Со своето може да прави што сака кога не е walking health hazard. Кога нејзиното дете е опасно по здравјето на други луѓе во околината, треба да си го чува дома или да превземе нешто за да ја промени ситуацијата. Ова либералново "што сакам ќе си правам" предалеку отиде.
Секако дека не може скроз да се изолираме. Но,не верувам дека има некој на кој му е гајле за други деца особено од ранлива категорија, освен за своето.Сипанициве се заразни додека немаш појма дека ги имаш така да не може да се допазиш. Не можеме да ги допазиме. Претпазливост секако но никогаш не може да знаеме што ќе биде.Само Господ да ги чува сите деца.
А толку силно солидаризирање со секоја мајка без исклучок, мислиш тебе те прави похумана личност? Не, туку пристрасна те прави. Родители кои по свој избор не го вакцинираат детето како прво, и го шетаат во ек на епидемија - се „совесни“ колку што се возачи кои седнуваат зад волан во алкохолизирана состојба (па и други недолжни возат).
Смртонасна боледт може да е и обичен вирус за дете со нарушено здравје! За дете со проблем здраствен и најмала настинка е опасна! И не не го измислив тоа туку тоа е реалноста, имам деца во блискиот круг кое со операција од сеце, со аутизам, даундов, анемија итн. И секоја од тие мајки се плаши и од кивање на останата особа, а не па од морбили! Немаше потреба да го нагласиш тоа и константно да се потенцира! Никој не е глуп па макар и 18год да има и да е мајка сепак е информирана па си имаат и педијатри! Овде го отупевте од ширење параноја! Да, има епидемија! Има вируси! Има Хепатит ! Има сида! Има сва и свашта низ цел свет! Има и психопати кој шетаат и киднапираат деца, со нож ги прободуваат ( зафчера имаше таков случај ) и тн. И? Земјотрес сеа може да не опне да ни е.. мајката и? Авион сеа да му откажат мотори и врз куќа да ми падне сол да не стори! На тротоар да шетам со количка па некој будала да изгуби контрола над волан па да не собере! Итн! И? Секое дете кое има здраствен проблем било од каква природа е загрозено од секој вирус, настинка, морбили итн! Дете со добар имунитет, здраствено добро т.е здраво дете нема опасност! Доста го претеравте веќе! Од памет вадите мајки! Смрт од се може да се деси! Доста е! Имајте малку осет и етика! Си имаат сите педијатри кај кој идат и им знаат здраствена состојба на деца па ќе им кажат дали дома во изолација да се или да шетаат! По смртоносно за мозочни ќелии е вакви паники без разлика дали е антиваксер или лик кој вакцинира! Еве сестра ми неможе и несмее да го вакцинира детето ( аутизам има ) несмее и има документи црно на бело дека сега за сега несмее да го вакцинира! И? Да седи дома изолирано? Ни со братучед да се деужи, нит со брат ни фамилија? Ај бе олабавете жити се доста е го претеравте! Мислете му ја за намирниците кој се јадат и воздухот кој се дише каде каде е поопасно тоа све од епидемијава! И веќе не реплицирам нит се трудам да се објаснувам! Малку осет, емоатија и совест треба да се има пред све! За кое дете збориме? Она кое е заболено од морбили дур не избијат неможе да се знае дека ги има? На кој начин е таа виновна мајка? Она дете кое има хепатит зар треба доживотно дома да седи? На кој начин ќе превземе нешто за да промени ситуација? Да го опне во целосен скафандер (медицински ) и така да го шета? Да не го пушта во градинка и школо никогаш? Како ? Па нормално она дете кое е со сипаници сигурно нема со него да влезе во Вајкики или Веро! Сигурно нема да го однесе во Дежаву на сладолед! Сигурно нема така со сипаници да го шеткара, не ради вас туку ради себе и свое дете! А, пред да избијат хм.... на гравчиња не глеа ниедна мајка дека детето за 4-5дена оппп ќе и се исипе со морбили! И да, секој родител ќе си прави како мисли дека е најправилно за свое дете! Зашто сигурно се консултирал со својот педијатар и ќе го слуша неговото мислење, а не на форумски лик! Пред све како Вие кој имате деца кој се насилни во градинка преземавте нешто? Често има деца изгризани, изгребани и модри! Ги имав ги гледав! Како тие родители превземаа нешто? Ги заврзаа за парно и им одржаа лекција на тие насилни деца? Ги изолираа и отпишаа од градинка/школо? На кој начин ја променија ситуацијата? Зашто ако ете има кој здраствено нанесуваат проблем има и такви кој ментално на психофизичкиот развој влијаат на децата! Една компарација ти напраив па се надевам ми ја сфати поентата! Толку од мене. Немам ништо против никој лично, а ни намера да навредам ни да се расправам! Не сум тој тип! Но, олабавете малку и имајте осет има жени кој се тешки паничарки па им правите проблем! Емпатијата не е на одмет! Си има секој доктор/педијатар со кој си се консултира. Нема што поединци ваксери и антиваксери да прават тензии и страв! Убав ден имајте.
