Јас не знам дете што има совршен имунитет и никогаш нема ништо. Мислењето ти се сведува на руски рулет, ако е сосема здраво лесно ќе помине, ако не е - па да било здраво лесно ќе поминело. Никаде со такво мислење не се стига, ама баш никаде. Најранливи категории се тие што не се совршено здрави. Да им го ставиме на сите здравјето (и животот) на коцка за неколку што имаат супер имунитет да ги прележат морбилите?
Реков јас дека на кантар го ставаат своето дете, со оние на друга страна, имунокомпромитираните дечиња кои не се во можност да примат вакцина или пак постарите ранливи категории. Себичност до коска.
Колку само си во право...Ретко кој ја гледа целосната слика.А,како врв на се прочитав дека морбилите "не биле толку страшни"
Па не се согласувам. За опаѓање на стапката се виновни и едните и другите. Темава е за морбили. На таа тема јас вперувам прст. Кога дтп ќе е проблем, сама ќе си кажам дека сум виновна. Независно дали причините мене ми се оправдани или не. Кон широката маса се неоправдани. Ко и сега со морбиливе. Си купуваш сам. Ко што знам има и на пастер, за мерцк не сум сигурна. Планирам маил да пишам викендов.
Порано можеше кај Софијанова да се стават донесени од Грција во фрижидерче. Сега мислам дека не дозволуваат така. Во Грција купуваш во аптека и одиш да ти ја стават кај доктор.
Точно е дека мал е процентот на смртни случаи од морбили моментално но тоа е само поради вакцината. Точно е и дека е детска болест но.. И да е 1 бебе на 1000 што ќе почине нели е греота тоа 1? Зошто да се става на ризик дете со астма? Зошто да се става на ризик дете со автоимуна? И така животот доволно ги удрил мора ли да сме ние причината за тоа дете да умре? Како ќе ја погледнеш утре мајка му или еве, како да ја погледнам утре мајката на починато бебе ако син ми можел да прими вакцина !? Кога станавме олку бездушни?
Значи ти можеш сега да вакцинираш дете со ммр, не гледам никаков проблем, ем е со возраст таман, ем по календар за имунизација. Биди ти промената која ја сакаш
Во кои места одите грција , треба нешто да се носи или директ во аптека барате , може ли некој убаво да ми објасни тука или лп исто е , да ја имам на ум и грција кога ќе дојде време да се консултирам и за тие вакцини сакам , Фала
А Пастер се подобри од Белгиските? Имаат повеќе сертификати и помалку несакани дејства? Стварно не сум истражувала за нив. и какво фрижидерче имате купено?
Така е. Беше болна мојава до пред 1 недела. Да се опраи и ќе ја вакцинирам. Веќе и се консултирав со доктор дали може заради болеста. Ептен лошо беше. И леукоцитите и беа едвај 3. На матичен ни рекоа може и грип. Ама за 10тина дена би требало да е ок. Не ти треба фрижидерче. Боцкаш таму. Порано носеа, мислам веќе не боцкаат со донесени вакцини. Бар јас не сум чула. Порано на детска боцкаа.
Една членка ми пиша во лп, да не ја тагнувам, дека нејзината докторка рекла дека Пастер се подобри за нијанса. За каква нијанса мислела, не знам. Јас прашав каде што требаше да прашам за Глаксо и добив потврден одговор дека вакцината е одлична. Затоа тука ќе вакцинирам, иако имам искуство со вакцинирање во Грција.
Само и само ако е здраво, со добар имунитет и без пропратни дијагнози...иако и тогаш е руски рулет според мене. Искрено, јас не познавам вакво дете, кое не се бори со вирус/бактериа/, грип, каде не тече нос, не кашла...или пак да е во фаза на опоравување на предходните набројани. Сигурно има, не викам не, ама на форумов, во зимскиов период, не се сеќавам да сум прочитала мајка да пише дека се вистински во топ форма со топ имунитет без ништо од предходно споменатите.