А од каде информацијата дека комплетно вакцинирани заболеле? И возраст нивна која е? Сите што се со деца се исплашени, нема потреба од дополнителна паника ширење. И да јас се трештам дома со малово дете и бебево, а гледам сите шетаат по игротеки, паркови а голем број од нив се бебенца и деца кои не се вакцинирани.Додека најголемово е комплетно вакцинирано а нон стоп е со деца. Од него да пазам значи.
После колку време да очекувам реакција од ММР вакцината и што најчесто се јавува? Денес ја примивме, срцето ми е камен стегнато.
Види во избештајот на институт за јавно здравје. Вика пример, заболени 10, 7 невакцинирани и 1 со непознат статус. 10-7-1= 2. Значи 2 вакцинирани. Апла не ги пишуваат @eli.karameli јас сум тогаш несовесна. Ја носев секој ден надвор. Буквално! Дај малку пазете со квалификации. Не си ги сакаме децата и сакаме да се разболат?! Па пострашно е (за мене) детето ко могли да го чувам дома без контакт со надворешен свет, него во паркчето да го изнесам да се истрча. Па јас друго дете имам кога надвор шета. Колју и да го анимираш дома, друго е надвор. Мешање во затворени простории е друго.
Надвор да, и јас носев дете, но не со други деца и не каде има гужва. Во парк, зоолошка и лулашки кај што има деца не одевме. Таман работа дома да седи дете. Но не сметам дека во време на било каква епидемија треба да се однесуваме како ништо да не е без доза на претпазливост.
100 пати е пишувано како и поради кои причини можат да заболат комплетно вакцинирани. И можат, значи и имунолози и инфектолози кажуваат дека вакцините не штитат 100%...100% имунитет имаш само ако си прележал. Мој совет, не се оптеретувајте многу со читања по форуми, ако имате прегледи закажани што ќе правите, нема да одите на преглед. За мене тоа е надвор од памет, да чекам термин 100 години и да не појдам. Еве јас со испитано ниво на антитела - слабо, трудна, па кога морам на клиника - одам и тоа на трансфузиологија, 1 месечно сигурно...што да правам, да не правам испитувања? Одам и на работа, на почеток не се возев во автобус, сега се возам...терам животот. Се мијам 100 пати во денот, носам антибактериски сретства во ташна, носам маски и тоа е тоа што јас можам да го направам. Па ако не направам испитување, ако се влоши во меѓувреме состојбата многу повеќе може да ме „кошта“... Тоа е, секогаш имало и морбили и други вируси, грипови, ама не било пласирано до олку во јавност. Ете 2011 некој ја пиша ама тогаш не не интересирало зашто сме немале деца, не било актуелизирано по медиуми и форуми. Не се затварајте дома на ова убаво време, посебно па вие со вакцинирани деца не ве разбирам. Имало примено една доза...па колку да има на 2-3 години. Таа една доза е доволна за неговиот организам до 6/7 години и тие антитела го штитат (90%). Ама 90% си зашитетн и ти, па одиш во маркет и на работа и секаде, па ако закачиш ќе однесиш дома. НЕма правила. Дете не се чува во стаклено ѕвоно ни во „регал“, па ќе го извадам ајде на 18 години. Многу го оптеретувате мозокот. Знам зашто бев преоптеретена кога прележа малиот. Нигде не одев. Ама си реков не може вечно така. Што е од Бога - тоа е. Сега нормално, свесно не одам ни во иготеки ни по молови моментално, ама дека шетам надвор по паркови- и те како шетам. Сите ако одиме антитела да испитуваме што ќе биде. Се знае дека оние кои се вакцинирани а кои би префатиле морбили имаат многу лесна клиничка слика, значи ни минимален осип, блага темпераура. Е лошото е што се преносители 14 дена.... Не знам дали се разбираме, ама животот продолжува, секој со среќата.
Во извештајот пишува, пред две недели кога имаше пишано за еден случај од Кочани, во заграда стоеше потполно вакциниран. А сега пример пишува во Куманово 10 заболени од кои 8 невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат статус, што значи другите двајца вакцинирани потполно.
