Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Немало анти-вакцерски кампањи, ама има невакцинирани-на пример јас.
    Кога сум била бебе уште не била воведена во Македонија, во другите републики на Југославија била. После 2-3 години ја вовеле и кај нас, ама се појавиле некои сомнителни случаи па самите доктори препорачувале да се стопира вакцинацијата и да се почека. За некое време вовеле вакцина која била во ред и почнала редовна имунизација. Оваа потполно иста верзија ми ја кажаа и мајка ми и свекрва ми. Сопругот е вакциниран, имал многу голем оток после вакцината. Јас бев екстремно болежлива и секој вирус во истата секунда се симнуваше на плуќа и мака мачев со тешки пнеумонии цела предшколска возраст. После се опоравив ама вакцината никогаш не ја примив. Детството по тоа го памтам-во болница со инфузијата во рака, инекции кои многу печат, милиони боцкања, мачни инхалации и ладни ходници.
    Ме фаќа многу паника лично за мене најмногу заради делот со подложноста на пнеумонии. Да оздравам и ќе се вакцинирам.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.993
    Пол:
    Женски
    Не доволно, според мене. Не треба воопшто да има возрасни заболени ако гледаме така, дека нели вакцината е ефикасна.

    Да, тие пари се од буџетот, за чие полнење ние плаќаме даноци и плус здравственото осигурување. Да, од џеб плаќам јас и (скоро) сите што живеат тука.
    Не велам дека се преувеличени симптомите, знам дека може да дадат страшни компликации, ама не се крстам во вакцините како семоќни.

    Има случаи на туберкулоза, многу поголем е бројот отколку што мислиш, бидејќи не се објавуваат по медиуми. Се работи за хронична болест која, као се држи под контрола со терапија, ама до кога?

    Нема гаранција за ништо. Како што пишав погоре, не се крстам во вакцините како семоќни.

    @green.eyes, ако не се лажам, генерација сме. За Охрид конкретно зборам, сите не боцкаа редовно и регуларно, барем паметам.
     
    На sofi2107, Alishan30, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.646
    Допаѓања:
    140.757
    Кукла ова сите секаде го кажуваат.
     
    На Dalia93 и Cosmi им се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Annath , да, генерација сме :) Првиот пат кога требало да ја примам сум била болна нормално :^) На возраст од 4-5 години. После во школо знам дека ги примав сите вакцини, освен таа на 14 години, тогаш се оперирав и не можев долг период да примам. После веќе немам примено друга вакцина.
    Ќе правам испитување овде да бидам сигурна дека немам анти-тела, само морам да се опоравам од грипот и вирусите што ме нападнаа во последниве 6 недели.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.340
    Допаѓања:
    183.001
    Пол:
    Женски
    Вакцината не е 100% ефикасна кај секого, во самото упатство тоа го пишува. Тоа е тој мал процент кој не би го ни имал, доколку сите кои можат би се вакцинирале, наместо да беше по желба. Така ќе функционираше колективниот имунитет и немаше ни да знаеме дека кај некои вакцината не штитела 100%.
     
    На Sexybaby86, Lolipop23, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    А ако нема вакцини мислиш дека ќе плаќаш здравство помалку? Истите пари ќе ги даваш, да не мислиш дека дел ќе ти легнат на сметка? Или дека ако сака да украде државата од твоите пари за здравство нема други начини па затоа форсира со вакцини?
    Ако не се крстиш во вакцините, во што тогаш? Која е твојата идеја?
     
    На Nausicaa, Someonespecial, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.993
    Пол:
    Женски
    Не реков дека ќе ме крадат, аман. Не ми требаат парите, налет. Само нека работат како што треба, а не вака фушерски и несериозно. Пошто вината е во министерството, стојам зад тоа. Не презеде НИКАКВИ мерки за да не се шири болеста, освен присилно вакцинирање на невакцинираните. Значи не мрднаа со прст, а прогласија епидемија.
    Иначе се крстам во здравиот начин на живот и јакиот имунитет. Ама за жал, го немаме тоа, оти не' трујат од сите страни. И уште полошо ќе биде. Ќе се појават компликации од болести кои досега лесно се прележувале, обична настинка, стрептококи и слични. Не е далеку тоа време, веќе го живееме.
     
    На Selest, Alishan30, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.377
    Допаѓања:
    90.421
    Пол:
    Женски
    Какво присилно вакцинирање?
    Каде боцкаат присилно?
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Што друго да превземат? Познаваш ти поинаков начин да се спречи заразата? И каков колективен здрав начин на живот и јак природен имунитет ќе спречат одредени болести и зарази? Како замислуваш, дека со правилен начин на живот со ограничени ресурси бај д веј ние за кратко ќе станеме отпорни?
     
    Последна измена: 8 февруари 2019
    На karmenka21, Nausicaa, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Може мој прошуст, ама освен тоа дека на 7-10 дена може да јави реакција, вака разложено ме сум чула што дава реакција и кога. Најмалку дека за 3 недели "второто м" дава реакција.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.993
    Пол:
    Женски
    Со самото тоа што забранија невакцинирани деца во градинките, не' ставија пред свршен чин. Тоа е присилно боцкање, кога немаш избор. А некој со причина не вакцинира.

