Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сега во диспанзер ми рекоа, само додека е епидемија ќе боцкаат од 9мес.
    Од 6м не ставаат.
    Ако заврши епидемијата нема да боцкаат под 12м.
    Ако се прими под 12м, се боцка пак после на 18месечна возраст. Па на 7 години. 3 дози.
    Имале случаи што боцкале на 9м, немале децата реакции.
    Секако ќе почекам до 9м, ќе видам како ќе се одвива епидемијава, ако дое јајце на газот да морам - ќе боцкам.
     
    На DAngel, duffi, Цвет88 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.667
    Допаѓања:
    140.968
    Screenshot_20190319-074936_Chrome.jpg

    63 за една недела. Ова абер нема да запре.
     
  3. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    и тоа во другите градови се шири :( не сум видела да видам барем во Скопје одделно дали се намалува? ќе се стопли сега ќе вакцинираат повеќе па белки ќе се стиши
     
  4. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    И во други градови има. Не се само овие. И алармантно е веќе. Требаше уште построги мерки. А не да се буни народот што прогласија епидемија.И на свеста да се работи треба. Тоа мајки блогерки, форуми и слично не треба да се земаат во предвид кога се работи за Вашето дете. Мене ме интересира дали овие што се вакцинирани заболени, кога ја примиле вакцината. Дали на време или кога веќе дознале дека може да заболат.
     
    На Јаневски и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.418
    Допаѓања:
    22.668
    Пол:
    Женски
    Братучед на мм има сипаници, наводно морбили. Сеа да се расшрашам дали е со сигурноат тоа.
    Ние не сме биле у контакт. Ама стариве биле и со неговите деца.
    Се напнав малце, ваљда ќе е ок. Среќа што ја вакцинирав.
    3 месеци епидемија и си трае и трае не се намалува у пм.
     
    На Coco31, KidA, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Постариве обично се прележани. Прашај ги за секој случај, но мислам нема ништо.И јас за се се потресувам. Страв ми е, малово е само со една доза и нигде не го носам. Каква грда зима.Вакцинирани ми се децата но имам бебе три месеца. А и во мојов град кажаа случаи. А и варичела има многу оваа год.
     
    На Sexybaby86 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.418
    Допаѓања:
    22.668
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми вика подолго време не се виделе. А и теткава и тетинов на мм се со операции скоро, тетинов пред 2 недели. Теткава со рак се бори..
    Ете ги сите се дома и он и жена и деца.. среќа им ставија и они вакцини.
     
  8. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Неколку постови наназад има пишувано како заболуваат вакцинираните (по однос на активирани и неактивирани антитела)...Прочачкајте наназад
     
    На Dr.Zzz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    И да е така треба со лесна клиничка слика да се, така? Или нема правила и за тоа?

    Јас читав дека е најголем проблем што станува вирулентен вирусот ко ќе се шири толку брзо, поотпорен и со поголеми последици од тоа да има помалку заболени.
     
    На marchi-cool и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    и јас знам дека вакцинираните можат да заболат но со полесна клиничка слика. Нели за тоа и служат вакцинираните. Е сега не знам колку се точни информацииве ама слушам побрзо заболуваат возрасни луѓе и деца под 12 месеци. Многумина се потпираат на тоа дека децата им се вакцинирани ( на 12-13 месеци) а децата им имаат од 3 до 6 години
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.667
    Допаѓања:
    140.968
    Епа се шири, кога не се направи забрана за децата секаде да се носат. Па и матичните, можеа еден влез башка да отворат за сите сомнителни случаи, а не дапомине болно дете, па после да бркаат, излезете надвор, морбили имаше. Ама си игравме ние учекална, ај ништо.

    Дали во другите градови кај што има епидемија забранија одење на невакцинирани у градинка?
    Дали почнаа да принаат пак некацинирани у градинка?
    Како 1 случај за нова година беше опасен, а сега по 70 неделно не се опасни?
    Само зборови, ќе ги гонеле анти ваксерите, онаа Грдан ќе ја гонеле, немало да има задравствено осигурување за децата кои не се вакцинирани... и што од тоа преземаа?
     