Јас мислам сите да се однесувате/ме како ништо да нема Шетајте по игротеки, молови, па и во градинка ако ви ги примат, носете ги. Нема да ги изолирате, таман работа! Па и да фати морбили, голема работа, здраво дете со добар имунитет ќе ги прележи и готово. Само... што правиме со оние кај кои може да биде фатално, малите дечиња, децата со намален имунитет или со малигни и други тешки заболувања? Со вашето неодговорно однесување, ги изложувате на опасност и нив. Не знам за вас, ама јас мислам дека потфрливме како општество штом дозволивме да ни починат три дечиња и да се заразат деца со малигни заболувања. Многу потфрливме
Немаме ситњ такви изолирани средини. Па и од мајка ми не можам да очекувам да ја носи усвет за да прошетаат. Сака дечиња, им се радува. Не и кратам од задоволство. Се согласувам комплетно со @kikin. За епидемијата во 2011 збор не сме чуле и сме терале нормално. Паникава е ептен непотребна.
И на форумов се покажува дека најголеми паничари се оние што апла каснеа со вакцина. Вакцинираа на 3+ год за прва доза, па јас несовесна сега дека си го шеткам детето (вакцинирано). Преубаво е времето да му го кратам тоа задоволство.
Еве на пример ти да беше власт или било кој, кој ќе има можност да направи нешто, што ќе направеше, какви мерки ќе воведеше? Ајде пример кажи, па ќе го поднесеме некаде да го имаат во предвид. ќе потпишиме петиција ...Што може да се направи да прекине ова?...и да, што точно правиш ти? Ти одиш на работа? Одиш во продавници? Ако се разболиш ќе појдеш ли на лекар?
Jas pa samo ovde na forumov gledam panika. Prijateli, rodnini ne zboruvaat za ova. Pa soblekuvanje alista pred da vlezes doma, dajte malku relaks. Ako treba da bide nesto ke bide, pa sto I da pravis.
Имам и претходно пишувано, имунизација на цел медицински персонал, вработени во градинки, училишта... многу ќе помогнеше.. Јас секаде одам, имам прележано, па нема шанси да заразам некого. Детево ми е вакцинирано и нејзе ја шетам. Од друга страна тука има еден куп примери каде невакцинирани деца ги шетаат секаде (дури и мали бебиња чии мајки гордо истакнуваат дека ги шетаат секаде ) тоа за мене се неодговони родители и неодоговрни граѓани. А такви се повеќето, затоа и нема паника надвор од форумов, им е гајле! Се додека некој друг таму е заболен, нив не ги интересира. Општествена одговорност, што беше тоа?! @kukla21 Леле кукла, аман. Мислам дека доволно пишуваше за мене и сличните на мене кои не вакцинирале деца а сега се прават паметни. Мислам... ок е. Ти дете шеташе и кога беше невакцинирана, така? Или грешам? Инаку... јас стопати се покајав што воопшто и сум помислила да не ја вакцинирам тогаш кога можев (секако на 13 месеци не можев дури и да сакав) и дозволив да ми влијаат разни интернет шпекулации и невистини. Мака ми е и чувствувам дел од одговорноста и за смртта на дечињата и за заразените дечиња со малигни заболувања. Ти ко што гледам не?! А и повеќето тука. Гајле ви е! Битно вашите деца да се добри За крај... ако се правиме дека нема ништо и дека се е нормално, морбилите нема да исчезнат гарант. Само ние ќе бидеме ноеви со главите во песок
Потфрливме Ан-на, ама не ради мешањето деца во парк, лулашки или каде год, туку ради невакцинирањето. Еве и форумот е преплавен со мајки кои дури сега вакцинираа во ек на епидемијава. Прашањето е- зошто не се вакцинираше на време, а не- зошто не ги изолираме децава сега. Јас не ги изолирам. Големата си оди на по некој роденден во игротека. Ако имам потреба со сѐ бебе да влезам во супермаркет или мол не паничам, си терам обврски.
