Не ја знам точната процедура за правење алкохол, ама знам дека сами го прават. Нешто ваљда имаат некаков препарат, материјал, нешто такво, пошто кај мајка ми стрикно имаат една соба и таму држат едно ко буре огромно со нешто, и од таму зимаат алкохол. И да им го носат, далеку е поефтин сигурно од ракавиците, ама никогаш не се пожалиле да немаат ракавици или маски. Аха им преќутев, во вируси и епидемии... Докторот млад беше, одма стави ракавици, вика извинете денес е многу напорно, глава немам кренато. Му кажав дека ние ќе заминеме, ама за нив е тоа. Крена раменици. Моментот со ракавици и маски е многу повеќе од тоа што се гледа, они треба на секој пациент да менуваат, ама или немаат навика или не им даваат редовно и затоа не го прават тоа. Мајка ми боцкаше до скоро без ракавици, маска не можела ја гушело, ама откако нејзина колешка на клиника се зарази со хепатит така сега по два пара и иде да стави. Како изговор дека не може ги миеше рацете со алкохол на секој пациент па коа и испукаа крвишта се опамети.
Си заштитена. Ама не 100%. И утре да се боцнеш не значи дека ќе си 100% заштитена. Но 95% ќе си заштитена. За разлика од невакцинираните. 100% се заштитени само тие што прележале.
Потврдувам дека немаат навика да ставаат ракавици и маски. Пишав претходно, повеќе од пола детство го поминав на клиника. Освен за земање крв, во лабораторија, не се сеќавам некој друг да носел маска или ракавици. Од друга страна, сите прво миеле раце па се дезинфицирале со алкохол. Каква паника ме има фатено за моите таму не можам да опишам
И уште се дремееееееее И уште нена прогласено епидемија на цела територија на РМ Уште колку трњба да умрат за да се сторе нешто Под хитно затворањевшколи градинки Забрани за молови игротеки Нека се ограниче движењето нема да умриме ако месец време не се движиме во затворени простори
Па Козле е детска болница.Затоа е тоа изворот. Таму ги носат и со морбили и со настинка и со мрсулав нос. Ќе отиде некој со морбили таму, ќе отиде размрсулавено невакцинирано дете или родител и ете ти. Доволно е да кивне и да се рашират бактериите во воздухот. Најубаво превентивно би било мајките НАСТИНАТИТЕ деца да не ги носат на доктор за мрсули и глупости, не сега кога има епидемија. Чисто да си ги заштитат децата. Ако веќе не сакаат да ги вакцинираат бар нека не ги носат по доктори каде врие од болести.
Да да Козле, а не оние кои години наназад пропагираа антивакцинална кампања Најодговорни за ширењето на морбилите се антиваксерите! Сега ваљда ќе научиме што значи колективен имунитет и како успеавме да го уништиме. Штета што мораше да има жртви, и тоа дечиња, бебенца ни криви ни должни! Дај Боже да запре на овие три случаи. И дај Боже конечно некој во државата да превземе правни мерки за кривична одговорност на антиваксерите!
На пријателка8.5 месечно бебе, се лечи од пневмонија. Во соба му тупнуваат дете, тоа со морбили дур стигнале резултатите прошол возот. Фатило и тоа Едно лечи ,друго закачи Сега се исплашив ,имаме некои прегледи со малото во систина....Што да се прави
Од морбили не може да настане смрт ? Ахам... Да беше така ќе имав чичко сега. Инаку кај мене на маса има алкохол за дезинфекција секогаш! Сега ставив и маски, иако ми доаѓаат само најблиските. Можда не може да се спречи, ама како превенција е супер. Патем тие молови и мене не ми се драги, не се проветрени од кога се направени. Џабе централна клима. На сите ни е досадно, и мене не ми се седи дома, ама за да се спречи беља мислам може да се воздржи секој. @eli25 и јас идев еднаш неделно кај Душко и коски ми се тресеа. Бебе неполни 40имаше. Фрли една тетра врз релаксатор затскриј колку-толку да не диши околу. Не мисли на лошо.
Леле кога ќе причитам коментари од типот не се проблеми морбили, доктори немаме, здраството не ни функционира како што треба..... косата ми се крева. Не е ова политичка кампања бре. Што треба да направат? Да ги земат и со сила да ги врзат и вакцинираат? Па можеби и тоа најдобро решение ќе биде. Најголемата одговорност е кај предводниците антиваксерските кампањи и самите родители кои ги следат нивните недокажани теории, наместо да слушаат имунолози, инфектолози, педијатри и епидемиолози кои цел живот се занимаваат со тоа. Она што е за замерување за надлежните е тоа дека треба многу поголема едукација за тоа што се вакцини, за нивниот состав и квалитет, па и за овие контагиозни заболувања. Верувам дека постојат и такви кои што ја сфатиле разликата помеѓу малите сипани и овчите сипаници (кои сите ги прележуваме додека сме мали).
Сега бев во Авицена. Цел персонал па и чистачки се со маски и ракавици. Ова инфо доколку некоја треба да оди со дете.
А, како ќе знам и кој ќе ми каже дали било некое дете со морбили од кога отвараат дур затворат? Друг начин за да му направам крвна слика пред вакцина нема. Дома да дојдат неможеле хаос биле деновиве. А, маска да му ставиш на 2г дете неизводливо. Пробано и неуспешно. Денес ќе вакцинирам. Па ако е детево мое толкав баксуз да фати сега од тука тоа е тоа. Сепак знаеме сите како се пренесуваат морбили. Но, малку е нехумано за додатен стрес од некој изјави нели? Ништо лично извини.
Aj be ne se potresuvaj. Malku se preteruva. Pa kako ke mu se napravi ks na dete. Sega I jas sakam da vakciniram, a ako mi nastine megjuvreme moram na lekar.
А зошто ви треба официјална забрана од власта за да знаете дека во период на епидемија треба да го заштитите детето од секакви надворешни влијанија ? Зошто секогаш мора со присила да се издејствува нешто што е од општо добро ?