Виновна е ако детето било здраво и доволно возрасно за вакцина, а не го вакцинирала. Проблем не е кога се консултираат со педијатри, проблем е кога се консултираат со ФБ лекари и форумски ликови, како јаре, па не вакцинираат од страв од аутизам, на пример.
А, ти која си да етикетираш дали таа мајка која невакцинирано од ММР дете го шета е совесна или не? Тоа кажува за тебе како личност само! Секоја мајка си знае што прави и си има педијатар! Да не се фаќаме за хуманоста! Не ме познаваш па да коментираш! Да ме познаваше ќе си молчеше во врска со хуманоста! Хуманоста не е форум и бла бла по форумов! Хуманоста е и да не се мериш со некој каков човек е или мајка! Пристрасна сум кога исклучок жени си мерат која е по домаќинка, ѓена или мајка! Секоја си е на свој начин! Апсурд е да се ставаат во ист кош пијаници и антиваксери! Има некој кој имаат и причина да не вакцинираат не туку скокајте! Има и такви на кој Јаре и компанија им испрал мозок! Има и такви кој некоја мајка со здрствен проблем на дете и кажала дека му е од вакцина па сеа и таа не вакцинира! И никој поготово Јас не сум пишала никогаш на форумов дека подржувам родители кој Невакцинираат деца иако им се здраствено без никаков проблем! Никогаш! И никогаш не сум ни спомнала нит па сум ако дете ми е со тт или шо и да е да ти го донесам дома ќутенката! Но, да се етикетираат родители на Родител и НеРодител ... е многу неетички! Секој родител си го сака своето дете подеднакво исто и секој на тоа дете му мисли добро! Убав ден.
Аутизам од вакцина не се добива! Да ја прекинеме тука дискусијата зашто е апсурдна! Тоа е исто како да се каже дека Даундов синдром се добива од вакцина! Прекршување и проблем со хронозом. И тоа е тоа! На тема аутизам имам пишано во друга тема и не би да се пофторувам и на таа тема несакам да зборам. Нигде, во ниеден мој пост до сега уназад месеци не сум пишала дека подржувам родители кој не вакцинираат здраствено здрави деца! Никогаш! Но, тоа не ми дава за право да ги напаѓам и осудувам! И тие си ги сакаат децата и им мислат добро како и јас која си го вакцинирам! Само секој избрал поразличен пат и мисли дека е тој правилниот! И никоја нема право да се меша во одлуката на деугиот иако е спротивна! Си има стручни лица па и закон кој тоа го решава! Може да дадам мислење на тој некој ( ги имам во друштво ) но никогаш да го убедувам или да го дисфаликувам како родител! Тој мисли така, а јас поинаку и тоа е тоа! Тој мисли дека јас грешам, а јас дека тој! Секој со својата одлука ќе си носиме товар на грб! Секој со својата среќа! Дали утре ќе се кае и ќе лупа глава... секој сам си одлучува! Убав ден.
Нема валидна причина освен здравствени проблеми кај детето што не дозволуваат да се вакцинира, тоа реков дека го исклучувам. А луѓе кои веќе се родители би требало да се доволно зрели да не потпаѓаат под влијание на псевдонаучници по форуми и фб групи.
