Следиш сега назад тек на болеста од бебето што починало до првиот што можел да се вакцинира, а не сакал, и му лупи државата тужба за убиство без умисла. П.с. знам дека фантазирам, не мора да се мачите да ми кажувате.
Не, не... треба да одговараат сите у онаа група на ЗДРАВЈЕ ПРЕКУ ИГЛА НЕ ВЛЕГУВА. Ми иде да поднесам одма до ОЈО за администраторот.
Џабе си збориш, не можеш на некои да им докажеш. А што е најтрагично, тие скитаат така и после може да ги заразат оние што внимаваат
Интересното е што некои како оние таквите групи како погоре споменатата секогаш наоѓаат оправдување ама детено други проблеми имало, не починало од морбили само по себе, а не го велат истото кога станува збор за реакции од вакцини. Да, точно дека може друга состојба дополнително да влоши кај некој што се разболел од морбили и мислам бебенцето бил таков случај, ама да нема двојни аршини ако веќе е така
Како народ за истребување сме. И јас почнав да верувам дека не треба да се вакцинира. Текстовите се како од секта и ти го трујат мозокот, колку повеќе читаш толку повеќе веруваш. Да бевме се уште во Мк немаше да го имам вакцинирано со ММР. А што да кажам сега за двата случаи и за џамбото и сити мол полни со бебиња и мали деца. Ја сфаќа ли некој сериозно епидемијата? Ќе ја сфатат ли после смртниве случаи? Ќе ја сфатат ли сериозно вакцинацијата? Верувам дека вакцините се нискобуџетни, но ете може ќе набават поквалитетни.
Мајки у која ситуација сум јас да знаете... таман се сптемив за вакцина, кс не е ок дете кашла корне... одложив за една недела Арно ама викендов хорор.... мајка ми ќе ја изгубев... ја вратив у живот, на кардиологија е и ставија стен. Сега е ок, а јас натака навака... вчера не ми текна за маска, ама денес со маска бев. Доаѓање дома, во вц право и одма се у машина... Глава не знам кај ми е, утре пак ќе правам кс да видам ако е ок одма вакцина. Што да му докажам на јаре сега???? Како е да си ја вратиш мајка си од мртвите?? Па од аутизам ќе се плашам!!! Се плашам од морбили... многууу. Хороров кој го поминувам ни на душман не го посакувам. П.с. малава никаде не ја носам.
Со помин нека е. Сите се плашат од кардиологија но јас за утеха секогаш велам - срцето е најпрост орган. Нека е срце нека не е мозок. Ќе живее мајка ти уште долго не се плаши. Гледај дете да се опорави не го носи никаде, носи маска на клиника и ќе биде се ок.
Не ја сфаќаат, драга. Мене дури ми се смешкаат као себична сум што не сум ја носела ќерка ми на родендени во кафани, игротеки. Абре не се нормални еј.
Ме плаши тоа што лесно и брзо може да се прошири низ цела држава. За викенд сите се враќаат дома од Скопје. Ова нема крај. Многумина не знаат што всушност се морбили.
Зошто веруваш дека се нискобуџетни кога производителот е еден од неколкуте во Европа? Плус нема паралелен увоз на вакцини. Сомнежи во нашето здравство имам многу, особено бидејќи сум во друштво и фамилии на луѓе од медицинските професии, ама конкретно за ова не знам по што ја одреди нискобуџетноста. За остатокот за читањето текстови и стравот се слагам.
Може ликот ја качува цената, не знам. Јас поливалентни од Грција кога замав исти беа си нашите после кога ги донесоа. Битно е да се квалитетни и без многу нус појави, токму затоа апсолутно одбив со бугарската дтп да го вакцинирам
Јас мислам се оболев од страв. Моево е многу мало,периодов ни до пред зграда не го изнрсувам. Сега ќе го носам кај свекрва ми за да исчистат дома и незнам што е подобро во ливт да го пикнам или пеш до 6ти. Многу недоговорно од страна на мајките што ги шетаат по молови. Ами ако фатат бронхит кај ке ги носат ете ни во Козле нее безбедно таму плус може морбили да си закачат.
Знаете зашто животните се пареле порано ова време? За на пролет да родат, кога највеќе има услови. Е и ние така ќе планираме да не ни се роди детето во зима. Како тргнало.
ај не претерувај Моник.Дали лифт или скали?Сериозно?Ами ај да не идеме и леб да купиме,да не одиме ни сметки да плаќаме,да стаиме и прозори под карантин?Па доволно е мт шо иде на раб и дома да донесе било шо од вирус или бактерија...