Да тука се виновни. Оти условите им се еднакви на 0. Се надевам конечно ќе се превземат мерки и ќе се вложи во здравството, а не во коли и споменици.
Малата имаше симптоми по книга, како што ми кажаа, почна со т од 8ми ден по вакцина и траеше точно 3 дена, само не беше баш блага, одеше над 39. Детево ми е склоно да качува висока т така да вајда до децата е, ова што ти го кажале дека се активира некој ген над 41 не сум го чула до сега. Фала богу не беше тогаш над 40. Инаку сега ти чувај си го детето дома само поради него и неговиот имунитет, а не за да не зарази некого. И со лесно да поминете Во целово лудило сум среќна што ја вакцинирав малава пред да почне хаосот, и треба да одам да им се заблагодарам во Јане Сандански што ме убедија дека подобро прво ммр да прими отколку ревакцина дтпр кога отидов, бидејќи беше единствен период да ми е подолго време здрава без настинки, вируси... Е ми остана да виси ревакцинава дтпр ама нека помине гужвава па после. Инаку и за во приватните болници периодов нема гаранција, во период на инкубација којзнае колку деца или возрасни прошле поради други симптоми и таму. Немаат детектори за морбили на врата де
Може ќе ви звучи смешно ама ако некој знае да сподели. Дали ако носам медицинска маска или од оние за загаден воздух може да се заштитам од морбили. Јас сум вакцинирана, ама за детево не е дојден ред, а во наредниов период постои веројатност да сум во контакт со лица кои биле во контакт со заразено лице, па ме фаќа паника случајно и покрај вакцината да не ги закачам и да му ги донесам него? Или некој друг предлог да се заштитам? Или да си отворам боледување?
Знам дека не можам да сум индиректен преносител, ама нели сепак постои опасност да заболам, во кој случај би била преносител.
Не, ако имате примено вакцина и ревакцина нема шанси да заболите. Морбилите се пренесуваат преку директен контакт со заболен, а вирусот може да преживее и до два часа во воздухот во просторија каде бил болниот. Доволно е да не го носите детето на места каде би можело потенцијално да се зарази ( лекар, градинки, игротека, автобус, продавници и сл.)
Здраво на сите, нова сум на форумот. Имам 5 годишен син кој досега од оправдани причини не беше вакциниран само со МРР вакцината. Една од причините е што подоцна почна да зборува, на 2 и пол години, а другата е што на 2 години имаше фербилни конвулзии (грчеви) од висока температура кои за среќа се немаат никогаш повеќе повторено. Сега сакам да го вакцинирам, но многу се плашам да не му се повторат. Дали некој знае што со таквите деца, каква заштита им се обезбедува, има некој слично искуство?
Најдобро да се советуваш со стручно лице. Ако можеш да разговараш со генетичар/имунолог. Посоветувајсе и со вашиот педијатар. Александар Петличковски генетичар/имунолог и професор е на Медицински факултет. Секогаш достапен и спремен за разговор и совет. Отиди до Медицински факултет и најди го. Сметам дека ќе ти ги даде потребните одговори и ќе си раат за било каков и одговор да добиеш на твоите прашања. Сепак сметам дека никоја од форумов не е компетентна и несмее да си земе за право да му каже на некој вакцинирај или не вакцинирај. Поготово каде нечија историја на дете не се знае и кога станува збор за ситуацијата како кај вас што била со детето. Не етички би било да се дава мислење од форумски ликови па и членки кој не се стручни. Ова ти е најдобронамерен совет и сметам дека би го прифатила без замерка и љутење. Можеби некоја членка има слично искуство не викам не, но реалноста е дека не секое дете има ист организам, здраствена состојба и здраствена историја. Не етички би било да се споредуваат деца и врз основа на тоа да се прифаќа совет/мислење кога станува збор за вакцина, антибиотик или што и да е поврзано со здравје на дете. Извини на искреноста. Побарај го Александар Петличковски имам со него прекрасно искуство.
Подоцна не прозборело децата до 3 год прозборуваат. Нормална граница е тоа. Грчевите биле од темп. Не гледам поврзаност со вакцина. Ако се плашиш да не крене темп од неа 50-50 се шансите. Збори со доктор.
@Ano а да провериш титер на морбили кај тебе? Ај сега едно прашање. Факт 1, вирусот се пренесува со директен контакт. Факт 2, до 2ч во затворен простор може да преживее, на некоја површина. Факт 3, вакцинирани сме. Факт 4, детето не е. Е сега. Нели може во затворен простор вирусот да се закачи на мојата облека и јас после 30 мин дома да го однесам? Нели 2ч живее. Јасно ми е дека носител е човечко организам и тоа. Ме буни делот со живеење 2ч на затворено.
Detenceto na drugarkami e so febrilni konvulzii. Se pojVija samo ednas koga deteto imase 11 mesec. Sega go vakcinirale deteto, na 2godini i 1mesec.deteto seuste nezboruva, a prethodno se konsultira na ne kolku doktori, megu koi i detsko nevrolog i site i dadoa zeleno svetlo za vakcina.