1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Чув дека вакцините чиј увозник бил "Македонија Лек" се сосема во ред, но дека аферата со декларациите им е подметната за на следниов тендер да победи "Пановски". Знаејќи ги состојбите, сосема ми држи вода муабетов.
     
    На sofi2107, oblace1, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    Не да држи вода, би рекла дека ова е вистината. Знаев дека има нешто, а и кутијата со погрешна декларација излезе сосема "случајно" од ваксер. Така да, барем од една страна рокот бил во ред и децава се боцкани со исправни вакцини.
     
    На sofi2107, azelea, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    А чек ти мислиш ако примат ммр одма можат да се вратат во градинка? Па и со примена ммр ке треба месец дена да седат дома, зашто дава реакција и по долг период, го бута имунитетот, треба убаво витаминизирање после ммр, зашто после неа може лесно друго нешто да закачат. Тука е и најголемата грешка, па затоа и завршуваат на клиника со реакција од ммр, а може не е реакција од ммр, туку е некој друг закачен вирус, бактерија кој плус како шок доаѓа на слабиот имунитет од вакцината. А ова мислењево дека тешко ке им падне ако се дома... деца се, ако им најдеш занимација, нема воопшто тешко да им падне.
    Скоро и јас почнав да размислувам дека се што му се случува на моето синче е од вакцината, не сакам така да мислам, сум за вакцинација... и сакам и малата да ја прими ммр... ама без одговор сме цела година, па веќе и тоа ми дојде на памет. Додека не се докаже што е, додека не дојдеме до дијагноза, нема шанса малата да ја прими.
     
    На ♡BuBaLe♡, M&M, TeddyGrey и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Премногу и лесно достапни информации не се на арно дефинитивно, гугл доктори станавме сите...мое мислење е дека не треба да се вакцинираат тие деца што имаат индикација за тоа, дали од претходна вакцина дали ради некоја друга анамнеза или генетски фактор, да не си им во кожа на тие што претрпеле некоја компликација.
    Ама од 60% покриеност дефинитивно не се сите дека не смеат да се вакцинираат, грото нешто прочитале а не дочитале, слушнале некоја приказна, па сега ќе имаме епидемија нормално, а жално е за тие деца што се заразени, за бебињата што не смеат да се вакцинираат и за старите што не се вакцинирани, а ова ќе трае уште 2 3 месеца сигурно.
    А оваа воспитувачкава вакцинирана ли била и како се заразила?
     
    На azelea, JuLleE и An-na им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Не ме учете на вакви работи..јас па мислев одма чим прими вакцина да го носам во градинка.
    Уште истиот ден.
    *иронично бее ова не се палете пак
     
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Ако се исправни зошто ги уништија? За да ги замачка Филипче очите на јавноста ли?
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Никаде во светот не е практика да се седи дома после примена ммр . А и зошто би седеле? Би сакала да ми посочиш научен доказ каде што е наведено дека имунитетот опаѓа после примена ммр. Јас таков податок немам сретнато.
    Се разбира, во случај на епидемии процедурата е друга.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.608
    A што е проблем ако не се потрошат?
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    https://www.rki.de/SharedDocs/FAQ/Impfen/MMR/FAQ-Liste_Mumps_Impfung.html
    Официјалниот институт вели дека првата доза штити кај околу 64-66% а втората кај 83-87%. Не нуди 100% заштита, но вели дека најчесто полесно ќе ја поминеле болеста. Официјален податок за тие што прашуваа дали вакцинирано лице може да заболи.
    A2F5FBB4-6B19-4166-B0F9-E1ADCEDEA0AA.png
    28EF2E56-B80C-4CC6-840A-4D6E2AFDFFFC.png
     
    На TutiFuti, azelea, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    Конкретниот процент е е за рубеолата како дел од ммр вакцина. Ако најдам за морбили точен процент и тој ќњ го ставам.
     
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Научен доказ сигурно нема никој да седне да ти бара зашто на никој не му е работа да ти прај услуга. За во светот не знам јас живеам во Скопје и овде матичната вели најубаво е откако ќе прими да седи дома за да не закачи нешто па да му падне имунитетот дур се бори со антитела на мпр. И логично е.
     
    На M&M, TutiFuti, manako1 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.608
    И нашиот матичен исто кажа, недела пред и по вакцина дома.
     
    На TutiFuti, manako1, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Абе ако сака некој нека носи во градинка мене сеедно ми е. Ама научен доказ к. рци палци ај жити се.. Сеа ќе седнам и дизертација на таа тема ќе спремам само за на член од форум да докажам. Сешто.
     
