Колешка на работа во средата дојде на кратко во нашата канцеларија, четвртокот јави морбили имала. Тоа е... Ете јас сум може луда, ама во време на две тешки епидемии, една со друга се косат многу, некои си фраери одлучиле да организираат бебе диско, рејв бебе диско. Дали е тоа нормално? Сакав да им пишам ама си викам со кого ќе се опраиш Ангело. Затоа се шири епидемијата, оти игротеки фрчат, бебе диско вечери и слични идиотштини. Јас од сабајле правам математички равенки како да организирам пазарење за фамилијарен ручек утре. Не не бива!
Вчера во ЈСП еден дечко гори од температура ама си седна пред мене. Друг кашла, корне. Стигнав на работа, измив раце, ама џабе, дишев воздух. Секој ден вака. И кажете ми, проблем е молот или маркетот за пазарење? Денес ќе прошетам дете во населба, низ парк. Во мол не носам, страв ми е од ИСИС мене. Морбили и во лифт ако треба ќе фатам, син ми оди во градинката кај што имаше 8 деца во Лисиче. Лани и двајцата грипот го прележавме. А ете во мол не го носев. Фативме од внука ми бебе. Она од татко и. Значи се може дома да донесеме, затоа помалку паника да се крева. Вака ако не сите во карантин. Освен морбилите, грипот и вируси се сосема нормални и типични за овој период па и до овој скок во температури.
Факт е, неспорно, ама зошто дополнително да се организираат бебе журки, зошто? Ако е така дај пуштете и деца во градинка, што, не е тоа ништо страшно. Значи не му е ни место ни време. Мене пола фамилија ми беше болна од грип ама ние не префативме, сеуште, може сме набилдале имунитет со тие мои чудни сирупи и домашни направии, ама не мора да значи дека треба во мол да го однесам. Искрено јас повеќе се плашам од грипот, во Хрватска за една недела 79 души починаа, еј 79,не е зафрканција, и не не биле сите стари баби и дедовци.
Ангел упорно ги негираш морбилите како не опасни. И грипот знае да искомплицира, ама да бидеме реални, дека морбилите се пострашни. Годишно секое дете барем еднаш прележува грип. Не носи дете во мол, ама доста со тоа дека се најголема опасност за ширење, се знае дека невакцинирањето ја предизвика епидемијата. Реков, во мол немам случка со волку болни околу мене, во ЈСП, лифт по неколку пати на ден.
Грипот е подеднакво опасен како и морбилите. Скраја да е секое дете еднаш годишно да прележуваше грип. Очигледно не знаеш што е тоа, и подобро никогаш да не дознаеш.
Болна беше колешката? Како баш утредента дознала дека има морбили? Нели бар 3-4 дена од симптоми до осип има.
Епа и почнале симптомите тогаш. Јас колегата го видов кога беше настинат. А уствари имал морбили. Прво симптоми на настинка па потоа осип иде
Јас у бус сум со маска, ама колку штити и таа... одиме на работа, на тренинзи, се моме да донес2ме. Еве ги двајцава мои со 39 И фазла се. 3 пати ја прашав докторката да не се морбили, вика не може одма да се знае, треба неколку дена сжвисоја температура па осип... не сме биле никаде. Ако не се вакцинира до роденден, дома сами ќе си правиме тројцата. Секој ден има по 5 нови случаи.
Е затоа се нервирам што секој и на работа оди болен- настинат. Ама па и работниците што да праат ако газдите напнуваат. Државно можеш да земеш боледување. Ма нема никој осет. Мене многу ми е страв, на работа со страв одам и од грип и од морбили, од све живо.
А измеѓу температурата. Значи прво настинка, па неколку дрна висока тт и на крај осип. Температура мачи околу 4/5 дена. Едит: таа ако се осипала другиот ден на работа била со тт,кога се најпренесливи. Пак се враќам на истото, дома се седи настинат, не се оди на работа. Прво заради себе, после и заради другите. Амааа неее, јаки се сите.
Овие демек вакцинирани ама фатиле цела фамилија. Матичната ми вели и јас фатив а моите Дома не фатија...
Баш заради ова прашувам како се дијагностицирала од денес за утре. Да знам. Може има по нешто да се види.
На 10-12 дена по изложувањето ако е префатен вирусот се јавувале симптоми на настинка со температура висока, а од 12-14 ден почнувал осипот. А се пренесуваат 4 дена пред првите симптоми, и 4 дена по излегувањето на осипот. Ова според гугл. Затоа се толку заразни. И веројатно затоа по сите клиники се проширија, зошто со симптоми на грип или настинка ги носат децата во Козле, што е логично, за по 2 дена да излезе осипот. @AngelOfArh ако помина повеќе од 5 дена од ко бевте изложени на грип, најверојатно не сте префатиле. Јас и мм не фативме од малово, мајка ми да. Јас само го изгубив гласот, и кашлам суво, повеќе од стрес по него што се нервирав, ми отече грлото. А не пиев ништо посебно, ниту маж ми за да не префатиме. Дури повеќе од 48 часа ко беше со тт немав в уста ништо ставено, ни една голтка вода. Од организмот зависи сепак.
Копликови пеги...ама не се меѓу првите знаци, тие де после температурата,најава за осипот. Така да, нема никаков знак.
Суво кашлање , солзење на очи, малаксаност, температура па осип. Ми се враќа филмот сега малиот кога имаше морбилен осип исто вака беше...