1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ако не се докаже дека имало тровање детето од некоја храна внесена последните 24 до 30 часа, големи се шансите да е вакцината. Затоа е најубаво период пред вакцина да си е дома, да јаде дома, да спие дома, да игра дома или ајде евентуално на планина. Едно за да има ненарушен имунитет и друго ЗА НЕ ДАЈ БОЖЕ ако нешто бидне да може да исклучите се друго дека е. Ако ти на доктор му отидеш со дете кое примило мпр ден претходно и сега има пена на уста и во анамнеза влезе -јадел пица у џамбо на 30 степени...нормално дека прво ќе се сомнева во храната.
    Мислам ми ја разбра поентата..
     
    На SexiLy, mal.ecka, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Се разбравме.
    Само ако кажеш дека некој имал лошо искуство и трајна последица, одма си маалска трачаруша на форумов, и си играш со психата на мајките.
    Мене поентата ми е, посебно после вакциналниот ролеркостер во облик на реално шоу од министерството на тема ММР, секој да си има слобода на избор, а не да биде уценет.
    Некој вакцинира, некој не вакцинира, некој вакцинира селективо, кој како си знае и умее ќе го пружи најдоброто за своето дете. Прикажи ги информациите како што се, како Дани погоре што ни постираше како функционираат во Германија, па секој нека си донесе одлука.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Се прашувам зошто луѓето не сакаат да сфатат дека тие вакцини се една огромна манипулација...А да не зборувам за сипанициве...И баба и дедо прележале и без лекари се здрави и живи ете ги по многу години..БОЖЕ ГОСПОДЕ луѓето се овци глупави и дозволуваат медиумите да раководат со нивните животи. А истото важи и за загадувањто. Ама не зборувам повеќе кога секок засебе си знае. Кога сакате стресови ете ви па стресирајте се слободно. Браво. :clap::clap::clap:
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Ако тврдењето не го поткрепиш со факти, тогаш тоа е шпекулација ;)
     
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Од доктор сигурно не барам. На матичната и верувам целосно. Ама од форумски ликови кои постираат непоткрепени мислења, и тоа како барам доказ за мислењето, инаку како што пишав погоре тоа е шпекулација.
    Ете твојата ти рекла да седи дома, јас таква информација не добив.
    Ова зборам за нормални услови, за епидемија е друго. И мене ми рекоа сега кога ја вакцинирав да седи дома минимум 10 дена и испочитував. Ниту се правев гугл експерт па да истражувам или да се контрам со докторите, ниту ништо. Ама форумски лик е нешто сосема друго...
     
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Шпекулација е доктор што рекол о ти сезнајке што сите треба да ти докажат :rofl:е од ова патиме.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Кој доктор? Сакаш да кажеш дека треба тебе да ти верувам што ми збориш тука, а не на докторот што го познавам? Ти можеш што сакаш да кажеш, тоа доказ е?
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Без да навлегувам во дискусија за вакцините, муабетите за времето на "баба и дедо" ич не држат. Да, "баба и дедо" твоите доживеале старост (мојот дедо од грип на 30 години починал, па не е така за сите), ама колку деца од нивните семејства починале од различни причини? Дали во 20тите, 30тите години од минатиот век имало едно семејство каде сите родени деца доживеале младост (за старост да не збориме)? Ве молам не со тој муабет.
    Морбилите иначе најчесто поминуваат без последици (јас на 8 месеци сум ги прележала, еве здрава-права сум), ама пак тие што починале од нив не се тука да раскажуваат. Се смета дека годишно 7-8 МИЛИОНИ деца умирале од нив пред да се развие вакцината.
     
    На M&M, theowndemon, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Не мораш мене да ми веруваш ама баш ич. Јас ти кажав сеедно ми е ти твоето дете кај ќе го носиш.. Ама дека некој ќе седне да ве убедува со научни факти мало морген не сте до толку заслужиле.
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ама ти изнапиша
    И јас го читам ова и си велам за колку ли деца станува збор? Има ли доказ дека од вакцината се сите овие последици? За аутизмот не е, значи од старт грешиш. Не ти е целта заплашување, ама и ти е. Затоа што го читаме и си мислиме леле секое второ дете има вакви последици? И после мајките ќе се повлечат и нема да вакцинираат.
    Глупави сме сите ние што сме вакцинирани и целиот свет што се вакцинирал за да нема вакви епидемии.

    Баба ми е вакцинирана. Не сум сигурна дали сите вакцини ги има примено, и таа самата не знае, ама памти дека ги вакцинирале на времето во село.
     
    На CameliaMiller, M&M, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Па и мене ми е сеедно што пишуваш ти. Сигурно нема да ме премислиш, таман работа. Имам јас кому да верувам и од кого да барам совет и мислење. Работава е што има мајки кои веруваат на се што е напишано на форумов , а тоа е грешка. Заради нив треба да пазите/ме што пишувате/ме.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    @kravce Не кажа никој дека сте глупави, само вакцината е вашиот избор. Не и мој. За аутизмот зборувај со некој дефектолог, логопед кој работи со децата, па ќе имаш што да чуеш.
    Ако не сакаш да ја видиш реалноста, тогаш да, целта ми е да ве заплашам. Пред 30 години, немаше деца со аутизам, сега познавам барем 5 лично.
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Јас не сум антиваксер, ниту ваксер. Не знам зошто воопшто да се категоризирам зошто реално сум и двете. Син ми имаше проблем и со бсг и со дтпр и овде скоро сите ако не сите го знаат тоа. Карева рече можно е да е од дифтерија зашто процентуално таа највеќе прави проблем кај децата. Од тој аспект јас ревакцина дтпр нема да ставам (ете антиваксер момент) ама мпр ако докажеме дека може да прими ќе ставам (ваксер момент). Зошто? Син ми нема 5 год и е страшно осетлив на болести. Мене лично повеќе ме плаши како би се справил со морбили ако не може вакцината да ја издржи зошто реално, се работи за екстремно пониска доза на антитела. Така да, ти не си луда, не си трачаруша. Твоето искуство е такво какво што е. Јас во комшии куќа до куќа имам дете оштетено од вакцина ама не го спомнувам зошто не е мое.
     
    На M&M и azelea им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не постоел аутизмот тогаш или кај нашите доктори пред 30 години имаше само неколку дијагнози? Кај поблаги форми „такво е детето", кај поизразени беше „ментална ретардација". Точно дека сега има повеќе од порано и додека доктори и научници откриваат зошто е тоа така, логопед тебе ти кажал дека е од вакцина.
     
    На Izzy_0504, sunshine96, zuto и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Сигурно поминуваат без последици? Оти јас читав дека може да се јават, така што...
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.142
    Пол:
    Женски
    Ова е голема заблуда,а воедно и главниот аргумент против вакцинирање.
     
    На SummerGirl, zuto, M&M и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    А зошто воопшто да е аргумент кога и пред 30 години се вакцинираше?
     
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Кој да поминува без последици?
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Ти пиша дека морбилите поминуваат без последици, ти си ги прележала и си здрава права. Јас знам дека се јавуваат последици.
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Кај некои се јавуваат кај некои не, зависи. Најчесто од историјата на детето..
     
    На M&M и Black girl им се допаѓа ова.