови плус.

    Жалосно за бебенцето. ;(
     
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 јас веднаш би вакцинирала и ќе вакцинирам наредна недела, баш поради тоа што е ек на епидемија.
    Ќерка ми е 12+, нема уште 13 месеци, но по разговор со педијатар, одлучив да не чекам и веднаш да ја вакцинирам. Таков совет и од докторката добив, но чекав да наполни годинка за да може да ја прими регуларно (иако во ек на епидемија се вакцинира и порано, но потоа треба уште една доза). Ќе ја однесев одма после роденденот, ама беше настината, па еве сега наредна недела планирам ако е крвната слика и црп ок.
    Страв ми е и мене многу, ама уште повеќе ми е страв од морбиливе и не сакам да ризикувам.
     
    На Coco31, mal.ecka, Cosmi и 3 други им се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.316
    Допаѓања:
    182.802
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш почекај некој ден, па јас ќе ти кажам :) Ние се консултиравме со две педијатарки од диспанзер плус нашата докторка. Сега треба да го фатиме точно периодот измеѓу последниот пат кога примаше терапија поради вирус и бактерија и периодов кога ѝ почнуваат алергиите и е пак на терапија. Нас ни дадоа зелено светло, јас им верувам.

    Па сите тоа ти кажуваме, дека ќе пооди една недела во градинка и после пак дома ќе седи. Ако му е опаднат имунитетот, тешко дека ќе биде имун на сѐ што има во градинките. Или планираш болен да оди? Цело време збориме колку се разболуваат во градинка од здрави-прави, а тек после прележана варичела и во ек на епидемија на морбили, ти сакаш да пратиш невакцинирано дете. Еве и јас не знам како да објаснам повеќе.
     
    На Coco31, oblace1, wannaBeMomma и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.825
    Моето дете има 2 години и 9 месеци. Прими ММР на 20 месеци.
    Имам и бебе од 1 месец. Можно е поголемово да го зарзи бебево , а кај големиот да нема симптоми, да е само носител?
    Не сме од Скопје, ама страв почна да ме фаќа за бебево, гледам се шири и во други градови .
     
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    145.270
    Не може.
     
    На fana, NarCis@ и Kom.pot им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    не те разбрав. дали од вакцината може да го зарази или дали сепак може да фати големата и да му пренесе?
    првото е не. а второто е да но многу помали шанси се да фати морбили , односно 95% нема да фати.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.543
    Допаѓања:
    108.694
    Пол:
    Женски
    A кој рече дека планирам да го пуштам болен? Баш напротив, ќе ја чувам жената кај нас уште цел месец додека не се адаптира пак и се договоривме во случај кога ќе се разболува ако е слободна да ја зимаме пак. Јас дете болно немам пратено досега во градинка, и да не беше ова со вакцините еден месец немаше да иде со варичелава. Ти колку би чувала дете дома после варичела, една година? Мимо епидемијава, која кај нас во градинка нема нови случаи, ни во цела општина. Епидемијата се шири не само во градинка, на сите тоа ни е јасно, кога ќе прекинат да ги мкнат бебињата по молови и игротеки тогаш ќе прекине и епидемијата, до тогаш џабе е се.