5000 родители наеднаш се одплашија демек. Кога дојде ред да треба да си ги чуват дома наеднаш примија вакцини само за да оди во градинка... Ќе да не им било страв. Ќе да било алчност.
Уште нешто сакам да споделам. Јас како студент на медицина, бев во контакт со детенце што има морбили. Разговарав со мајка му, која не знам од која причина ми се обраќаше со потсмев и сарказам (во стилот, студент си ти ништо не се разбираш), упорно ме убедуваше дека нормално било да се прележат морбилите, дека не било ништо страшно, имало детенцето само температура 40 неколку денови, конјуктивит и друго ништо. Ќе полежеле недела дена во болница и ќе си оделе дома. Не било ништо страшно. Патем, намерно сакала и бебенцето кое што и било петмесечно да фати морбили за да стекнело природен имунитет. И сега проблемот во докторите ли е? Па мајката немаше потреба од доктор, се си кажа сама што и како требало да биде, како некој експерт да е. Зошто имало потреба да доаѓа на клиника, можело едноставно дома да си полежат (ова е само еден пример, не ги ставам сите во ист кош, да не ме разберите погрешно). Искрена да бидам, воопшто немав намера да се конфротирам со неа и да се докажувам. Јас студирам, учам и се едуцирам за вакцините од книги за специјализанти. Знаат студентите на медицина, колку тешко се положува имунологија. Само ја прашав, со оглед на тоа што беше 1-2 години постара од мене дали е таа вакцинирана? Ми рече да јас сум вакцинирана. И реков толку, тоа ми беше важно. И си излегов надвор. Колку иронично зарем не? Мајката вакцинирана, децата оставени на милост или немилост. Но јас не сум мајка, и сум само студент, што разбирам.
Како што расте антивакцерското движење во Европа, така расте и бројот на заболени од морбили. За две години бројот е зголемен за 15 пати или пораст од 1500%.
Бидејќи си студирала медицина, ме интересира чисто информативно, децата што се над две години, невакцинирани, ако заболат, полесно може да поминат или нема врска тоа?
Искрена да бидам, после првото твое цитирање, најмалку очекував ова прашање да ми го поставиш. Види вака, како еден организам ќе се избори со болеста е индивидуално. Важно е да се спречи болеста, а воедно и компликациите кои што можат да бидат смртоносни. Тоа е целта на вакцинацијата. Бебенцето што починало имало пнеумонија? Па луѓе, пнеумонијата е само една од фаталните компликации на морбилите, дали вие сте свесни за тоа?
Знам за последиците. Ама сепак, може да се јават, а може и да не се јават. Моето дете прима вакцини, сега касниме поради тоа што од август се е болникава, со вируси и слично. Се надевам дека нареднава недела ќе биде ок со кс и со преглед и ќе ја вакцинирам. А нешто ти засмета што ти го поставив тоа прашање?
Боље спречити, него лечити. Воопшто не ми засмета твоето прашање, напротив би ми било мило, ако можам и знам да ти одговорам на прашањето. Нејсе, кажав и претходно. Размислувајте, прашувајте, барајте одговори од стручни лица, за вашите деца се работи.
Сфаќам и за стравот од вакцините и за недовербата во здравството. Ама како што кажа некој претходно, свесно, намерно невакцинирање чисто оти веруваш дека ќе добие аутизам е баш руски рулет. Кога се вакцинира, сметам дека е потребно, освен општата состојба а детето, да се земе во предвид и семејна историја, генетски заболувања во фамилија, како другите членови од семејството реагирале на вакцина итн итн. Ако има било каква причина да не се вакцинира, во ред. Ако нема, тоа е свесно ризикување на здравјето на оние првите кои не смеат да се вакцинираат. Читам морбили биле детска болест. Воспаление на мозок исто ли е детска? Да ги оставиме морбили. Следно да не се чудиме ако туберкулозата се врати, па и за тоа да тврдат одредени дека е обична безопасна болест. И да, ме чуди едно. Во темава и слични секогаш се збори за ммр и дтп како најопасни и несигурни вакцини. А дали постои истото мислење и страв од другите вакцини, тетанус, бсж и полио? А и она со земање лажна потврда е веќе кршење на законот. Едит- @EvAngelos ме интересира дали покрај таа статистика имаш и статистика за појавата на аутизам со оглед на тоа што баш таа вакцина се поврзува со истиот?
