Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool вакцината дава подоцна реакција, има период на инкубација, тоа што на блогерката детето кренало по неколку дена од примање тт е нормална реакција. Сигурно и повеќе од 5 дена биле, 7 дена е најрано што може да има реакција.
     
    На Mince1988, Pcelka1315, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    ММР вакцина е три во едно. Периодично од секоја од тие три вбризгани вакцини дава реакција. Може и да не даде. Што значи 3недели во градинка и школо не треба да се оди? Нон сенс! Ќе внимаваш тие 21ден во смисол : ќе билдаш имунитет на дете! А не дека у карантин треба да биде!
    Таман работа по 3недели да не идат во градинки и школи. Дефицит од ученици ќе имаат што зборите бре луѓе. Во секоја земја, после вакцина деца идат на настава и тоа е тоа! Нит јас, нит блогерка, нит форумот тоа го измислил! Тоа е медицински поткрепено и со зелено светло од стручни лица.
    Значи, доста читате и недочитувате! Имате специјалисти кој потрошиле години труд и учеле за сето ова. Тие се компетентни за ова нешто. Нит Јаре, нит сестра некоја си од пункт, ни семкарот, нит форум, нит било кој. За све си има податоци медицински доколку некој сака да прочита нешто.
    Компарација ќе направам : дали за гинеколошки проблем совет да се бара од заболекар треба? За проблем со тромбофилија место кај трансфузиолог да идеме и да веруваме на очен лекар?
    Значи секој за нешто учел и секој во својата бранша си е комоетентен за мислење поткрепено со знаење!
    Сестра на пункт? Побогу таа што учела знаете ли? Како може да ми е миродавен совет ид сестра на пункт за вакцина јас навистина неможам да сфатам!
    Тоа е исто кога идам на гинеколог и место од гинекологот да барам мислење и да го практикувам советот од сестрата на пулт!
     
    Последна измена: 4 март 2019
    На ivi1987, CameliaMiller, fana и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.969
    Допаѓања:
    13.700
    Еве јас не памтам да не сум одела три недели во школо :D
    Кој ќе ме оправдал се прашувам.
     
    На fana и sofi2107 им се допаѓа ова.
  4. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Тој некој со свој став и мислење ќе си го задржи за себе или на кафе со комшика муабетот! А, на форум каде читаат мајки кој се недоволно упатени, немаат како и од каде да научат, да дознаат или едноставно има мајки кој се тешки паничарки .... овакви небулози се за секаква осуда!!!
    Не е тема на јогурт, фарба за коса, марка на ципела! Тема е за морбили/вакцини! Неукост и незасновани реченици пишани пркосат со секоја етика и човечност! Доколку се има човечност ќе се земе во обзир дека има овде некој кој е параноичен паничар и додатни тензии се непотребни! Оној кој за некоја тематика нема познавање нит знаење најдобро е воопшто во дискусија да не влага!
    Кога поима неам од некоја тема воопшто нит пишувам нит влагам у муабет! И убаво би било секој да го практикува тоа пред све за себе, а после имајќи на ум што може да направи со своето пишано на некоја мајка!!!

    Сериозно?
    ММР вакцината е едина вакцина која од само вбризгање може да дојде до акутен шок! Реакција да има уште од прв ден! За ова имаш на секој веб сајт за ммр вакцина и на само упатство. Затоа и сите се само од оваа вакцина исплашени.
    Затоа и се препорачува поголема внимателност за разлика од останатите вакцини.
    И не, не го измислив ова јас. Го имате на самата страна за ММР вакцината.
    Едит : кај мојов реакција појави на 19ти ден.
    И според членкиве 21ден требаше со космичко одело да го шетам за да не заразува.
     
    Последна измена од модератор: 5 март 2019
    На ivi1987, M.B., TeddyGrey и 8 други им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 шок ако се јави алергиска реакција или од што?
    Инаку реакција на вирусите се јавува најрано по 7 дена, до 21 максимум.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Точно така како што пиша. Реакција има периодично и може да појавува од секоја од трите вакцини кој се вбризгани.
    Да, алергиска реакција ако се јави.
    https://www.nhs.uk/conditions/vaccinations/mmr-side-effects/
    Ова го имав сочувано на гугле читни. Има и подетални инфа по други сајтови за ММР вакцината.
     
    На NarCis@, Sexybaby86, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Во последниот период многу деца ја примија вакцината.Ме интетесира дали некој има разбрано да се случила некоја несакана последица од можните нус појави? Каков е тој шок што може да настани, нешто како пеницилинскиот шок? Ние денес требаше да ја примиме, но не вратија уште не е оздравен.
     
