Да бремена е. Мислам детенцето и одеше е во некоја од градинките каде имаше морбили, баш пиша дека се сомнева...
Бремените треба да бидат особено претпазливи да не се заразат до морбили, да не навлегувам зошто како, ќе речат кревам паника. А тоа каде била прогласена епидемија нема врска, не може тоа да биде веродостојно, луѓето се движат, се мешаат и не можат да се одредат точни граници. Особено вознемирува една приказна по фб за дете што починало од неуробластома, наводно ја добило од ммр вакцината, претпоставка од хрватски доктори. Случај од 2015 актуелизира периодов кога се појавија морбилите. Со кој памет ваква кампања во овој ранлив период опасен по здравјето. Сите се прават доктори и дијагнози од ракав вадат. Жално за детето, ама за тоа има доктори, не можеме сами да си правиме теории на заговор само затоа што сме животно ранети. Не можеме секоја болест да ја поврзуваме неосновано со некоја вакцина. Престанете со такви приказни, ситуацијата е алармантна.
@kikin мислев колку време помина од првите симптоми кај малото? Може нема ни да префатиш штом немаш ништо до сега.
Вакцини, ревакцини знаат докторите што како. Ако си вакцинирана не може да немаш антитела. Причината за појавата лежи во невакцинирањето. Полесно ќе фати кај невакцинираните потоа и кај вакцинираните. А зошто? Кој век сме да се инатиме на вирусите и да го дозволиме ова да се случува. Се надевам дека ќе бидете добри со детето и со плодот, само зајакнувајте си го имунитетот, се што е дозволено во бременоста. Непријателот ги бира слабите страни и таму удира. Така и вирусот.
Точно тоа го знам,имав еден пост погоре, за заспаните антитела и нивното будење. Меѓутоа, мене ме мачи едно,многу родители од децата кои што имаа морбили веќе качија тт, некои се осипаа,а вакцинирани и ревакцинирани. Имам уште некој ден да помине па да сум сигурна
Имав причина.не сум била против. И таман ја снема причината и дојде време да почниме, не снајде ова. Нема врска, нема назад, било како да било,так требало да биде.
Јас се извинувам, во право си. Битно е што заврши добро, и ти посакувам се да е во ред. Мислам дека ти се нафрливме вака со прашања поради што си директно информирана што се случува, а има многу информации од сегде за епидемијата. Ама еве јас се одлучив да го вакцинирам после се што прочитав. По договор со докторката од диспанзерот, месецов правиме алерго тест, па пауза од градинка и ќе вакцинираме. Се надевам нема до тогаш да се прошири овде или да не испадне по планот.
Којзнае од каде ама во Србија веќе неколку месеци пред нас почна. Знам жена во Србија, што лежеше на инфективно таму со морбили пред неколку месеци. Нејзините деца ништо, дека вакцинирани, она од генерациите што немаат ревакцина примено.
Е како тоа од Дебар? Таму летото беше „епидемијата“. Како преживеал вирусот до декември месец, пред Нова Година?