Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Кажав субјективно е. Не тврдам, а не можеш ни ти да тврдиш.

    Другарка ми добива потврда. Не може да ти запише во книшка. Нит рњзбира јазик, нит треба.
     
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    А, баш мислев да пишам како магично ги снемувало моментот дури ме боцкале, ама оде возот...

    Ќе повторам, примарната цел на вакцината е да го натера организмот да се избори со она што е штетно за него, не и да го заштити целосно. Не може. Но, затоа сум била вакцинирана за бсж, хепатит б, тетанус, полио, ротавирус, и што знам уште кои идат таму први, па организмот веќе научил полесно да се изборува со напади на вируси и бактерии.
    Додека, кога си вакцинска табула раса (не знам више како да го наречам за да биде сфатено), полесно удара и со појаки, дури и фатални последици.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    На форумов има еден куп ликови,пример како Јаре,кои се тука да солат памет на млади мајки.Не можам да разберам,а уште повеќе не разбирам што има луѓе кои веруваат во она што го зборува.С немаат од стручност,само за паника кревање се.

    Последниов случај со бебето каде морбилите се фатални,покажува што значи колективен имунитет и јавно здравје(за кое еднаш,во една дискусија овде,една мајка ми кажа дека не и било гајле за општо добро,она најдобро си знаела за своето дете).
    Бебенцето имало белодробно заболување,намален имунитет и потоа се заразило со морбили.За морбилите се повеќе слушам дека не е страшно и да се прележат,детска болест биле.

    Одговорноста ја гледам во преголемава демократија,родителите да имаат избор за вакцинација.Кога веќе најдобро знаат самите што е најдобро за нивните деца,за теориите на заговор и милионите на фармацевтската мафија,тогаш нека ги растат надвор од цивилизација,не во општество во кое секоја единка има одговорност(тука не ги сметам оние кај кои вакцината е контраиндицирана или се одложува од икс причини).
    Контагиозноста на морбилите е огромна,вирусот пребрзо се шири,сега може им е појасно на оние кои се смееја кога се прогласи епидемија со ,,само 14 случаи”.
     
    На Yowannty, Sexybaby86, Chantal и 16 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Рота нема ни сега, не па пред х години.
     
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.340
    Допаѓања:
    183.001
    Пол:
    Женски
    Поголем проблем е едукацијата и недовербата во нашиот здравствен систем. Барем според мене. Но, се сложувам со напишаното.
     
    На Leo_29, Coco31, Alishan30 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.571
    Допаѓања:
    108.784
    Пол:
    Женски
    Апсолутно нема врска со морбили тоа што го кажуваш. Хепатит, бсж, туберкулоза, полио, секој вирус си е засебен.
    Нема потреба од јазик, ова искуство ми е од пред две недела на другарка, на местото кај што нашите пишуваат дата нејзе и напишале плус сериски број, производител и и залепиле лепенка од вакцината на еден лист што е ваљда таа потврда. Ова е во клиниката близу Цимиски.
     
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Само се прашувам ... до тука ли требаше да дојде за да се крене свеста на народот?
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Која свест крената? Осеќам деновиве уште пониско ќе паднат, на пример со изјави дека да не имало воспаление на белите дробови, ништо немало да му биде од морбилите. Се изнервирав упм... Толку без осет да бидеш..
     
    На Sexybaby86, Chantal, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.523
    Допаѓања:
    288.809
    @ph.orhideja каде ги закачило морбилите бебево?
     
  10. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    2.843
    Пол:
    Женски
    Најголем проблем е недовербата во здравствениот систем наш. Нашето министерство за здравство и да сакаше не можеше да си направи поголема антикампања за вакцинацијата.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Не знам.
    Јас ова го слушнав на вести.
    https://telma.com.mk/go-lekuvale-od...lo-od-morbili-shestmesechno-bebe-prva-zhrtva/

    Инаку,Начинот на зараза е како кај повеќето вируси или преку т.н.Флигелови капки,кои се исфралаат преку кашлање,кивање..
    Од секаде може да ги има закачено.
     
    На JuLleE, Alishan30, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ваљда во Козле, има и други случаи од таму пријавени.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Не е задолжителна (бар не кај нас), но е доста честа/потребна кај предвремено родени (и општо покревки) деца поради тоа што се премногу ранливи, а вакцината штити т.е. ублажува (оти рековме ништо не е тотално ефективно) последици од стомачни вируси, повраќања, температури, дехидрирање и проливи, итн., што ко ништо може да убијаат бебе што уште требало да е во стомак.

    Повтори си што е билдање имунолошки систем. Немам намера да вртам ко плоча како имунизацијата преку вакцинирање општо помага, па така и при борбата со морбили.