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    не можам да речам дека не си донекаде во право. Но ако е навистина така тогаш кога дете ќе се однесе на педијатар зашто претежно се бара и второ мислење? Првиот лекар не учел? И ко ќе добиеш две различни мислења? Двајцата учела двајцата знаат а мислења различни? :?:
    да па затоа владеат антивакцинациски кампањи.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Се бара второ мислење од специјалист не од педијатар. Значи ... педијатарот пр. кажува дека бебе нешто не е океј по нејзино мислење со колкчиња, говор и сл. Не идеш кај педијатар на второ мислење туку на специјалист кој е по она на што педијатар воочил проблем.
    Друга работа е што од педијатар до педијатар има голема Огромна разлика.
    Кога станува збор за некоја дојагноза посериозна кажана од педијатар, многу нирмално дека не ти е сеедно и бараш и друго па и трето мислење. Ама бараш од специјалист. Или не ти се допаѓа што антибиотици дава како витамини па си ја мењаш. Но, сепак не може да се спореди тоа со она за кое се водеше дискусијата нели?
    Па имаш педијатри кој немаат меднато од ординацијата подалеку. Тоа што учеле во СФРЈ по тоа тераат и во 2019г . Те убедуваат дека после 12мес мајчиното млеко е вода (facepalm), па да даваш слободно гравче уште од 4-5мес итн.
    Тоа не се педијатри, тоа се некоја чудна бранша медицинари кој не посетиле ниеден семинар, не се надградиле со новитетите, не мрднале подалеку од Мк и сеуште ги користат оние книгичиња каде брашно и вода се мешало па место млеко се давало на новороденчиња.
    На таквите ни за витамин не треба да им се верува, а не за нешто посериозно.
    Да не идеме надвор од темата.
    Убава компарација направив во последниот пост и се надевам поентата се сфати.
    Некомпетентна сестра не е миродавна со делење мислење поврзано за нешто што не учела.
    Ај малку логички да размислиме бива?
    Доколку имаше поткрепен податок заснован на медицински истражувања, а во кој е донесен заклучок т.е е дојдено до тоа дека вакцинирано дете со ММР е подвижен жив вирус .... знаеш што ќе се дешаваше низ светов после тоа научно докажување ? Еве ќе ти одговорам : Во диспанзер ќе беа во заштитни скафандери од глава до пети ( знаеш на кој скафандери мислам верувам ) , па ќе имаше тунели кој видат до некој карантини и деца таму ко сардини ќе ги пикаа и јок излагање до 21ден! Или па децата ќе ги облакаа во заштитни скафандери :D
    Сигурно сте глеале некој од ваквите филмови :lol:
    Ај да бидеме реални и малку да размислуваме логички па ќе видите дека живи вирусчиња на две ноџиња не трчкаат околу вас не се плашете.
    Убава вечер имајте :hug:
     
    На TeddyGrey, fana, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Pcelka1315

    Pcelka1315 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.813
    Пол:
    Женски
    Она што ми беше кажано тука го напишав, не ми е целта да се изјаснувам и докажувам на лице место ниту да идам со тебе @sofi2107 по диспанзери ;)
    Јас имам три деца и брат и сестра помали секако вакцинирани од прва до последна децата ми се постојано со нив, на имунологија др. Хасани тоа ми го кажа истото што и другите тројца доктори што ми го кажаа.
    Кога синчето ми ја прими на 13 месеци ММР ме прашаа дали иде во градинка кажав НЕ и ми рекоа уште подобро сепак има вакцина примено и не го мешај во наредните 14 дена со други деца бидејќи има потреба организмот да му створи антитела и да не е пренесе вирус на некое детенце што ќе седи или игра со него и да следам дали ќе качи температура и препорака што да му дадам ако во случај качи температура.
    За среќа се супер пројде.

    Не знам зошто мора секогаш да напаѓате некој кој ќе го пренесе своето мислење или едноставно напише нешто што вас не ви одговара и не е по ваше па мора да напаѓате.
    Да не во случај сум помалку мајка што се во глава ми е збркано од муабети од колку веќе не доктори и мислења?
    Секако децата не ми се во карантин скраја да е :) туку едноставно не ги шетам по молови, игротеки и гужви, како и секоја мајка се плашам за своето дете и немам намера да расправам на таа тема оти како што веќе прочитав освен вие тука што коментирате друг не смее да се умеша и да сподели нешто од што се плаши или некаква информација да сподели.
    Поздрав до сите и секое добро ...
     
    На marchi-cool, karibian и anastasijaki им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.280
    Допаѓања:
    35.337
    Пол:
    Женски

    Таков шок може да се јави и од другите вакцини. Зборуваш да не с еплашат луѓе а сега ти ги исплаши поштено.