    На Abeja, DAngel, KidA и 4 други им се допаѓа ова.
  12. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    За една градинка во Куманово знам дека не прима невакцинирани. Ги има повеќе дали во сите е исто не знам.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.280
    Допаѓања:
    35.337
    Пол:
    Женски
    Во државните градинки во Скопје не примаат невакцинирани деца. Сеуште си стои соопштението дека невакцинирани нема да примаат. А приватните не знам. Знам дека една приватна градинка има однесено деца од 4-5 години сами без родители на планина. Во ек на епидемија.
    Антиваксерите не можат да ги гонат додека не го сменат законот, а тоа нема да биде скоро заради изборите и многу други причини. Исто и за децата. Сега засега освен интервентни мерки не може друго да превземат.
     
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.697
    Допаѓања:
    40.037
    Пол:
    Женски
    Во кои градови има морбили?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    5.675
    Пол:
    Женски
    Во помалите места само опоменуват да се вакцинира најбрзо што може и тоа го зборат упорно , ама нема забрана и невакцинирани си одат во градинка .Заборавив да напоменам нема епидемии , ама ипак немора да има епидемии за да се ограничат некои раб за заштита .
     
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    37.776
    Пол:
    Женски
    Во помалите места ем што опоменуваат само, пуштаат и невакцинирани деца, па и родителите или воопшто не се информирани, или не сакаат да се информираат, или не знам....
    Еве во мојов град, до сега немам разбрано за морбили, но читам, се информирам каде има најмногу, во кои градови, ограничени сме со одење по гости или за потреба во Скопје или друг град.
    Ама еве доста родители викенди користат за шетање во молови, одење по гости и сл.
    Не знам, луѓево или се неинформирани или со сила сакаат да си прават белја.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.667
    Допаѓања:
    140.968
    Мислам дека не се свесни. Може и не знаат дека во нивниот град има оти медоумите ќутат, и верувам дека ако знаат, ќе си ги чуваат дома.
    Зарем има мајка што ако знае декаима епидемија ќе однесе дете у градикна? Само не знаат.

    Еве од страната на институтот:

    Во периодот од 09.03-15.03.2019, пријавени се вкупно 63 случаи на мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска).

    Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 29 случаи се од Скопје, при што 79,3% од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус.

    Останатите 34 заболени се од 8 други градови во Македонија и тоа:

    • од Куманово и од Тетово пријавени се по 11 случаи, 72,7% од нив се невакцинирани;
    • од Велес – 4 пријавени случаи – 2 вакцинирани, 2 невакцинирани;
    • од Струга – 3 случаи, сите невакцинирани;
    • од Гевгелија 2 случаи – еден со непознат статус и еден непотполно вакциниран;
    • по еден нов случај од Виница (невакциниран), од Гостивар (непознат вакцинален статус) и од Кратово (невакцинирано, неподлежачко).


    Вкупно, од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 заклучно со 15.03.2019, во Република Македонија се регистрирани 555 случаи на мали сипаници, од нив 439 се епидемиолошки поврзани и пријавени во епидемијата во Скопје.

    Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 18 градови од Македонија, од нив 394 случаи од Скопје, 50 се од Тетово, 36 од Куманово, 18 од Гевгелија, по 10 случаи има во Струга и Велес, 9 од Дебар, 7 од Гостивар, 5 од Кичево, 4 од Кочани, a во останатите 8 градови се регистрираат спорадични случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Скопје (63,8/100.000) и Гевгелија (52,3/100.000).

    Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во четири здравствени региони (Скопје, Тетово, Куманово и Гевгелија).
     
    На supergirlmb, LaDyDoLl и forumce им се допаѓа ова.
  18. Pcelka1315

    Pcelka1315 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.813
    Пол:
    Женски
    Верувај дека има и такви мајки бидејќи лично познавам и такви :)
     
  19. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    37.776
    Пол:
    Женски
    @Cka се согласувам, и покрај тоа што можеби сите имаме пристап до интернет, не значи дека сите читаат форум, статистики, научни трудови, се информираат и сл. Жално е, но сеуште постојат луѓе, млади родители, за кои единствена вистина и верност им е она што ќе каже Сител или Канал 5.
    Пропуст голем од страна на министерството за здравство што не доставуваат секојдневни и се разбира точни информации.
     
    На KidA, supergirlmb, kikin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.898
    Каква врска има епидемијата со носење деца на планина? :^)
     
    На slobodka, NarCis@, kikin и 2 други им се допаѓа ова.