А од кај знаеш дека медицинскиот персонал не се вакцинира. Имам блиско лице и тоа во друг град, па им проверуваа вакцинален статус и ги вакцинираа повторно. Не кажувајте ако не знаате нешто со сигурност. МАли бебиња од типот помали од годна, ете и 9 месеци не може да се вакцинираат, јас знам еден куп кои никаде не ги носат, ама гледам и дека некои ги шетаат, и што да прават, да ги заклучат дома до 1 година? Сигурно не ги носат во дувло, во игортека, ама во парк сметам дека не е за кревање паника. Еве и јас ќе се породам уште малку. Се мислев што ли ќе правам дома ли ќе го чувам до 1 година, и баш м ме зезаше да си се заклучам дома како што сум (бев) паничар, ама дека нема да излезам никаде, па не ме зезај мислам надвор од памет да не го прошетам на воздух во тоа жештините, да не го однесам до охрид. За мене е стварно надвор од памет 24/7 дете да чуваш дома. ПАк ќе кажам, не сум за по затворени простории, ама парк, водно, матка, тоа е неопходно прво за здрав развој. ЌЕ помине и ова чудо (кое за жал не трае 3 дена туку малку повеќе), ама кога да е, мора да помине, ќе заборавиме кој со кого се препирал и ќе продолжиме со нормално живеење. Трпение
Ама Китен, јас никаде не велам вакцинирани деца да не се шетаат, таман работа. За невакцинираните зборувам. За малите бебиња чии мајки ги шетаат по молови, игротеки итн. @kikin Ова за медицинскиот персонал е задолжително? Ако е така, браво. Само мислам требаше на почеток на епидемија да го направат ова.
А како сум јас одговорна за тоа?! За што имам јас вина? Дечињата се разболеа од медицинскиот персонал, не од други дечиња. Само дечињата жртви излегоа. Мајките ги изолираа и само тие трпат од ситуацијата. Нема статистика колку од новите заболени се дечиња, ама верувам не се многу. И пак шетаме ние возрасните секаде. Да, надвор ја носев и со дечиња играше (колку што разбира за возраста) и кога не беше вакцинирана. Поголема штета беше дома да отупе, отколку надвор да истражува, со инхерентен ризик да фати морбили. ете за другите тврдиш биле неодговорни, а ти? Од одговорните беше само затоа што имаш оправдување? Или затоа што немаше епидемија. Се претерува со паника и со квалификации за "шетачите". Само тоа сакам да кажам. Олабајте со паниката.
Да не носеше уште во старт никој невакцинирани деца во градинка, без да чека некој да им забрани па и да се бунтува зошто им забраниле, значи свест да се имаше, да се вакцинираа веднаш невакцинираните и да издржеа да седат дома невакцинирани одреден период без игротеки, молови и слично, мислам доволно ќе беше да се смири ситуацијата. Поголема штета оти ќе затупело детето од седење дома еден месец? Ете зошто се влечи ситуацијата. Нечии деца треба да "затупуваат" со месеци и месеци дома дури не заврши епидемијава оти се во ризична група, ама кој да мисли и за нив.
Ако добро ме читаш, јас никаде не се изземав себе си од колективната одговорност. Од друга страна ти воопшто не чувстуваш никаква одговорност иако си ја мешала со други деца кога била невакцинирана, можела да заболи и да зарази други деца кои можело и да бидат бебиња. За ова зборувам, ама ај ќе се правиме дека ништо не разбираме. Од каде ти е информацијата дека дечињата што починаа се заразени од медицински персонал?
Немам таква одговорност, ниту вина. По таа логика и другите можеле неа да ја заразат. Едната другарка уште е невакцинирана. И секој ден е надвор, играат. На памет не ми паднало да мислам дека мајката е неодговорна. Такви се моите информации.
А ти имаш информации од терен или само шпекулираш да се најдеш во муабет?! Знаеш каде е евидентиран првиот случај и како? Знаеш кој ги рашири морбилите? Колку деца во моментов имаат морбили? Колку возрасни? Ако немаш не туку шири паника.