@Цвет88 зошто уште седите во карантин и после вакцинирање? @Cka се вакциниравте вие? Има негде вест во кои градови има случаи, сите да се наведени?
Вчера едно девојченце пред нас чекаше во ходникот на преглед во Козле. Излегува докторот и вика тргнете се во друга ординација, девојчето е со морбили...гореше од температура која со денови не и се симнувала ( мајката, раскажуваше на друго лице по телефон за температурата). Сега коски ми се тресат да не префати и мојата. Вакцинирана е со една доза, пред еден месец. После колку време се појавуваат првите симптоми?
има тука. ама вкупно е за од декември наваму. http://www.iph.mk/informacija-za-so...makedonija-vo-2018-2019-godina-do-01-03-2019/
Зошто не прогласат епидемија на ниво на Македонија и не ги затворат градинките за невакциниран во градовите каде што веќе има доста заразени? Во Куманово има 15 заболени, возрасни и деца на различна годишна возраст. Страшно. Што чекаат да порасне бројката на 55? Со вакво идење по градинки и игротеки ништо чудно за брзо и да стигнат до 55. И што е поента со не извесувањето?
Претходно на почетокот кога прогласија епидемија сите беа "Ех, епидемија прогласуваат со 5 души за да не заплашат", сега станува сериозно па сега друг коментар "Ex, што чекаат да прогласат епидемија на ниво на цела држава". Ништо не чини. На нашиов народ крај не му се наоѓа, се надевам нема уште многу деца да го платат данокот ради антиваксерите.
Кога ќе видам мајки со петмесечни бебиња во игротеки, ми се темни и си велам дали имаат памет воопшто. Мојата е вакцинирана, па не ја носам на такви места сега, а не невакцинирано. Едноставно на некои не им доаѓа памет. Ќе ги челичеле децата.
Уште не. Неделава пак ќе одиме. 2 недели од антибиотик чекаме. Детево од двор нема излезено 2 месеци. У градинка правеле мартинки, сега 8ми март работилница, па оделе у зоолошка... она дома. Сите Пукнавме. И јас поддржувам да не примаат во градинка невакцинирани деца, оти така ќе се спречи пак ваква епидемија. Колку ми е страв дека у автобус ќе закажам некоја болест и ќе однесам дома
Овие бројки се ретки, во Франција и Италија минатата година колку што читав заболеле над 2000 ама во текот на цела година, плус тие имаат популација над 60 милиони. За држава од 2 мил. овие бројки се големи. Џабе сакаш да ставиш проблем под тепих, така морбилите нема да исчезнат. И како замислуваш ти епидемија? Сите во карантин, секоја втора куќа со знаменце на врата што ќе означува болест, сите дома, никој не работи, од странство хепихоптери со медицински лица облечени во скафандер...
А тоа што паничите нешто ќе смени? Ептен сте се фокусирале само на епидемијава. Јас ја шетав и шетам мојата. Дома ќе пукне дете. Избегавам мешање со деца по затворено, ама внучка редовно ја земам за играње. Ај малку олабавете се. Не дека е шала работава, ама па параноја?!
Тoј штo си немa мaкa нoрмaлнo ќе мисли декa другите претерувaaт и пaничaт и ствaрaaт пaрaнoјa. Штo требa зa дa не изгледa нaрoдoт пaрaнoичен? Дa гo игнoрирa прoблемoт? Дa земе кoктел вo рaце и дa дискутирa зa времетo нa Мaлдиви? Темaтa е зa тoa, мoрбили. Акo ситуaцијaтa не се смирувa и секoјдневнo се јaвувaaт нoви примери требa ли дa се игнoрирa зa дa не се нaруши нечиј мир?
Да. Во животов се случуваат и други работи освен епидемијава. Освен да вакцинираш, туѓо гајле не можеш да береш.
Паника има само на форумов и во некои од групиве на фб. Надвор нема. Мене сите ме гледаат чудно што шетам со маска, дочекав и во маалскиов Рамстор кај што пазарам да ми се смеат, а во аптека ме прашаа што сум се замотала ,кога им кажав, искоментираа де бре ние цел ден работиме тука па ништо не ни е, придружено со вртење очи Срам ми е веќе да одам во Рамстор најискрено. А,во Стокомак пред некој ден еден бегаше од мене Јас сум единствена со маска кај и да одам Јас со маска а комшииве лабаво со 4 месечното бебе си пазарат Гледам некои и од јавниве фаци што ги имам на инста ги носат бебињата по кафулиња Инаку јас го шетам син ми до парк, на улица.
Некa се зaтвoри тoгaш темaвa, имaш врски ургирaј кaј мoдерaтoри. Некa се вaкцинирaaт децa и тoa е тoa, немa пoтребa дa се знaе кoлку зaбoлени, кoлку невaкцинирaни, кoлку вo критичнa сoстoјбa. Имaш теми зa бoјaтa нa кaкaтa нa бебетo aмa aј oвaa зa мoрбили дa не се држи aктивнa.
Класика муабет од тебе. Би ме изненадило во друга насока да оди дискусијата. Темава е сосема во ред. Ама не ја отсликува реалната состојба, барем не на тоа кое јас го гледам околу мене. Тука има многу поголема паника, отколку во реален живот. Ама како би знаела ти, нели?
Пa aкo пoчнеш ти и сите други дa гледaте јaснo мoрбили oкoлу себе зa дa ви изгледa нели реaлнo (oти сегa е тaму некaде, некoи зaбoлеле) тoгaш знaчи декa ситуaцијaтa веќе излеглa oд кoнтрoлa. Сегa се дискутирa и мoрa дa се ствoри пaникa дo oдреден степен зa дa се вaкцинирa. Oти уште не вaкцинирaaт, дoктoри им рекле дури не прoзбoри или не е тoлку стрaшнo, oвa гo слушaм oд Мк.
јас бев таа што пред некој месец рече дека за 5 души не би требало да се прогласи епидемија,зашто исто ќе кажам како што и тогаш,и во време кога јас бев дете имаше епидемии па не се прогласуваа толку јавно се преземаа мерки за заштита и немаше смртни случаи,за разлика од сега од 5 души бројот е зголомен х 100 и пак си стои на истото - епидемија и толку никакви санкции. Па човече ако е алармантно прогласи вонредна состојба затвори училишта градинки. Стерилозација на болници карантин и посебен оддел за лица со морбили. Дете за најобична болест оди на клиника фаќа морбили. Не е срамота и греота?
ние после 2 месеци пауза почнавме па за 3 дена одење крена тт матичниот ми рече да не го носам во градинка. Исто позборувавме о за епидемијава за вакцинице рече после вакцина пожелно е 5 до 7 дена да не оди на училиште/градинка зашто организмот ствара антитела и е носител на вирусот.