Нормално е тоа за морбили. И мозокот им се исфрла и секој орган. Внатрешно е пострашно него надворешно тоа што го гледаме.
Мора да се донесе мерка сите невакцинирани да се вакцинираат. Нема сакам, нејќам,МОРАШ! Овие модерниве не се ни свесни на каков ризик го ставаат своето дете а и другите околу него. Вирусот може да биде смртоносен и да остави трајни последици. И никаков изговор од типот не е безбедна вакцината, бугарска е, се добивало ова она, аутизам бла бла, не се вредни за свесно ризикување на детскиот живот. Токму поради вакцините одредени вируси се искоренети (ама со задолжително вакцинирање). А сега од што се прават сите паметни, се враќаме во 19 век и наназад.
Just to say и морбилите и свинскиот грип беа искоренети.Сега како бумеранг ни се вратија.Следно не знам што е..ебола да ни донесе некој или чумата да се врати и да не сотре до еден сите.. Едвај 2 милиони сме уште епидемии ни фалеа.
Па не знам дали може тоа да го знаат. Доволно е едно да било во контакт. Дури и не мора да се знае кој бил преносителот, со оглед на тоа дека вирусот се задржува и до 2 саати во воздух.
И јас 100 пати прашав ова, исто и колку случаи имало после тоа таму, ако ништо друго дали имало после 21 ден(после инкубација) Не сеќавам колку време помина измеѓу првите во радишани и следните случаи. И добре бе уште не разликуваат некој луѓе морбили и варичела??? Два различни вируси. Ако е сипаница не значи дека е иста. За вакциниве, со пиминат рок, прочитав некој добил инфо дека се ок, дека се е да им се одземе лиценцата на Македонија Лек, за да го добие тендерот друг. Точно е. И јас слушнав и тоа од извор кој не би ме лажел. Вакцините се со рок до 05/06, односно има некои со рок до мај, други до јуни. Ок е кој не сака да вакцинира. Нема да ги коментирам. Ама, како не можат да прифатат дека исто како што мислат дека од вакцина може да има последици, исто така може и од морбилите, а нај лошо смрт. Е тој момент не го сфаќам.
Едно ипол месечно бебе заразено... Дали има некакво инфо во каква состојба е? Постарите не ги разликуваат сипаниците, затоа викаат ееее, вие кога бевте деца прележувавте од нога. Ама сите за варичела зборуваат, сите што сум ги распрашувала подетално зборуваат за варичела. Еве што вика светска здравствена организација, Even though a safe and cost-effective vaccine is available, in 2017, there were 110 000 measles deaths globally, mostly among children under the age of five. 110,000 починале од морбили и тоа во 2017. Па тоа ако е од нога поминување на болеста добро, нека нема вакцина.
Стојам на ставот дека епидемијава изби ради тоа што се правиме гугл доктори и имаме секакви информации што е прашање колку се веродостојни. Значи не негирам дека постојат нус појави ама јас ако сум толку несигурна би се консултирала со стручни лица и би направила со ред испитувања, па ако таму се покаже дека не смее да се прими тогаш не смее, е ама тие што стварно не смеат се 5-10% другите да си беа вакцинирани прописно ова немаше да се дешава. А најтрагично е што заразениот шири понатаму пред да му избијат симптомите, е сега воспитувачкава и докторите што се заразени којзнае колку можеле да заразат што уште немаат симптоми, па тие после натака шират а најзасегнати се баш најранливите - бебиња и стари лица што се со најслаб имунитет.
Да. работата е што сите мислат дека осипот е на кожата, ама не и дека внатре е исто така осип. Всуштност, може да направи белег на вена, аорта, срце... и сега да нема осип, ама после да има анеуризма, како последица на тоа. Кога ние се прашувавме што се случи на здраво право дете кое почина од анеуризма на 15 години, еден од одговорите на докторите беше, може кога бил дете прележал сипаници кои оштетиле некој крвен сад, и како расте, интензивно во пубертет, пука тој крвен сад. Секако тоа е само теорија на еден од докторите ама ете ја има како можност. не е само осип на кожа, и температураи кашлица. Многу посериозно е.
А од кај ваака црпите имформации и научни тези недокажани...медицинско лице сте @Cka ? Син ми прележа морбили, беше тешко не викам не, тт, осип и еве го закрепнува добар е дома е, со направени прегледи, ренгени, и ниту еден доктор не спомна да чекаме во.иднина на опфатени вени и аорта. Ама овде се ќе прочиташ да ти го смати паметот. Пс. Знам стари лица, возрасни со прележани морбили сега по 60/70 години и здрави и живи се.
Прашај доктор истото ќе ти го каже. Осипот е внатре пострашен. И не дека сите што ќе фатат ќе умрат. Сестра ми на 6 месеци татко ми ко дете исто маж ми лежел со варичела во Болница и таму у исто време и морбили фатил. Живи се здрави се. А дека има смртни случаеви има. Како е малиот сега? Дома се лечеше?
Сега во епидемијата да, се лечеше на клиника. Па затоа им прават ренген и ниту едно од децата немаше опфатени други органи. Добри се сите деца кои во тој период лежеа. Само се јача имунитет дома сега. Инаку да, невакциниран.
Тоа е одлична информација. Мило ми е што лесно поминале а и вие исто. Последно што чув а беше пред неколку недели баш истото ми го кажаа. А што е со двете на апарати што се знаеш нешто?
Тоа во очите кај детето да не е конјуктивитис, читав дека скоро кај секој случај со морбили се јавува? @kikin баш ми е мило што добро сте поминале.
@kikin Сепак фативте ,знам последно кога те читав ти беше жал што не си го вакцинирала порано,имаше добар пост напишано. Добро што се завршило добро,како си ти? Бремена беше,ако не сум те помешала ?
Чаир, центар, радишани, ново лисиче, детска клиника затворена... Нек ме поправи некој ако грешам или дополни. Мене ме интересира што рекоа од центар случај, од каде е, која градинка?