Мајка затоа децата без историја и индикации треба да се вакцинираат, за и твоите да бидат заштитени без вакцина. Затоа и збориме колку е неразумно да се шета дете по затворени простории. Не е вакцината единствена заштита, посебно не во епидемија.
Освен Јаре и центурион на темава имаше доста,си знаат кои се,кои пишуваа не штити ништо вакцината,нема колективен имунитет ,дека морбилите се лесна детска болест со примери дека намерно ги носеле како деца да фатат и сл. Точно првите двајца дојдени беа со пропагантни намери,но и си имаа на темава подршка. Две деца имаме починати од морбилите. Директен виновник се тие,а индиректен се и сите оние кои активно учествуваа и ширеа антивакс кампања,групи на фејсбук и нивни претставници по родителски форуми. Жално и Срамота во денешно време ова да ни се случувА поради испрани глави.. Падот на вакцинирани за жал ги зеде своите жртви.
Точно. И често ја користеа фразата дека тие се одговорни за нивното дете. А не сфаќаат дека сите сме одговорни и за другите.
Zdravo Dali maskata protiv zagaduvanje sto e bi mozela da stiti i od virusov? na 26 treba da ideme za skopje vo kozle pa se mislam dali da zemam
Еми така. Сабајле во 7 викни ги и кажи дека е итно. Крвна слика е готова за 15 мин. Само дур ја однесат
Неможе бе мајка што нема никакво медицинско образование да кажува дали нејзиното дете ке се вакцинира или не, то ае неопходно секаде што се лигават незнам.
Кога бев бремена ја читав темата и се замислив за вакцините. Среќа ми помина за брзо. Така да и те како оваа антиваксерска кампања влијаеше на многу мајки. Сега треба да продолжам со испитувања, требаше и биопсија да закажам, ама како да го носам на Клиника. Вакциниран е, ама не ми се оди, треба и анестезија да прими. Од друга страна па морам да ја потврдам или исклучам болеста. Мислам дека и не би ми закажале сега. Бил некој на Клиника, како функционираат?
... според Законот за јавно здравје порастот на заболувања од одредена специфична заразна болест кој по време и место го надминува вообичаениот број на случаи во претходниот период, како и невообичаено зголемување на бројот на заболените со компликации или смртен исход преставува -епидемија! Според член 56 Законот за заштита на населението од заразни болести при ваква вонредна ситуација надлежниот завод е должен јавно да прогласи епидемја и доколку има опасност истата да се прошири и во други подрачја тогаш должно е Министерството за здравство да прогласи епидемија и наложува мерки за справување со вонредната ситуација! ,,... мали сипаници, Сектор за превенција и контрола на заразни болести даде извештај да во период од 02.02.2019 до 08.02.2019 пријавени биле 54 случаи на мали сипаници во Скопје и четири случаи од други градови, во епидемијата во Скопје 201 заболен е класифицирани како мали сипаници по направените епидемиолошки истражувања и лабораториски резултати! ...според вакциналниот статус, 144 или 71,6% од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус,спроведените засилени активности за вакцинација со МРП вакцина, од почетокот на на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица во РМ изнесува 8.434, од кои 5.900 лица се на територијата на град Скопје!
... мислиш алкохол е...медицински 70%? повеќе воден раствор со две капки алкохол (има исклучоци кои внимаваат), другите само дополнуваат со вода да биде полно шишето
Од каде ти е ова? Воопшто не би се согласла. Веке е претеризам со вакви небулози, сега и алкохолот испадна вода.
...а зошто „воопшто“ не би се согласила, претпоставка или толку си сигурна ? јас не реков дека алкохол испадна вода, јас укажувам на лошата навика да се дополнува шишето со разблажениот 70% алкохол со вода, поради немање во моментот на друг „приготвен“ разреден алкохол или поради брзање или поради Х причини...ако имаш некоја поблиска мед.сестра прашај, не зборам напамет нажалост, затоа потенцирав дека има исклучок на совесни, иако ретки !
Мајка ми е медицинско лице и и се јавив да ја прашам баш за ова, вика алкохол бар има у изобилие, никогаш не сме разредувале. А баш работи во лабораторија. Ние синоќа бевме на клиника, на ургентен, никој не носеше маски и ракавици во време на епидемија од грип и морбили, е тоа е веќе проблем гоооооолем!
Леле зошто ширите вакви дезинформации, јас сум мед.сестра и ова никогаш не се случило, а не верувам и дека некаде го растовраат алкохолот со вода бидејќи има доволно, и не смее да се раствора затоа е 100% чист алкохол.
Школи не затворени,градинки исто,игротеки молови полни,мадки ракавици не се носе Ми оде памет дека намерно сакат да се рашират Ама шо добивка од тоа коа пате нефужен народ Оти бе вака неодговорно министерството???
Да де на алкохол да се штеди што е најефтина ставка. Јас викам, да, ништо не чини во здравството, ама дека се штеди на алкохол па...
Да дека здравството е ужас, но стварно е неубаво да се шират толку дезинформации и да се канали уште толку, бар кога се работи за алкохолов.