Носи го во игротека една недела, па ќе сфатиш што сакам да ти кажам. А игротека, а градинка, исто е кога се работи за вируси и бактерии.
Можеби лошо се изразив. На второто мислев, да фати големиот имда му пренесе на бебето. Фала на одговорите, се смирив малку.
Апсолутно неточно! Во игротека ја чистат ја не чистат, моментално има деца од 2 месеци до 12 години, ако не и више, плус родители и вработени, хигиена ја има ја нема на минимално ниво. Во градинка секој ден чистат со кирби и бришат со дезентал, се пушта ламба за дезинфекција секој ден кога завршува со работа. Таа е разликата.
Нема разлика мајка. Колку сака нека е чисто. У 8 да чистеле и у 8 и 20 да влегло дете кое не е за во градинка ама не дало реакција и твоето ќе фати. Така да...
Чудна е информацијава за бебето. Ако имало морбили, што правело во Козле?! Јас се согласувам со @danichap и на ум сум да се вакцинирам со ммр. За детево повеќе ме влече да ја вакцинирам, само ќе биде Грција секако. Уште 10тина дена убаво да заздравиме од болештини. Си дремеа на лево уво некои до 5 години на децата, па сега најмалите ќе страдаат и ќе треба уште на 12 м да се вакцинираат.
Тоа што сакав да ти кажам, веќе кажаа другите. Среќа, има забрана во градинки и не е по желба на родителите, односно "на нивна одговорност". Надвор од неа, може да правите што сакате.
Нема информации подетално. По мене, една опција е да се појавиле респираторни проблеми пред да избијат морбилите и да го однеле во Козле, друга е да имало претходна историја на респираторни проблеми па закачило и морбило (било во Козле било дома). Трагично во секој случај.
Уште 3 деца се во тешка состојба. И пак не вакцинирајте и филозофирајте колку се морбилите лесна болест. За жал деца ќе страдаат од непромисленост.
Еве јас ги вакцинирав завчера. Син ми има 2г7м а ќерче 1г нели сега наполни. На информативните постери МРП дтои дека се прима на 12м не на 13.
Не би требало да е вака. Очигледно треба многу поригорозни мерки, кога како родители сме крајно неодоговорни. Да се затворат игротеки, да се ограничи движење во затворени простории итн. Нема друго чаре, инаку со оглед на вакциналната покриеност кај децава помали од 5 години, ова ќе трае додека сите не се заразат
Знаеш дека секој ден си викам со кој памет го пратив во градинка незаштитен? Кога се појави варичелата кај нив умрев од грижи. Сега се молам да донесов вистинска одлука. Со волку муабети, стравот ми е влезен во коски и за двете варијанти.
@wannaBeMomma знам дека од 12 месеци може да се прими регуларно, без потребна втора доза подоцна. Затоа и чекав да наполни годинка, ама се разболе. Здравје следна недела ќе се вакцинираме.
Никој не може со сигурност да рече што се случило со детето, ама не може да распнувате родители кои одлучиле од некои причини да не вакцинираат! Дел од нас имаат и дебели причини.
Не кукла. Никој не си дремеше на уво, туку поздрави ги Јаре и компанија, кои шират страв почнувајќи од форумов, па преку сите социјални мрежи и анти-вакцинални организации. Ете и ти уште немаш вакцинирано воопшто колку што знам. Не вперувајте прст во другите, не е убаво така. Точно, но зборувам за моменталната ситуација. Ако некој решил да ризикува, нека го прави тоа каде што е дозволено, а не да ги загрозува и другите деца, на кои како што вика, градинката им е потреба.
леле па вака?! Тие што лежеле во козле, а детево во инкубација @wannaBeMomma има некаква реакција кај дечињата?
Не сум јас. Сум пишала многу пати за тоа. Тие што решиле да не вакцинираат пеки. Тие што вакцинираат ок. Ама па оние што ја квачеле ММР без потреба до полнолетство на детето?! Од страв. И сега наеднаш не им е страв. За мене тие се најкриви за ситуацијава. Буквално!
Нема безгрижно родителство,цел живот ке се грижиме и ќе ги мериме одлуките. А за стравот треба да одговараат тие што шират антивакцинални кампањи по нет и што сеат страв.
За сега нема, докторката рече од 7 до 10ти ден може а и не мора. (Како што и знаеме нели) Рече само повеќе течности деновиве да примаат. Ако се јави осип кој се шири со матичен да се консултирам. Сестрата пред да боцка сама ми покажа рок на самото шишенце, 7.2019
Донекаде да. Но ако за мое дете Јаре повеќе може да ми делува неголи доктор онда срам да ми е мене. Вчера бев сведок на форумов како 17 год девојче и вели на мајка дека детето МОЖЕБИ е алергично на јогурт или прашина па затоа се осипало, не знаејки ја претходно дијагнозата на тоа дете. Ако таа мајка смета тинејџер кој нема допирна точка со медицина или барем било какво искуство со деца -онда мајката е виновна. Не типката која се осеќа спремна да се спореди себеси односно нејзиниот осип со осипот на детето кој беше очигледно дека е реакција на лек.