Сериозно ваква компарација? Затоа што вакцините за грип не се задолжителни. Со вакцина за грип треба да се вакцинира секој што е над 65 години, бремена жена или лица со постоечки здраствен проблем еднаш годишно.
Каква компарација??? Има починати од грип. Двајца!!! Или тоа не е страшно, тоа не се важи? Нели бевте свесни и се грижите за колективното здравје! Ако не беше морбили задолжителна, тогаш во ред ќе беше? Двојни аршини.
Колку бизарно. Грип и морбили. Само тоа смисливте како аргумент во некоја си самоодбрана на сопствените постапки?!
Споредбава е лоша. Има вакцина за грипот, но не е ефикасна толку, а и не е задолжителна бидејќи има многу видови на грип. Може од еден да си вакциниран, од друг да заболиш. Секоја година различни типови на грип циркулираат. За разлика од морбилите од кои навистина може да се заштитме. А не сакаме.
Компарацијата се однесува на вакцините. Како што кажав. Постојат правила кој и зошто треба да се вакцинира против грип. Вакцинацијата против грип не е задолжителна, туку доброволна. За грипот постојат други превентивни мерки. Причината зошто горенаведената популација треба да се вакцинира против грип е поради слабеење на имунитетот. Не можеш да ги споредуваш имунитетот на 25 годишен здрав човек и 70 годишен со срцева болест.
Ако жени, така нека е. Јас го добив одговорот што знаев дека ќе го добијам. Не ми ни требаше друго!!!
Не одговори на делот дека не постои ефикасна вакцина против грип заради многуте различни типови. Утре кога ќе има вакцина против ХИВ, ако ефикасна,и таа ќе треба да се игнорира?
Смешна си со скокањево. Зошто би примила вакцина за грип кога не исполнувам ниту еден критериум за да примам. Згора на тоа рачунај дека во живот сум фатила еднаш пневмонија и еднаш стомачен. Работам со куп болести на ден за кои ни име не им знаеш а не па што се. Ако мене нешто ме фати тоа сигурно и нема да е грип. И ако си бараш причина да се правдаш себеси најди друг начин овој не држи вода.
...мое искуство со вакцина против грип... не дека мајка ми излегува надвор, најчето седи дома, ама врти телефони со комшивките онака бла бла...да за еден ден посака да се вакцинира со вакцина против грип, офф мамо па ти никогаш не креваш температура, а за три дена ти поминува....а не, не, сите примаат вакцина и цела година се здрави...арно ама јас се правев на удрена, ај ма каква вакцина против грип не се сложувам и не ја носам... кога по некој ден лута, не ми зборува...де ма мамо што ти текна немој така.... нема неееема, сите комшии отидоа да се вакцинираат само јас не и почна да плаче шепотејќи - ти мене не ме сакаш! ... ми пукна филмот, ја зедов за рака ја однесов ја вакцинирав со вакцина против грип и ја вратив назад дома јас лута, а она пресреќна...мајка си е мајка, ама ми беше страв само да помислам што ќе следи, па си реков ајјј малку позитивно размислувај,не туку само песимистички! ...офф, следниот ден раката и потече на местото на боцкање, ај си викам моментална реакција...ама кога почна со силни болки на цела рака веќе помислив дека тешки денови ме чека... и така таа година мајка ми се нафрла со херпес, болки чешање ...маки, после све нешто проблеми со желудникот, бубрезите...болки со што не знаев со што да ги смирам, оти не се смируваа, имунитетот паднат никако да се крене чудни работи...мама, го проколна денот кога зборела со комшивките кои ја натерале онака од мирно седење да прими вакцина против грип! следната година се стабилизира и веќе немаше такви проблеми...и кога дојде зима и тоа актуелизирање на вакцините против грип и викам на мајка ми на шала ама цинично...ај, мамо идеме за вакцина....а она уплашено, неееееее бегај таму каква вакцина ...поарно да си имам грип 2,3 дена ќе ми помине ништо нема да ми биде! ...заклучок? тоа што ТРЕБА да се прима како вакцина МОРА да се прима тука нема компромис, ама тоа што не е обавезително како вакцина- не мора, не дирај лава док спава - имунитет, така да и јас сум против земање!
Уште едно детенце починало од морбили.Од Свети Николе 13 месечно.Имало и претходно некакви проблеми не беше наведено што https://republika.mk/vesti/makedonija/trinesetmesechno-dete-od-sveti-nikole-pochina-od-morbili/
Па кога стигнавме до тоа дереџе да за научно поткрепени студии се објаснуваме и кога некој што нема допирна точка со медицина е експерт по медицински науки, а докторот нема врска (пошто нели купена му е дипломата) што друго очекувате? Не сакам да помислам што не очекува во иднина. Наместо да одиме напред, се повеќе се враќаме назад. Обвинувањата стнадард насочени кон неквалитетниот медицински кадар, министерот и здравството.
Пред некој ден бев до џамбо на кратко. Фул со бебиња и деца до 3 год. А ќе речат не ги носеле по молови... Ај децата може имат примено вакцина ама бебињана што уште цврста храна не јадат... И тие случајно да не примиле. Некои со боринче си го бараат. Едит. Без дете бев.
И кога си идам дома, се мијам раце, се пресоблекувам, мијам заби па фаќам дете. Ми е страшно страв. Уште да го однесам у маркет Кај да е ќе почнат по дома да идат да вакцинираат како што одат у шутка.
Земи алкохол стави во вц. Јас дека со болести работам обавезно после миење се поминувам со алкохол и вдишувам.