Јас те сфаќам. Толку се измачи што нормално е страв во коски да ти влезе. Оди со лифт. Нема шанси ако нешто има во лифтот да нема по скали.
Никој не претерува, нормален е стравот, воопшто не е мала работа. Утре ќе носам дете на доктор и ќе чекам надвор. Не влагам кај децана после болницава деновиве, а и овие што следат. Упорно зборат лекарски грешки, плукаат по докторите сеа...
Да бе. Ги читав не се нормални. Некако се мислам дека луѓево не се свесни. Утре не дај боже нив да ин се случи пак друг ќе им е крив. Со дијагноза народ.
Ма ни блиску неќам да припарам ама морам.. мора да ја прегледаат и ради шокот од вчера... ептен не стрефи
Женски кои се првите симптоми, знам висока температура, ама дали температурата нагло се качува на 40 или постепено?
Од цели овие антиваксерски кампањи најмногу ми е жал за бебенцава што се жртви и што настрадаа поради тие родители што беа демек вакцинацијата била личен избор. Не е личен избор вакцинацијата, се работи за колективен имунитет и од се ова најголеми жртви се тие што навистина вакцина не можат да примаат и бебенцата со мал имунитет. Прежално навистина.
И грип има сега, почетните симптоми се исти. Моево со грипот почна полека да качува една ноќ, наредниот ден висока многу и почна да кашла. @Black girl имаше и дома што земаат крв за кс, можеш и така.
Ама сакам истиот ден на вакцина, а тие вакцинираат до два саат мислам и два дена во неделата само и не знам овие за крвна слика кога ќе дојдат.
Во право си. Тие од Авицена којзнае какви боцкале пред тоа и уште ако не носат маски Офф најлошо за време на епидемија за вакцини.