Епа од страв бе кукла. Оти им се дава преголема слобода на Јаре и таквите како него. И не можеш да ги ставиш тие што не вакцинираат и тие што покасно вакцинирале (од оправдана или неоправдана причина, само тие си знаат) во ист кош. Двојни аршини.
Лили, сакаш да кажеш дека антивакцинални кампањи се безопасни или ако има мајки кои се несигурни,млади,медицински необразовани и потклекнат,тие се виновни? Па тоа е и најголемото оружје на кампањите,внесување страв , параноја и перална на мозок. Не може да се амнестираат од одговорност и влијание кај пошироката маса,особено по социјалните мрежи.
Каков замав имаат земено, воопшто не е за потценување. Не се работи за единка на форум, туку баш организации кои напорно работат и стремат кон целта да не се вакцинира. И најразумен човек, ќе се подразмисли во таква ситуација. @kukla21 инаку те имам читано дека дитепер ја одложуваше долго, до една година, освен ако сте ја ставиле во меѓувреме. Не дај Боже да имаше пандемија на пертусис, истото ќе го збореа за тебе. Мислам дека ми ја сфаќаш поентата.
Не се двојни аршини. Мислата ми беше дека барем се на чисто со себе што и како ќе прават. Оние што вакцинираат и не вакцинирале само ММР од страв, а сега боцкаат ми се необјаснива категорија. И не оние со мали дечиња, туку оние со големи - јадат, зборуваат, очигледно немаат аутизам и сл. Ова е мое размислување. Секој различно ја гледа ситуацијата.
Антивакциналните кампањи се безопасни САМО И САМО ако на луѓето им се достапни апсолутно СИТЕ информации односно ништо не се бута под тепих. Да можат да посетат имунолог, да седнат да направат муабет, да кажат зошто се несигурни во вакцините зошто сама знаеш, дур не ме седнаа мене и јас се сомневав после се што се случи на син ми. Од друга страна. Не треба се што пишува на интернет (без разлика форум или фб) да се земе здраво за готово. Ако јас побарам совет овде значи има некои што знам дека знаат. Ама тоа вчера не беше таков пример. Псоле престој во болница нормално е мајката да го губи тлото под нозете. Да е очајна, да не гледа излез, посебно не во 12 навечер. Зборам за себе највеќе. ЗНам како ми беше вториот пат кога излеговме од болница. ВО тие моменти можеби би можело да ми реагира некое мислење кое реално не било точно. Затоа, околу темава за вакцини, луѓето како Јаре мое мислење е дека треба да се отстранат.
Имено, тоа ми беше поентата. И ти од некаков страв вакцинираш подоцна, а знаеме кога се прима првата доза дитепер.
Ама и да има епидемија не боцкам. Јас сум на чисто со себе. И знам кога ќе боцкам. Не сум иста со оние кои немаа идеја што прават и опа сега одма се вакцинираа.
Ама може и тие биле на чисто со себе Освен ако алудираш на некој конкретно. Муабетот ми е дека секој си има лични и оправдани причини, исто како што имаш и ти за себе.
Во право си и тоа ммогу добро го знам. Но причините за невакцинирање, сеедно колку се дебели, не ја минимализираат опасноста од морбили и можно компликации. Едното не гомисклучува другото, односно добрите причини за невакцинирање не се и услов/причина за да се нема страв и да се гледа на морбилите како на обична детска кашлица.
Што тогаш пишуваш како биле родителите криви што вакцинирале подоцна? Сите постови без поента. Греота бебенцето, сироти родители...
Јас зборам за тие што не се на чисто. Тие на чисто што се ок. Темава за морбили е и пишувам за морбили. И да, сите што вакцинирале покасно и заради нив сега треба децата да се вакцинираат дури и пред вакцинален календар се виновни за ситуацијата. Тоа што се про вакцини не значи дека немаат одговорност.
Ако го најдам линкот, сабајле го читав, доктор имунолог, вика дека морбилите се обична детска болест само и само ако детето има добар имунитет. Истата докторка ќе држи трибина утре кај мене во населба и планирам да одам. Она вика ако детето има добар имунитет, ако е здраво и ако е без пропратни други дијагнози, морбилите се детска болест која гради траен имунитет и нема да остави никакви последици. Внука наша од варичела разви бронхит, па пнеумонија, па воспаление на уши, не од Морбили, од Варичела. Значи се се сведува на тоа дека ако детето е здраво, има добар имунитет, прележе морбили, ќе биде како да прележал најобичен вирус со температура и осип.
Тие што се на чисто дека нема да вакцинираат од неоправдана причина, тие се виновни за епидемијата. Не тие што вакцинирале покасно, па макар и да не биле на чисто.
Смешно е да вперуваш прст кога самата истото го правиш. Проблемот е што децата многу често имаат нешто, бактерија, еден вирус, друг вирус... Па ослабел имунитетот. Ниту едно дете нема постојано силен имунитет. Затоа не се обична детска болест, зашто не знаеш кога ќе фати и како ќе се искомплицира.
Кој е производител на вакцината за морбили и рокот кој им е? Како ќе транспортирате или таму ќе ве вакцинираат? стварно не ми е јасно како оди процедурата? Мислам дека и они на тендер ги бираат. исто на 2 години. У една болница пред 10 тина одини сите од педијатрија деца се заразиле само од одење низ ходникот на мајката со бебето. А главни виновници и крв на рацете за ова имаат Јаре и другар му Центарион и таквите ко него. Они тука убедуваа дека у Романија сите деца што умреа лани од морбили биле у нехигиенски услови чувани.... Замислете, се плашите од намален вирус во вакцината одморбили, а не се плашите од морбилите. Па ако е толчку болно детето и не смее да се вакцинира, замислите што би сториле вистински морбили!?