    На TutiFuti, Black girl, Вереничка и 7 други им се допаѓа ова.
  14. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Со твоето размислување самата се побиваш, зборуваш дека родителите читале а не дочитале, па донеле одлука да не вакцинираат - заклучуваш ете затоа се случи епидемијава. А во градинкиве барем периодов нема не вакцинирани деца, ниту едно. Сега шу праиме?
    Вакцинација или не на сопствените деца, самите си одлучуваме. Одлуката е тешка, но мора да се донесе - лична е, имаш ризик и вака и така. Ама не жртвувам дете за општо добро, тоа сигурно. Откако ќе видиш колку аутистични деца има во околината, колку деца во мое блиско опкружување биле во кома три дена, пена од уста му бришеле од здраво право, колку заостанале во развојот после примена вакцина, и тоа не само после ММР, туку често и од ДТП. Не го кажувам ова како заплашување, ниту закарувачки не ми е тоа целта. Многу е осетлива темата, и мислам дека се случуваат караници по форуми и социјални мрежи од што сме исплашени, едните од страв дека кога ќе вакцинираат да не им се случи некоја нус појава - а сакаат да вакцинираат затоа што на тој начин се чувствуваатпосигурни Други затоа што детето нема да им го примат во градинка, училиште а немаат друга алтернатива за чување донесени до ѕид, и притиснати со муабет општествено неодговорни. Не може вака, нека си ги рекламираат они вакцините како 100% природен ВИВА сок, ама одлуката е на родителот.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.608
    Абе, или му веруваш на матичниот или не.
    Имаат завршено најмалку 10 години медицина.
    Ако за секој совет од него бараш научен доказ, шо одиш на доктор?
    Ти дава пулмикорд и летизен и антибиотик, седнуваш дома читаш несакани дејства, бараш научни факти со докази зошто да даваш на 8 а не на 12 саати... бараш научен доказ зошто да не оди во градинка?

    Или си доктор или одиш на доктор.
     
    На M&M, LollySky, TutiFuti и 9 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    За да не фати нешто меѓувреме, па организмот освен со ммр и со плус нешто друго ке треба да се бори и доаѓа до потешки реакции. Мене така ми објаснија каде што го боцкаа, да не го мешам пред боцкањето за да е сосема здрав и по боцкањето 2 нед најмалку, бидејки дава ммр и до 20дена реакција. Јас го однесов со совршена крвна слика, (меѓувреме не се разболи по вакцината), за по месец да падне хем на 8 и се друго да стане хаос во крвната слика, сидеропенична анемија, крварење во столицата цела година, кое уште трае и неможат да дојдат до дијагноза што е. Или е нешто од самата вакцина или вакцината направила пад на имунитетот и до израз дошло нешто што си го имал, го предизвикала да се појави. Од тогаш до сега е со анемија, со крв уште. Може и ептен случајно се погоди, може и да не ја примеше вакцината ке беше исто, но неможам да знам.
     
    На M&M, TutiFuti, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Маалскиве муабети од маалските дијагностичари задржи си ги за себе, нема потреба да ги пишуваш јавно, да се поигруваш со психата на некоја мајка која се тегни меѓу одлуката дали да вакцинира или не, или чека да вакцинира во прав момент.
    Не можеш да одлучуваш сама за нешто кое го засега целото општество, не можеш на кантар да го ставаш твоето дете со оние кои сакаат а не можат да примат вакцина, имуно компромитираните дечиња или пак старите лица, не може ради твоето дете една мајка да и е страв да го пушти своето дете во иста група со твоето. Епидемија ни се случува во моментов, и пак не ви се разјаснуваат некои работи и пак.
    Преселете се на планина, подалеку од цивилизацијата, па слободно одлучувај за живото значајни одлуки, секако пошто нема да имаш влијание врз колективот.
     
    На CameliaMiller, LollySky, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Да и погледнеш во очи на реалноста, не е поигрување со психата на мајката. Уште помалку маалски муабети, туку лично искуство. Се надевам дека нема да го доживееш на своја кожа, тогаш нема така од ракав да ги тресеш произволно општествените одговорности, и јас плаќам данок на државата, и ти. Не сакани последици има од различни причини: наводно генетската предиспозиција прва ја посочуваат. Колку што знам, не го праќаат детето на МАНУ пред вакцинација. Ама кога реално ќе се соочиш со последиците, потоа стави го општественото пред сопственото дете... м... зборувајмизаопштественаодговорност
    Само реалност за жал, вакцини со поминат рок, не бе рокот ок е, етикетата е, вакцините се супер ВАКЦИНИРАЈ СЕ, сепак ќе ги уништиме... а до каде бевме со одговорноста општествена нали ... постирај слика како вакцинираш ...БЛАМ
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Колку?
    Научно е докажано дека вакцината не предизвикува аутизам.
    Знаете што предизвикува? Еве ви некои нови научни истражувања
    Дури и децата растени во страшно загадена околина може да развијат аутизам, според истражувања спроведени во Кина.
    Знам дека им е тешко на мајките и се трудат да си најдат одговор за тоа што се случува со нивните деца, ама не се за се криви вакцините. Дури ни за пола од тоа што ги обвинуваат.
     
    На CameliaMiller, M&M, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  20. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    @kravce се разбира дека не е сѐ од вакцините. Но ако го однесеш детето на вакцинација, и неколку часа по вакцината детето ти завршува на клиника со пена на уста - е тогаш е до вакцината, барем докторите на клиника се согласија ама ако може да не потпишуваат никаде.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.