Тоа може само кога се однесува само за него. Не може моето дете да биде изложено на ризик затоа што тој одлучил да не вакцинира. "Секој за себе" може да се однесува само на одлуки што не повредуваат никого, а одлуката да не го вакцинира детето и те како има влијание на околината.
Не знам колку си во тек од порано ама 70% од мајките овде на форумот (во кои спаѓам и јас) свесно ја одложуваа ММР вакцината пред да се појави епидемијава. И џабе некои сега зборат дека ради причини не вакцинирале, кога речиси сите не вакцинираа од страв! Ама сега не сакаат да признаат, туку се тапшаат во гради лобирајќи за општествена одговорност, но реалноста е дека никому не му беше важно за колективниот имунитет пред да се појави епидемијата. Сега кога реалноста не удри во глава, лесно е да се каже -Да треба да се вакцинира на време! -Невакцинираните да се стават во карантин! и сл.... Само пред пола година муабетите на тема ММР вакцина беа сосема поинакви.
Знам. Никој не ги сфаќаше морбилите сериозно, затоа. И сега уште не го сфаќаат. Многу погрешна политика се води за многу работи во државата. Како прво сме неинформирани, како второ лесно потпаѓаме на влијанија, како трето, ни го ограничуваат пристапот на информации, како опседнати сме за српските певаљки, а има вести од светот што се многу побитни. Не е епидемијата нешто што туку одеднаш се појави кај нас, требало да пренесуваат вести и за епидемии низ светот, за да сфатат луѓето која е опасноста пред да закусти. Уште полошо е што има луѓе што уште не вакцинираат.
Од тука треба да се почне, да си признаеме пред сè дека сме згрешиле. А не да се напаѓаме едни со други. Јас се срамам да пишам било што на темава, затоа што и јас бев несовесен родител. Се правевме многу паметни и ете го резултатот. Само дај Боже да стивне ова и да нема повеќе жртви.
Еве овој е тој што тресеше зелени. Една логична реченица нема. Овие се тие што тужеле држава за да оделе невакцинирани у градинка сред епидемија
А оние што вакцинирале на 3 години, а сега се прават као не можеле порано, децата им биле настинати, болни. Е да ми извините, ама од 13 месеци до три години не може детето нонстоп да биде болно, туку да си кажат дека од страв не вакцинирале.
И шо ако си кажат? За жал и 3 мртви деца не ни кажаа дека морбилите се опасни. И полошо, 10 000 вакцинирани у 2 месеци без проблем пак не не убедија дека треба да се вакцинира.
Јас искрено се исплашив од ова кога мајка ми кажуваше како едва ја спасиле од оваа болест ( кажувала порано не сега).Тоа било некаде седумдесети години кога немало решение. Жалното е што во 21 век дозволивме да се плашиме од оваа болест.И на некои џабе и милион доктори да им кажат нема да сфатат. Затоа што сме такви направени, злобни,да не ни е гајле за другите. Какви се коментаи имаше по групине да се чудиш како некој воопшто сакал да има дете. Да, може е детска болест и здравите деца ќе ја прележат но требаше да мислиме на тие кои не би можеле да поднесат. Се е џабе,и зборење и се секој ќе си тера како сака.
А кој не признава дека од страв не вакцинираше? Па си кажавме сите дека од страв од вакцината не вакциниравме, што е спорно тука? И по вакцинирањето се плашиме и одбројуваме тука, така? Ние и со јајцето што имавме проблем ми беше плус причина за страв, ама и тоа не ме оправдува можев да го решам порано. Епидемијата повеќете не натера да вакцинираме, да сме искрени сега. И јас сочувствувам и имам грижа што излезе од контрола ситуацијата.
Епидемијата и градинката, мислам градинката повеќе... Не би да зборам така, ама вака јас гледајки доста што беа убедени дека нема да ја ставаат воопшто, или нема да ја ставаат до 3,4г, ја ставија за да може детето да оди во градинка.
А сега молк за другите градови (го правевме муабетов), ама не е убаво. Каде е Филипче сега,нели секој ден одеше на инфективна, по тв секој ден, од фрижидер дома - оп Филипче ни излегуваше. Сега за живи ги нема, се срамат ли што излезе од контрола или веќе.не им е битно?