    Патем, како тоа увек има некои приказни на дедо ми, сестра ти, па комшија кажа како во 73та наместо вакцина, на детето му фрлале маст со црвена сол да падне откај мачканото на земја и после детето да го јаде? Мислим, можам да напишам 200 приказни и про и анти-вакс такви.
    Или кога некој ќе ми извади линк од некој а ла Снежана Велков што зборела на „Будење со Сузе“ на ТВ Сонце, па некое неверифицирано истражување на универзитет со кредибилитет ко нашиов во Св. Николе (ако воопшто и постои)...
    И скоро никогаш линкот го нема.
    Големите корпорациски умови магично го бришат баш откако анти-вакс мамичка ќе го прочита...
    I rest my case. Само нека ви се живи и здрави дечињата.
     
    На Sexybaby86, oblace1, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.340
    Допаѓања:
    183.001
    Пол:
    Женски
    Да, ама тоа не е единствена причина за воопшто да не се вакцинира. Јас и покрај недовербата, вакцинирам, оти истражувам и се информирам. Затоа реков и едукација.
     
    На Peperutce1115, JuLleE, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.523
    Допаѓања:
    288.809
    Сега прочитав дека редовно било на релација скопје-куманово а од 1-5 во козле. Периодот на инкубација на морбили е подолг од 5 дена мислам...10-12 изгледа беше. претпоставувам не го дијагностицирале правилно истиот, дури после осипот увиделе, па затоа таму лежело.
    Има ли можност преку крв да се утврди присуството на истиот?
    Најнормално преку присуство на антитела ли е?
    Се чудам зошто дури после толку денови, макар и да било без осип, на среде епидемија, сигурнл имало сите деуги симптоми, не помислиле дека може има морбили и порано на инфективно да го однеле.
    Штом редовно биле по болниците, ништо чудно да фатило таму:(.
    Се надевам медицинскиот кадар барем се вакцинираа.
    Жалосно и болно.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Да, за жал. Ама поради истата таа недоверба ако детето фати морбили и има потреба од болничко лекување пак ќе оди да лежи во нашите болници и ќе се лекува од наши лекари и со истите лекарства. Нема поради недовербата да си седи дома и со тревки да се справува со компликации.
     
    На Sexybaby86, oblace1, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Како бре да не имало? Како бре луѓе да не имало ништо немало да биде? Шестмесечно бебе, вулнерабилна категорија, најранлива категорија. И да сакале да го вакцинираат не можеле. Проблемот не е во здравството, проблемот не е во медицината. Проблемот е во луѓето. Според мене воопшто не треба да имаат луѓето право на избор дали да вакцинираат или не вакцинираат. Децата МОРА да се вакцинираат (освен оние кои од оправдани причини не можат, во случајот како бебето). Колективниот имунитет е важен, во спротивно сега имаме колективна опасност. Жално.
    Инаку да во право си. Можеби грешка се изразив. Бесна сум и јас. Но сигурно има барем некои поединци на кои му проработила совеста после прочитаната жална вест.
     
    На Sexybaby86, oblace1, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.377
    Допаѓања:
    90.421
    Пол:
    Женски
    Ќе се плетат приказни сега,сценарија куп,без никаков пиетитет за починатото бебе.
    А "Здравје низ игла не влегува и групата кај што е Јаре ,нека повтараат ко папагали ,нема колективен имунитет и дека вакцинираните деца се оштетени.

    За жал прекасно е сега,требаше порано да се стегне со забрани.
    Со нашиот народ само така памет ќе му дојде.

    Е сега градинката ќе биде перманентно забранета за невакцинирани без причина.
     
    На Sexybaby86, Someonespecial, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Во време на инкубација не може да се дијагностицира вирусот само со обичен преглед.Осипот е карактеристичен и по тоа се дава дијагнозата.
    Присуство на антигени и антитела во крв на некој вирус се прават во Институтот за јавно здравје,во лабараторија за вирусологија,а верувам,(ама не сум сигурна) дека прават и во некои од приватниве лабаратории.

    Бебево имало веќе намален имунитет и затоа се разболело и завршува трагично.
    Кога колективниот имунитет е поголем,помала е можноста да се разболат поосетливите категории.
    Нас ни го објаснуваа на следниов начин:
    Замислете дека колективниот имунитет е како чадор и сите сме под него заштитени.Со невакцинирањето се прават дупки на чадорот и страдаат оние кои се најмалку заштитени.
     
    На Sexybaby86, Someonespecial, Alishan30 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.340
    Допаѓања:
    183.001
    Пол:
    Женски
    А колку пати сум наишла тука каде пишуваат дека не веруваат во колективен имунитет. Може со епидемијата ќе поверуваат. Патем, многу добра компарација со чадорот.
     
    На Sexybaby86, Someonespecial, Alishan30 и 8 други им се допаѓа ова.