Братучедка ми со 2 примени вакцини ммр е во болница моментално од морбили.. Педијатар е работи со деца нон стоп и префатила.. Уште се шири.Нема застој ова
Како што кажуваат медицинските лица вакцинираните и да се случи да заболат имаат полесна клиничка слика. Кога е вакцинирана братуцедкати?
И јас знам неколку вакцинирани што фатија но некако лесно поминаа. Мора да има доста улога и имунитетот или пак ако имала други хронични болести.
@Cka tocen e podatokot za strumica? Vcera citav intervju na doktorka od tuka izjavi deka seuste nema slucaj .. Ova ne prestanuva da se siri
Тоа ми е ископиран текст од Институт за јавно здравје. http://www.iph.mk/informacija-za-so...rad-skopje-vo-2018-2019-godina-do-15-02-2019/ Јас за вакви податоци не се осмелувам трач да кажам.
Izvini ako nenamerno te navrediv. Znaci tuka ne lazat. Lugeto slobodno si slavat po igroteki vo marketi bebinja kolku sakas . Ne ja sfakame seriozno situacijata za zal.
Никој не ја сфаќа сериозно очигледно. Има доста медицински персонал што е заболен од морбили, со поблаги симптоми поради тоа што се вакцинирани. Ама сепак се заболени. Лошото е што има и такви само со лесни симптоми, дури и без осип, па не се сомневаат дека се морбили, не ни проверуваат.
Епа тоа е де моментот, само во Скопје градинките не примаат, само во Скопје се крева паниката, а фала богу живи луѓе сме, одиме натаму наваму разнесуваме вируси. Еве јас следниот месец морам за Валандово, обврска која не само што не можам да ја одложам туку и не сакам, од кај да знам дека нема да биде некој вирус пренесен? Јас сеуште не носам дете во градинка, ама не носам и во игротека, мол, маркети, си пазариме сами, праиме калкулации, а ако не се среди ситуацијава до роденден и тоа ќе се одложи. Тоа е што е.
Пред некој ден по групиве на фб една мајка испаничи дека сопругот медицинско лице и фатил морбили, а се со мало бебе дома па бараше искуства дали да го вакцинира. По ден ,два, пиша дека дека всушност немал морбили, туку клиничката слика била иста на морбили. Кој е тој вирус што дава потполно иста клиничка слика и осип ко морбили, и како докториве не препознаваат одма. Да напоменам имал тт и се исипал после некој ден, инаку знам дека симптомите без осипот се исти ко грип.
Розеола, петта болест, рубеола... Никој не може одма да ти каже дали се работи за морбили или не, бидејќи првите денови кога ќе се активира вирусот после инкубацијата симптоматологијата личи на настинка или грип, а осипот се јавува после три-четири дена од првите симптоми. Затоа тешко се дијагностицира само со преглед и анамнеза, најсигурно е преку крв.
Кога е најдобро да се направи таа анализа на крв? Дали може уште првите денови од појава на симптомите?
Може да е розеола вирусот. Малата го имаше летоска, три дена изгоре од темп скоро 40, и по три дена се исипа цела, и на дланки и табани дури, страшен осип. Кога и пратив слика на матичната тогаш, ми рече ова се сипаници и од памет се извадив. Ама розеола беше (некои ја нарекуваат петта/шеста болест), за три дена помина осипот. Едитирам, личи на морбили осипот многу, разликата е во тоа што кај сипаниците има испакнатост, а кај розеолата не, рамен е, само флеки се на кожата. Затоа кога ја виде доктор на лице место одма установи дека не се сипаници.
Розеола најверојатно, само што искрено, кај возрасен да се јави е исклучително ретко. Јас викаат и шеста болест. Петта болест е слична. Сите овие се генерално детски болести.
Баш убаво си опишала. Големата на годинка ми прележа Розеола. Почна со температура и омалаксаност, после тоа изби осип по цело тело и ранички и се направија кај ноздрите. Доктор кога ја виде рече дека е розеола. И да, осипот е таков, црвени флеки по кожата се прават, баш како на сликава што ја најдов
Ама вам докторите ви укажале дека е розеола штом виделе, но во овој случај докторите во Гв, одма дале дијагноза морбили штом отишол пациентот во болница, за по ден два крвта да покаже дека не се морбили. Тоа ми беше поентата на постот, зарем до толку се слични па доктор да утне.
Па искрено, не се сите доктори спремни и не сите имаат видено морбилен осип во живо. Затоа. А башка сега владее епидемија, па сите прво на тоа се сомневаат штом се појави било каков осип.
На @LiliBoz малиот имаше дијагноза Морбилен осип, што било различно од морбили. Ја имам читано на форумов, ама не знам точно што како. Можеби тоа било кај човеков Сличен е осипот на розеола и морбили да, ама има разлики што мислам дека доктор би ги увидел. Клучна разлика ми кажа докторката е во испакнатоста, ама што вика @Annath не сите доктори имаат видено морбили. Розеолата, од друга страна, е прилично честа појава, но кај деца, не кај возрасни.