Не е тоа само недоверба кон нашиот здравствен систем, тоа во последните години е општа(светска) недоверба кон здравството, лековите, односно конвенционалниот пристап и третман, иако се согласувам дека кај нас недовербата кон здравството е особено нагласена. Родителите доаѓаат на лекар веќе спремни со еден куп информации од интернет без притоа критички да размислат дали тоа што го пребарувале е веродостојно, а потоа го “тестираат” знаењето на лекарите, се противат, немаат доверба, се разбира има исклучоци. Истото и со морбилите, од комшиите разбрале дека лесно се прележувале, дома ќе се лекува детето. По влошување на состојбата БРЗО на клиники и потоа се пишува по портали дека имало смртни случаи или дека се во животна опасност педијатриски пациенти. На вакви вести секогаш се удира по лекарите, не си ја вршеле работата како шо треба! Треба систематска едукација на родителите уште за време на бременоста, кои се позитивни страни, потенцијални ризици.. иако се согласувам има некои што се многу проблематични кон вакви разговори. Луѓето на сфаќаат дека можни се контраиндикации од секоја можна конвенционална и неконвенционална терапија!!!
@Tan4ence туберкулозата не е искоренета, за жал. Нема ни да биде, напротив, поради сиромаштијата допрва ќе се зголемува бројот на заболени. Иначе, ни вакцината не е гаранција дека болеста полесно ќе се прележи. Имајте го тоа на ум, секогаш, за било која болест, не само за морбили. Не сфаќам како се разболуваат возрасни над 25-30 години, со оглед на тоа дека во тој период кога сите бевме деца сите редовно се вакцинираа, и да немаше вакцини, кога ќе добиеја обавезно праќаа покани и колку што знам, никој не ескивираше. Немаше тогаш антиваксерски кампањи. Нели треба да функционира и тука колективниот имунитет? Иначе, за некоја година и варичелата ќе стане болест со смртоносни компликации. Пошто мора нели вакцина да се воведе.
Не знам дали било алчност, ама овие за мене се највиновни. Кај нас не кажуваат што реакцика дава ММР. Еве убаво објаснето. До 3 недели може да даде. Common side effects (affecting up to 1 in 10 people at each dose): six to ten days after vaccination: some children may get a raised temperature, loss of appetite, and a measles-like rash. This can happen when the measles part of the vaccine starts to work, and is normal. Symptoms last 2-3 days. about three weeks after vaccination: around 1 in 50 children may get mumps-like symptoms (slightly raised temperature and swollen glands in the neck, cheek or under the jaw). This can happen when the mumps part of the vaccine starts to work. The rubella vaccine can cause inflammation in joints (arthritis or arthralgia). This is rare in children but can be quite common in adult women who have the MMR vaccine. It usually last about 3 days. http://vk.ovg.ox.ac.uk/mmr-vaccine
А мислиш дека за морбили и другите болести за кои се вакцинираме, симптомите и компликациите се измислени или преувеличени само за да ни „шитнат" вакцина? Од џеб ти земаат директно пари за вакцина?
Знам дека ја има сѐ уште туберкулозата. Ама не заболуваат толку често. Мене зборот ми беше дека ако продолжи антивакцерската кампања, има веројатност да се врати и таа во голем подем како што се сега морбилите. А се знае дека воопшто не е безопасна. Точно и дека вакцината не е 100% гаранција. Ама невакцинирањето е уште помала гаранција за заштита.