    Еве за шестовалентната која прва ја примаат ан два месеци истото го вика:
    https://www.nhs.uk/conditions/vaccinations/6-in-1-vaccine-side-effects/

    Значи ако е детето алергично на било која компонента во било која вакцина тој шок се јавува многу брзо по примање на истата.

    Да како пеницилински шок. Ама не е само на таа вакцина. Не се плашете без потреба од нешто што многу ретко се јавува. Таков шок може да се јави кај луѓе и од јаткастки плодови, од јагоди, од убови од инсекти и што ли уште не. Не е само од вакцини. Само што никој од нас не знае на што е алергичен додека не се појави некоја алергија.
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Точно така. И на самиот линк си пишува колку ретки се тие нус појави. Реалноста е таа како што ја пиша. Таков алергиски шок може да се јави и од сируп за искашлување на природна база ( еве го имам дома за детево, си пишува во упатството какви се нус појави може да има ). Баш како што пиша ... и од намирница може да се деси.
    Немав намера никого да исплашам. Таман работа, па и детево нагласив дека ја прими вакцината.
    Сосема друг беше контексот на муабетот.
    Се надевам секој е запознаен со алергиски реакции дека може да се појават буквално од многу производи, намирници итн.
    Нема што да се плаши некој од нус појава од некоја вакцина зашто на инста, фб или форум прочитал нешто. Затоа и напоменав да си се консултира секој со стручно лице кое е компетентно за одговор на било кое прашање. Вакцината е каде каде побезбедна за разлика од болеста да се фати невакциниран.
    Се извинувам доколку погрешно беше сфатен муабетот со поствакциналниот шок.
     
    На Nausicaa, Pcelka1315, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.697
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    Ако тазе вакцинирано дете со мрп вакцина може да ги зарази другите, прв кој ќе се разболи од морбили е самото дете. А тоа не се случува. Вирусот е жив, тоа е точно, ама не е активиран, не може да предизвика болест, туку само го поттикнува имунитетот да ствара антитела. Според докторот испаѓа дека вакцината предизвикува болест. Малце е нелогично нели?
     
    На fana, tamche995, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.665
    Допаѓања:
    140.953
    За 2 месеци има 10 000 вакцинирани, на ниедно нему се случи ништо, освен едно за кое Алисаааа пишуваше. колку имаа морбили и колку умреа?

    Практично сфативме зошто не треба да се зафркавеме со вакцините и да случаме искуства од луѓе, наместо од доктори.
     
    На ivi1987, oblace1, pianogirl и 15 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.280
    Допаѓања:
    35.337
    Пол:
    Женски
    Јас само изреагирав на тоа дека си пишала дека ММР е единствена вакцина која може да даде анафилактички шок. Објаснив дека тоа не е точно. Чисто ако пишуваме да пишуваме само точни работи.
     
    На slobodka, sofi2107 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.355
    Допаѓања:
    183.125
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми ја вакциниравме, скоро 3 недели се поминати оттогаш. Дома имаме и 7 месечно бебе. Погодете што? Не фати морбили од сестра ѝ. И не е доена ни ден, така да ги нема антителата од мене. Се гушкаа, се бацуваа, сѐ најнормално како и претходно. За срамота вакви дезинформации да ширите. Ако навистина така ви кажал доктор, да си најдете нов.
     
    На ivi1987, oblace1, CameliaMiller и 23 други им се допаѓа ова.
  17. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.308
    Пол:
    Женски
    Јас денеска го боцнав малиот.
    Го прашав и нашиот педијатар, и докторката од диспанзер.
    Викаат тоа се дезинформации... Се препорачува дома да седи од што ќе му падне имунитетот и може да закачи нешто друго, а дека он ќе зарази др дете е глупост и нема логика...
     
    На ivi1987, CameliaMiller, Alishan30 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Антителaта за морбили се пренесуваат од мајка на бебе и за време на бременост преку плацента...
     
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.355
    Допаѓања:
    183.125
    Пол:
    Женски
    Небитно. Поентата е дека не се зарази од сестра ѝ која е вакцинирана. Инаку се заразуваат и бебиња помали од 6 месеци, како што е случајот со 1,5 месечното бебе. Така што, отпаѓа тоа дека вакцинираните шират болести.
     
    На ivi1987, CameliaMiller, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Заклучокот дека твоето бебе не добило антитела од тебе (доколу си вакцинирана или имаш прележано пред да биде зачното) е сосема погрешен и натаму целиот аргумент е логички неиздржан. Не зборувам за вистинитоста на твојот заклучок, но реагираш за ширење на дезинформации со "срамота" а кога ти е укажано дека ти имаш грешка во фактите реагираш со "небитно"..
     
    На ALISA0000 и marchi-cool им се допаѓа ова.