Што да каже? Дека пак во Струга медицински персонал беше причина. Мислам намерно не се појавуваат. Да го тргнат фокусот од себе.
Во женски домаќински муабети пишуваше дека се вадат лажни картони за вакцини за да идат во градинка. А вие се засекиравте за молови и игротеки. Многу сум љута, многу сум нервозна. А таквите ко мене со деца 9 -12м што немаме кој да ни ги чува, што да правиме?! Ифрит сум, искрено.
А кој е тој што би дал лажен картон? Кривично дело е тоа, казниво со закон. Не смее ниедно медицинско лице да лажира медицинска документација.
Само така прочитав. Рекла казала е групата. Али мислам дека е вистина. Башка како ќе проверат во градинка? Антитела на влез да испитуваат.
Не смеат да лажираат. Еве, матичната на децава ми побара копии од вакциналните картони на двајцава, за да имаат евиденција кое дете колку и кои вакцини ги има примено. Министерството мислам го наложило тоа. Па веројатно така ќе имаат евиденција кои деца се вакцинирани, а кои не. Е сега, совесни медицински лица не би требало да прават такви лажирања, па не ми е за верување. Ама па кај нас се е можно...
Имаше членки што на форумов пишуваа дека лично знаат за вакви случаи, за мајки кои лажирале потврда за да оди детето во градинка невакцинирано, па уште и се фалеле со тоа пред сите. Само не ми текнува која членка беше, ако најдам ќе ја тагнам. Кај нас, ништо веќе не ме чуди искрено.
Jas kazav deka detence od nasata grupa vo gradinka odi nevakcinirani, so potvrda od maticen deka ima hronicen bronhit i deka nemoze da se vakciniran, a deteto nema ni b od bronhit. Vo pomalite grado i ne e tolku strogo kako vo Skopje
Со лажна потврда само може да си наштети на сопственото дете. Па за такви работи навистина е страшно да се лаже. Инаку, од она што се случи сварив дека направија паника само за малите деца за да што повеќе вакцинираме ние што одложувавме и не вакциниравме поради страв од штетна реакција од вакцината. А најризична категорија се секако медицинскиот персонал,а за нив никој не презема мерки дополнително да се вакцинираат, затоа што заштитата од вакцината (и доколку биле вакцинирани во детството) со текот на времето се намалува. И очигледно најголем пренесувач на болеста излезе медицинскиот персонал. Во изминатиот период заболеле над 60 лекари и сестри. Срамота
И јас мислам главна цел беше да се зголеми процентот на вакцинирани, алармантен стана и морбилите се проширија. Прилично успеаја во тоа, што со забраната за градинки, што со стравот после смртните случаи. Сега ко да не се фокусираат веќе на тоа. За лажирање картони и јас сум чула и не е ни тешко, ама лажен картон од болест не штити и ризикот е секако поголем. Знам и за градинка што не бара ни да види картон, доволен е зборот дека детето е вакцинирано (не, не е Колорес иако ете имало муабети). Ако човек запне и реши да си го превземе ризикот, веројатно ќе се снајде. Лично би ми било страв.
Не спорам дека по фб гледам слики на деца во приватна градинка, чии мајки во затвор викаа дека ќе одат, а дека нема да вакцинираат. Е сега, дали попуштиле и вакцинирале, дали лажираат потврда, дали градинката пуштат невакцинирани, не можам да тврдам. (грин хаус мислам се викаше градинката)
А што да биде главната цел ? Зошто толку се рашири? Затоа што имаше огромен број на невакцинирани. Зато што не сме совесни како општество за колективниот имунитет кој ќе ги штити ранливите категории кои не можат да се вакцинираат. Не зборам само за мајки кои одложувале, зборам за општествово наше, за министри и се по ред. Нека ревакцинираа медицински персонал одма а не вака, сега испадна страв да ти да појдеш на лекар да не те зарази сестра некоја. И треба едукација, треба поинаков пристап на докториве кај мајки што се плашат. Јасно и гласно да кажат придобивки и последца од вакцина. Вчера случајно читав за дифтерија,па тоа е чума бре. Да не си играме да враќаме болести од минатиот век.
А кои се тие болести/состојба за кои смее да се издаде таква потврда? Со кои тестови, анализи, утврдуваат? Ова со броничниов бронхит некако не ми држи вода. Има земји каде децата со години, или до прва посериозна болест, не им прават крвна слика, а ги вакцинираат, па и со недоволно висок хемоглобин ми е чудно. И нели е доволно мало одложување доколку во моментот ете има стварно бронхит? Или така се пишува, дека само се одлага но не и дека нема да прими?
Кој ќе те тужи за да те казнат било како, таман работа за затвор? Како ќе откријат дека таа фотокопија од вакцинален картон што е во градинката е лажна? Немаме централизиран систем каде ќе се поврзе некој па да провери, а секако нема да шета од вакцинален пункт до вакцинален пункт и да споредува хартии.
Како кој ќе те тужи, градинката. Знаеш колкави им се казните? 4000е за градинка, 800е за воспитувач или одговорен негувател и 800е за одговорен на објект. Нема воспитувач што ќе замиже на тоа.