    Требаше да затворат градинки, игротеки, училишта и молови, клиниките да се стават под карантин од сам старт.

    Не можеме да станеме отпорни, ама полесно би се прележувале болестите. Самата кажа, имаме ограничени ресурси, а освен тоа, лоши услови и лош начин на живот, лоши навики. Тоа треба да се смени, ама тешко.

    Што друго да превземат? Пишав погоре. Да се затворат сите места каде што се шират зарази. Пошто на луѓево памет не им иде, па се бутаат кај треба и кај не треба. Никој паметен не би носел деца по игротеки и молови, особено оти и грип владее. Ама будали се луѓево, пошо крај на светот е ако не однесат дете во игротека или мол.
     
    На Selest, Dalia93, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Прво, основно и најбрзо решение е вакцинирање. Оти дури и се да затворат на одредено време проблемот пак ќе се јави па не може стално да се затвараат институции и да се живее во карантин а да се игнорира вакцинирање оти родителите одлучиле дека не сакаат да вакцинираат. Или редовно по месец дена ќе се затвараат институции и молови и игротеки? Еднаш во годината, двапати, како ќе е?
    Во вакви ситуации вашето лично чувство (на оние што не сакаат да вакцинираат) дека сте нападнати или присилени или неразбрани или дискриминирани, ватевер, небитно е и така треба да биде.
     
    На Yowannty, Lianna Anna, andromedae и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.993
    Пол:
    Женски
    А што ако беше болест за која нема вакцина?
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Ќе си изумревме голем дел. Какво е ова прашање? Да немаше вакцина ќе се молевме некој да измисли што побрзо. Кога има вакцина треба да се молиме да вакцинираме?
     
    На ♡BuBaLe♡, Lianna Anna, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Зошто да се затворат училишта и градинки и за вакцинирани? За сите да бидат во ист кош и да имаат сите родители проблеми, наместо само невакцинираните? (И јас бев меѓу нив, дури сега го вакцинирав инаку ќе чекав дури асолно не прозбори)
    Идејата е токму тоа, да се исфорсира вакцинација. Несмасно како и се друго во државава, да, но ако само се затвореше се, пак после прекинот ќе останеше ситуацијата со колективниот имунитет иста.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    258.405
    Аман запнавте со тоа моловите. Значи влегуваш во продавница, купуваш и излегуваш. Исто како што влегуваш во лифт, во малски маркет, во ЈСП оти сите не може да се воземе во тахи и сопствени автомобили. Се друго е виновно освен невакцинираните деца, чиј број е голем, па затоа и појавата на епидемијата.
    Очекувате да ги затворат моловите, за да не вакцинирате?
    Ана, како медицинско лице ме изненадуваш со ставовите за вакцините.
     
    На Sexybaby86, Lianna Anna, sofi2107 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.340
    Допаѓања:
    183.001
    Пол:
    Женски
    Или одиш во мол и ти бараат картон за имунизација. Замисли на што ќе личи тоа.

    Секаде во светот се истите мерки, ама само нас не ни одговараат овде. Да, имаат пропусти околу "менаџирањето" во епидемијата, ама забраната за невакцинирани деца во градинки не е една од нив.
     
    На Sexybaby86, Lianna Anna, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.377
    Допаѓања:
    90.421
    Пол:
    Женски
    Ама тоа не е присилно боцкање.

    Сегрегацијата односно забраната за невакцинирани беше за нивно добро,да се заштитат.
    Прогласија веднаш епидемија,нели на почетокот муабетот беше премалку случаи се за епидемија.
    Зошто да се затвори училиште?
    Кога покриеноста е добра таму што укажува од кога е модата со невакцинирање.
    Пример,кај поголемата ќерка од 30 деца е неревакцинирано едно девојче.
    Кај помалата од 32 не се ревакцинирани 2 деца.
    Прва доза имаат примено.
    Во градинките во Скопје од 25 деца во група од 3 год г,невакцинирани се 20.
    Државата имаше пропуст што до сега се толерираше па затоа дојдовме до овој драматичен пад.
     
    На Sexybaby86, Lianna Anna, sofi2107 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Има и болести што ни вакцина ни здрава исхрана не ги лечи. Знаеме добро колкава беше паниката со ебола низ цел свет пред неколку години. Бидете мирни што барем засега нема такви болести кај нас наместо да поставувате хипотетички прашања.
     
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Зошто бевте себични и не се вакциниравте сите против грип, туку дозволивте заради вас 2 лица да умрат годинава и уште илјадници да се заболат? Зошто сте себични и така невакцинирани шетате по улици, молови, одите на работа, итн? Зарем тие деца што умреа од грип се помалку важни од ова што почина од морбили? И како ги пуштате децата невакцинирани од грип во градинки, и го уништувате колективниот имунитет и ризикувате бебиња да се заболат?
     
    На Selest, joy1, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.