Да, да сигурно. @mariz нека каже го вакцинираше малиот, а имаа бебе дома. И ние ќе боцкаме утре- задутре, еве ќе ти кажам дали ќе имаме морбили дома од вакцината. Батали, не се замарај.
Ццц алал на другарка ти за муабетов Детето не е заразно и се препорачува (ова во диспанзерот ми рекоа) да седи еден ден дома. Другарка ми вакцинираше петок,понеделник градинка.
@sofi2107 исто ќе ти речам батали! Се тешат дека вирусот доаѓа од вакцинираните. А ова тотално нема врска. Замисли да беше вистина вака, кој хаос ќе владееше. Епидемијата за жал произлезе од ,, сезнајковци,, како другарка ти. Твоето е заштитено.
@sofi2107 навистина не би сакала да те навредам, но другарка ти е права необразована глупача. Твоето дете НЕ Е заразено со вирус на морбили ниту од твоето дете некој ќе закачи морбили. Вакцината која му ја даде денес ќе влијае на имуниот систем на ТВОЕТО дете. И толку. Јас сум сигурна дека другаркати нема појма што се вакцини и зошто се ставаат. Не се нервирај твоето дете е супер здраво а ти си супер родител
@sofi2107 кажи и на другарка ти да не чита мнг нет. Тие таквите како нејзе со прочитани статии ги има многу.Не се замарај . Докторката нас ни рече да си продолжиме со нормален живот.Дека што и да се случи деновиве темп или осип е нормално и да не паничиме . За 24 ч се повлекува . Слушај си доктор и чао пријатно .
Да, малата беше 2ипол 3м и заедно ги носев на вакцина, значи 100% знаеја дека имаме дома бебе. Синко баш примаше ммр, а она првата (5валентна ваљда). Ништо такво не рекоа. Па ако така се пренесува, епидемија во секое време ке имаше...
Мене сосема ми е јасно дека невозможно е да вакцинирано дете од ММР може да заразува! Значи тоа е произлезено од антиваксерите и они читаат ( во случајов другаркава ) и чита недочитува и битно да се лупне нешто! Па при тоа својот став да си го оправда го напаѓа ставот на оној другиот! Таман работа да секое вакцинирано дете од ММР наредни 3недели е заразно! Па ќе не покосеше епидемија уште од кога е воведена ММР. Но, не дека нешто те погодуваат такви недолични и без основа коментари засновани на неедуцираност. Едноставно иритираат да се осеќаш како да грешиш што си вакцинирал и да ти го третираат детето како заразно и опасно за околината! Да, помирна сум за разлика до вчера со ситуацијава откако го боцнаа денес. Помирна во смисла на зборот дека сега нема да се плашам дали да го внесам со мене во Капитол, банка, аптека, маркет или кај и да е. Дете не мрдна од дома, двор и мерење улици 2месеца. Нит по гости нит гости дома ( освен ептен свои и блиски ). Ама ете сега испадна дека чим сум го вакцинирала нема дружба со некој од нивни деца ( кој не се вакцинирани ) за да не ги заразел! Па нема бре лепра моево дете!!! Е тоа е тоа што иритира, а друго не ни допира до мене. Ама кога станува збор за свое дете и вакви небулози е богами од камен да си ќе пукнеш и боли јбг.
И за жал многу веруваат и мислат дека ке фатат така морбили. Исто и на пријателка внуче се вакцинираше, а она има бебе дома.. внучето имаше реакција тт и осип малку, па докторка (општ доктор) рекла дека може да и го зарази бебето и од страв го изолираа детето, додека не помине некое време... Јас тоа прв пат го прочитав на форумов... кога кажав тука дека прими ммр синко, следуваше коментар таков, зар не ви рекоа да го изолирате, може да пренесе морбили на бебето. Инаку не ми е јасно зашто тие антиваксери се плашат дека децата ке им се заразат од морбили? Зашто тогаш не боцкаат? Не веруваат на вакцината, а не ни сакаат детето да им прележи морбили, е како..
Од тие најмногу си патиме за жал ,и сме дојдени до оваа состојба сега ,најстрашно е што луѓево почнаа повеќе да веруваат во фб него ли на докторите .Кога го носев синко да го вакцинирам пред три недели во млин балкан докторката што прегледуваше многу убаво објаснуваше на сите прашања .Кога ја прашав колку време треба да седи дома после вакцината ми рече одма да го пратам во градинка ,ми вика дали се сеќаваш вас кога ве вакцонираа во школо заразни ли бевте сите дали се имаше случено некој да се разболи или да се зарази од вас .Искрено многу сум помирна после вакцинава ,а и уште посреќна што поминавме без никаква реакција .Дај боже сите дечиња да поминат така.
Носат, сите носиме. Од доктор до чистачка, и плус ракавици.и редовно се менуваат и ракавиците и маските.и униформи се перат и дезинфицираме сите.
Сепак сето тоа првенствено е за наша заштита потоа за наредни пациенти.. А ко медицински ЛицА верувам имаме појак имунитет..
Прво носам за самата себе, а второ неможам да прегледам дете по претходен преглед со истите раце, затоа и никакви ми се веќе рацете, по милиони пати измиени и дезинфицирани, од секакви ракавици кои иритираат.но ставаме луѓе, доста со вреѓање дека сме дно.
Алишан, вие сте на некој начин како приватна ординација. Не сте, ама мислам дека ме разбираш шти сакам да кажам. Мајка ми на работа сама си купува маски и си носи средство за дезинфекција. Од ракавици нема потреба, затоа што таква ѝ е работата, да не објаснувам премногу. Ама тоа е на нејзин финансиски товар, не им е обезбедено, а треба. Во институт за јавно здравје, пред некоја година одев неколку пати во 6 месеци, после земањето на крв од вена, сестрата памукот го лепеше со селотејп. Баш ѝ искоментирав, до толку ли е работата за еден фластер што не им набавиле. А ракавиците беа истите за секој пациент, не ги менуваше измеѓу. Таа си е заштитена, ама пациентите? Оставете вие како е по помали ординации, факт е дека знаат да имаат недостаток на медицински материјали.
Жално ако стварно е така,тогаш за 5000 наши пациенти во нашата ординација одговарам и тврдам дека се носат ракавици и маски и многу се внимава. Жално,доколку не е секаде така
Мајки на вечернтите вести најавиаа да се вакцинираат. Моево е 9 месеци треба или ова се вакцини за деца ?
Прочитав и на вести слушнав за оваа вест дека од 6 месеци ќе се вакцинираат бебињата, ајде добро, ама нели пред ММР една недела пред вакцина да прими требаше бебето да проба варена белка од јајце за во случај да не се појави алергиска реакција или грешам? На фб ми искочи случајно и сведоштвото од мајката за бебето ептен жално, ама дефинитивно кучињата на вардариште и по ветеринарните станици се подобро третирани за жал