Е па тогаш уште не ми е јасно како знаела споменатата колешка. Денес на работа, утре со морбили Ова се знаци и за обична настинка, вироза, грип..
Ти викам бе, 100% била со температура на работа,како многу што одат демек ништоне им е, тоа биле последните денови пред осипот. И другиот ден се осипала. Едит: да знацитњ се комплетно исти како за вироза обичен грип.
Па не отишла на доктор пред осипот. Сигурно ако не е доктор нема да знае што и каде да гледа во грлото. Возрасните а и мојот дома не сака да оди на доктор. Сигурно си пие парацетамол и си тера. Се лечат по аптеки место кај доктори и скриваат од симптомите.
Е да. Ама па 3-4 дена на работа со тт да одиш луд треба да си. Јес да имам примери. Не знам што се чудам па и јас
Да. Тоа е зезнатото. Колегата беше крш ко грип да имаше.. Туку се јавил некој деновиве во авицена дали имаат посета дома или уште се кнап?
Кај менем на работа доаѓаат. Да не им се кратат пари со боледувањето. Сите мислат јаки се. Јас уште не можам да фи сфатам . Затоа многу ми е страв. Треба пак да си заминам на боледување
Прават. Колешка правеше за детето во петокот. Идат и кај мене. Па и централна вентилација имаме еден да има сите ќе не покоси.
Претходниот матичен не ми даваше боледување, бев крш со температура, малаксаност, кашлица. За на крај да завршам во болница 10 дена. Броени му биле боледувањата. А и да не заборавиме дека некогаш работодавачите прават големи притисоци кога се земаат дури и боледувања, за слободни денови да не ни зборам. Оттука одат болни на работа. Оттука носат и болни деца во градинка.
На некој му се броени парите. Затоа не оди на боледување. Јас ако не морам, не одам. Само кога имав мастит не отидов оти 40ка качив, ама матичниот ми пиша дека имам друга болест оти за ова не следи боледување. Он ризикуваше казна. Мене да не ми дадат цела плата значи да не платам некоја сметка месецов. Освен за Дете се трудам да не користам.
Малку себично. Да, броени се парите, ама и на друг му се броени. Ете ти можеш со тт да одиш, друг ќе заразиш и кај него ќе се манифестира посериозно о тој ќе мора боледување да земе. Него парите нели му се броени. Јас во мојот оддел дома ги праќам болните. Нема што да ми доаѓа болен на работа. Нит е способен да работи, па и ќе ги разболи другите. Кој ќе работи после?
Исто Ана? Морбили и грип исто, прв пат слушам. Демек никогаш грип немам фатено, јас или син ми. Лани фати. Седум и кусур денови имаше т, кашлаше, го болеа нозе, раце. Типична слика на грип. Исто и јас. Во тој период имаше грип. Одат болни на работа оти не даваат боледување и работодавците и матичните. Болен никој не сака да оди на работа.
Некој зависи од таа плата,можеби е самохран родител итн.Морбилите не траат само еден ден,а и самите знаете дека газдите не се секаде толку добродушни.Јас ве разбирам и вас,но секој не е во можност да оди на боледување.Сигурна сум дека и тие со температура не одат со најголема желба на работа.
Јас кај И да сум работела правило било да идеш и да си сработиш а ако завршиш порано оди си. Вообичаено возрасните се имуни повеќе. Колега кашла 3 месеци а никој друг не го фати, а заразно беше.
@kukla21 кај мене на работа да оди на некој на боледување, ќе се створи општ хаос. Од една страна не можеш да одиш болен, од друга, немаме ние замена. Децата губат часови, родителите се бунат, а директорот не може да најде замена затоа што тоа треба да се плати. А да се плати, треба министерство да одобри. А ние сме јавна установа. Замислете како им е на оние кои работат во конфекција на пример.
Јас имам одено на работа за да не му пренесам на дете. Стомачен кога сум имала. Колешките ми се со коњски имунитет исто како и јас затоа било реткост да сум болна.
Ако организацијата е правилно поставена, ќе функционира (со задоцнување мало) и без еден човек. Другите во тимот треба да може да продолжат каде застанал. Јас така сум ги поставила работите. Дури и комуникацијата им е забрането да е без цц на цел тим. Може нема да читаш се, ама ќе знаеш што се счучувало. Јас дома ги праќам болните. И стојам на тоа дека не им е место на работа. Ако е ептен зорт, сите имаме лап топи и ќе се вклучат од дома. Битно во канцеларија не се.
Ама за канцеларија. Колешка ми 4та недела е на боледување и јас не смеам ни да помислам да земам боледување или одмор. Замислете ми дозволат.. И одма следи муабетот ете државна фирма никој нема мерат улици седат дома а зимат пари..
Така треба да биде. Ама ете, не е секаде. Јас да земам боледување ќе бидат фрки, а да одам болна и да дојде трудова инспекција, ќе биде зошто доаѓам болна на работа. Најди му нзс. А замислете доктор да оди на боледување?