Јас верувам дека тоа се случило барем еднаш. Зарем нешто чудно е? Само нема потреба да се глобализира и да излезе муабет дека често така прават. Нема контроли. Се е со врски. Нема строгост. Се тера лабаво. Не се замараат. И познатата фраза и мисла'Еј ништо нема да му бидне' Претежно се дискутира со црно и бело ама во животот има и сиво. Има различности. Исклучоци.
На масичка имаше и маски и ракавици и алкохол, ниеден доктор не дојде да земе да стави па да почне со преглед. Па не е баш, алкохолот го имаат бидејќи сами си го прават, ова ми е од мајка ми кажано, а маските и ракавиците ги купуваат. Во аптека една кутија маски е 100ден, една кутија ракавици е 75ден, може не толку, ама пак си коштаат.
@AngelOfArh им преќуте ли? Кога веќе ти беа пред очи, не им рече да дезинфицираат раце и да ги стават?
Далеку од тоа дека медицинскиот персонал е виновен. Ако нема, нема сами да купуваат. (Иако јас би за своја заштита). Е сами го прават од воздух? И за тоа треба да се купат материјали.
Пред 2 месеци жгуљава ракавица немав. Немаше тендер. А јас што фатам се е заразно.. Така да некад не е до нас.
Уште едно 14 месечно починало од Тетово Во моловите под итно да се забрани влез за деца, игротеките да се затворат! Не е само Скопје. Нека се почне пд некаде не е само градинкиве .....!!!!!
А штo дремaт дoктoри и сестри? Зoштo не излегувaaт вo јaвнoст, пo телевизии, секaде дa кaжaт кaквa е сoстoјбaтa. Кaкo мoже дa се дискутирa зa недoстaтoк нa рaкaвици, мaски, aлкoхoл и сличнo? И тие oд влaст се плaшaт? Зoштo? Сo нивнoтo oбрaзoвaние рaбoтa секaде ќе нaјдaт, недoстaтoк oд медицински лицa имa и вo Мк ми се чини и секaде вo светoт. Некa се здружaт и некa прoгoвoрaт јaвнo, некa штрaјкувaaт, штo чекaaт?
Во нашиот град поточно во градинката има 2 случаи на морбили.Не се крена никаква паника и случајно разбрав од друѓите мајки.Нема забрана за невакцинираните деца а незнам што чекаат.На пријателка моја со 6 месечно бебе испратена во козле со бронхопневмонија бебето закачи морбили,лежела во иста соба со бебето кое почина.Сега се на инфективно со подобрување.Се надевам нема да има лош исход од се ова.Се надевам сите ќе си одат дома здрави. Жал ми е за оние кои починаа
3 случаи... о боже мили... ми рече мајка ми ама мислев ми збори за тоа од вчера. Ми вика не доаѓај во посета, помирна сум така. Ќе си седам дома со стегнато срце. Ќе си плачам.
Има и мн.возрасни заразени. Ау страшно!!!! Прво нека проверат титар на сите па вакцинација на терен за мед. персонал!!!!
Само во Мкд го можеме ова ние јаките на збор и паметомудреци сите кој од кој, наместо да се преземат драстични мерки а они лабаво брате отворени игротеки, приватни градинки.. и после третава жртва ако никој не произлезе со став за забрана за затварање на затворени простори значи треба сериозно да почнам да размислувам за отселување од државава. Значи стварно сме дно каде парите се на пиедесталот. Немам зборови.
приватните се затворени за невакцинирани. А јас мислам дека мајките се криви за игротеките. И да ги затворат, тие невоспитаните по дома ќе ги збираат за да се заразат за да си прележат.
Од која година се става вакцината МРП кај нас? Од 83-та? Јас не сум вакцинирана,така мислам,затоа што на 15 год прележав заушки,а сестра ми(родена 83-та година),не.Иако бевме во постојан контакт,она не фати,додека другарките мои намерно доаѓаа да фатат и заболеа(родени 1980 год). Знам дека редовно сум вакцинирана,а дали со распадот на тогашна Југославија,се испуштиле некои дози,не знам,а сега и да сакам да проверам,не знам ни кај да барам свој вакцинален статус. Претпоставувам дека случајот е ист и со медицинскиот персонал роден пред 83-та. До сега никој не обрнувал внимание,зборувам за возрасната популација,затоа што тогаш кога ние сме биле деца немало толку паметни родители како денес кои одбивале вакцинација само затоа што прочитале колку се штетни вакцините,туку се одело на вакцина затоа што така морало и така требало. Во услови кога колективниот имунитет е намален,и возрасните,посебно хроничните болни се исто така ранлива категорија.
Тоа кажувам нема совест кај нас. Од главата си патиме. Ама жалното е што сите се сме у исти кош, да не навлегувам у конфронтација и докажување стварно не можам тоа, ама целта ми е дека навистина е време да се сфати сериозно работата после 3жртви. Во друга држава да сме, буквално се ќе се тргне на страна и ќе се преземат мерки а кај нас, кај нас информативен дневник имаме само со кој знае какви статистички податоци, катастрифа...
Јас зборев со мед. сестра од детска клиника, ми кажа дека се вакцинирале повторно. Може и во нив има персонал што не може да се вакцинира. Не знам што очекувате. Државата убедува да се вакцинира, некои се уште со глава во ѕид. Зборувам за тие што можат. Па уште и сакаат дечињата да си ги заразат намерно, за да прележат нели. Страшно, дечиња што не се ни стигнати на возраст за вакцинација починаа. Од вкупниот број на заболени, 115 се на возраст до 4 години. Невакцинирани... Страшно жално
Може се вакцинирани па сепак фатиле. Единствени сега што се раат се тие што прележале како деца. Јас иако сум вакцинирана пак ми е страв. Маж праќам секаде да пазари.
Како штити вакцината поима неам, кај мене у книшка пишува мрп примена 91ва г и ревакцина мрп 97ма. Заштитена ли сум, т.е вакцинирана?