Истово ќе го прашував. Мислам за колорес зборува бидејќи кај нив видов дека носеле дечиња. Баш ме бендиса. Инаку колорес не прима без ммр.
Во струмица сеуште нема пријавено случај и не примаат невакцинирани во државните градинки. Ама затоа пак се слават родендени во игротеки и деца од 3 м седат по кафичи...
Одговорив на прашање на конкретна членка. Таа праша дали во другите градови има прогласено епидемија, дали има мерки за немешање деца со други на јавни места и слично. Децата од градинката се на место каде што дефинитивно ќе се смешаат со луѓе од други градови, места и слично. Ако е поентата да не ги мешаме децата многу со места каде што може да се заразат со морбили, не би требало да има екскурзии во затворени простори барем додека трае епидемијата.
Прво, ако градинката прима само вакцинирани - значи дека децата кои оделе на екскурзија биле вакцинирани. Второ- од кога планината е затворен простор? Нема начин ова да се спречи, веќе е со многу заземен зафат. Ќе прекине кога ќе искружи насекаде, ќе ги помине сите и еден ден ќе прекине откако сите ќе прележат.
Син ми го пуштив на еднодневната екскурзија до Шапка Имаше понуда и на тридневна за Маврово (гледам од Колорес Аеродром биле поголемите), од кај мали немаше пријавени од групата. Цело време дента беа надвор на снег и сонце и фантастично си поминаа
во кичево епидемијата се појави на детско одделение а сите 5 заболени се возрасни - медицински лица. Детско одд не прима никакви случаи освен најитните каде се сместени во една соба под карантин.
Хотел не планина. Едноневна екскурзија е една работа, спиење во хотел е друга. Не сум до толку чукната во мозокот без гајле.
Стварно е лошо што се молчи за другиве градови. Како да знаат луѓето? Ама сега избори се ближат што се битни децата од провинции. Срамота!
Веруваш дека знаат да ја отворат страната( или дека воопшто постои) за јавно здравје? Најбитно е да се спуштат апликациите фејсбук и инста и да се прашува по женски групи, да се споделува семе синапово, и игри на среќа.
Знаеме да користиме и едно и друго. Јас знам дека постои,но има луѓе што не знаат. А има и мајки кои немаат интернет, кои немаат ни време да седат цел ден по форуми. Има луѓе.кои немаат ни телевизор. А може да се каже и на тв како што се кажуваше за Скопје. Не се паметни само мајките по форуми.
А може и да се залепи едно соопштение на ливче пред градинката нели? ИМА ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ; НЕВАКЦИНИРАНИ ДЕЦА НЕ ПРИМАМЕ. крај. Нема некој да биде неинформиран.
Во нашата градинка има залепено такво лифче. До него уште едно, кое вели дека нема да се примаат деца кои се болни и се под терапија.
Епа значи не е тешко. Еве ќе им спремам допис на МТСП да го пратат до сите градинки, и готово. АМа ги мрзи, а се работи за здравје на мали деца.
Vo gevgelija ne primaat nevakcinirani deca uste pred da se pojavat morbili ovde.Koga stavija zabrani za vo Skopje stavija i vo Gevgelija, so zalepeno soopstenie na vrata
Има и во нашата градинка ливче залепено, во Скопје има секаде. Ама по другите градови не можат по своја волја, мора официјално соопштение, меѓутоа властите сега не се за ништо заинтересирани очигледно, а со тоа и на телевизиите ова не им се веќе интересни вести. Поинтересно им беше со 5-6 случаи да „напаѓаат“ по вести, ама тогаш мораше вниманието на народот на друго да го скренат, за да завршат други работи. Откако си ги завршија другите работи, сега баш им е гајле дали во Кичево, Тетово, Гевгелија.... има луѓе/деца заразени со морбили....Жално е...како што впрочем се е жално во нашата држава.
И кај нас има. Мислам дека во сите градинки го има истакнато дописот на МТСП. Барем во Скопје. За другите градови ако не се прогласи епидемија нема како да забранат. Ниту има закон колку што знам, ниту забрана... останува на совеста на родителите дали ќе носат или не невакцинирани, а тоа видовме по примерот во Скопје дека ни е на најниско ниво.
А сакаш да кажеш и да ја насочиш дискусијата во насока на тоа дека за децата од помалите места не им е гајле?! Не верувам. Кој сака има како да се информира. Тој што е отсечен комуникациски, дома да дојдеш да му кажеш не го интересира.
Не. Не сакам да насочам ништо. Сакам само ова да престане како впрочем и сите ние. Да, во право си дека може некој не го интересира, може мисли далеку е од него. И не дека некому му е гајле за децата. Од мал од голем град. Да им беше ќе преземеа одма мерки и по други градови. Како прво требаше медицинскиот персонал да се провери и ако треба вакцинира. Знаете ли дека има градови каде за да однесеш бебе од две недели на вакцина треба да поминеш низ истиот лифт и скали каде врват и болни. Воедно можно е да ги вакцинира и сестра заразена со морбили. А на пример може да не знаеш дека во болницата има заразени. За тоа треба да се каже. Како што кажуваат за се друго. Незнам, може ме сфати погрешно нешто. Сакав само да кажам дека не е во ред да се премолчуваат вакви работи.