Леле можам да замислам кој стрес си го доживеала. Што доктори не лечат да се замисли човек. Тоа за заушките и кашлицата со податоци од минатата година не им требаше баш сега кога сите се исплашени.
@marchi-cool кај коксаки осипот е специфичен, како меурчиња со вода кои сами се сушат по неколку дена. Ама морбили сигурно немате штом нема осип повеќе. Може и некој друг вирусен осип бил. Да се чудиш со докториве наши. Со помин да е.
Туку знаете сега што ме мачи. Што ако педијатарот на Марчи го пријавил случајот и се брои како случај? Или не оди тоа така? Мене ми е дека ќе видат осип и одма морбили се, а доказот после покажува дека не се. Дека премногу заболени, а сите што ги познавам се шетаат секаде слободно како и до сега и велат дека не познаваат никој заболен од морбили. Значи не дека нема случаи и епидемија ама што вика @kukla21 паника само на форумов има. Прашањето ми е дали педијатарот веднаш го пријавил случајот и дали се води како уште еден случај со морбили? Дали ако веќе е пријавено како случај ќе биде совесен некој да се јави да каже дека не биле морбили да се избрише? Не знам како оди тоа, каде се пријавува, кој објавува податоци. Не ме чуди и неверодостојноста на податоците. Можеби се собрале: морбили, морбилен осип, варичела, коксаки, алергии... Можеби тропам ама кога немаш доверба во здравствениот систем тоа е.
да такви беа. Ама се повлекоа,тек тук некое ако има ама кај и да е и тоа ќе се повлече. Свашта. Тоа е нема што да се прави. тоа и јас си викам како прогласиле епидемија на морбили во градов кога сите заболени се медицински лица над 30год. А дете ниедно. а од деца префатиле. некако не ми штима ама ајде.
на брза помош не прегледаа. На детско одд не примаат освен итни случаи пратени од брза помош. А денес педијатарот матичен рече не се морбили. А вчера нешто забележаа во компјутер. Како и да е ако заведат по име и презиме како што е правило ќе им објаснам дека е лекарска грешка. Нему во картон не му стои таква информација. И учителката од градинка ни се јави денес, гледале во картонот за имунизација и во диспанзер се јавиле дали сме сигурни дека се морбили бидејќи вакциниран да не речам ептен се мали шансите да заболи. Па и објаснував и нејзе
Осип од коксаки и осип од морбили е сосема различно нешто. Ако доктор не препознал веќе таму не се појавувај
Да најдам слики од син ми и ќе ти пратам. Како со вода се. И брзо пукаат. Далеку од макулопапулозен..
Лекар не разликува осип на морбили од осип на коксаки...во однос на морбили, дете на моја пријателка фати, висока температура но до 39, никаков апетит, откако избил осипот му се подобри состојбата. До72-ра за морбили не се вакцинирани па генерално сите прележувале некој полесно, некој потешко, но никако не мора да значи дека мора да има 40 температура.
Точно. Син ми имаше сега морбили и ниту еднаш не крена 40. 39.2 беше највисоката (сеа нормално ја спуштавме, да сме ја остаеле не третирана можеби ќе кренел и повеќе). Друго, ако коксакито се така полни со вода, не знам како доктор не разликувал коксаки од морбили, јас лаик ќе знаам да ги разликувам. Или така ги оставаат случаите не потврдени, не проверени, па затоа и така се шират морбиливе.
Само што ја прочитав членката каде избил осипот, сакав да пишам коксаки. Дури вирусот се вика "hand, foot and mouth desease", а доктор ѝ кажал морбили Општо познавање немаат, а треба луѓе да лечат.
денес баш супервизорката на работа ми кажа дека и со нејзиното дете исто било. За 3 дена све се повлекло но и крв проверувале и се и се докажало дека не се морбили а исто и таа исплашена. Ми покажа и слики. според мене нема епидемија во моментов. И на почетокот кога стана тема на муабет епидемијава пишував дека се живи глупости дека за 10 случаи нема основ за прогласување на епидемија. Болеста одзеде неколку животи но сето тоа беа дечиња кои претходно биле заболени од други заболувања па вирусов направил дополнителни компликации. Раширија преголема паника а немаше потреба. Кога дознав дека во нашиов град прогласиле епидемија се зачудив. Мал град сме ниедно дете не беше заболено сите 6 беа медицински лица. Според мене да има вирус но не се морбили и не е толку страшно. кичево.
Колкав е бројот на заболени штом е прогласена епидемија? 6 ли се само, и тоа само медицински кадар? Истиот ли доктор, и кај жената, од ракав истресол дека се морбили?
па јас така знам,и во статистика неколку страни наназад пишуваше дека во кичево е прогласена епидемија и дека има 6 заболени. Вероватно истиот и кај жената. Ги примаат на брза помош па ако има потреба ги препраќаат на детско одд бидејќи детско работи само за итни случаи дека прво таму се јавила епидемијава. Мада може се е пропаганда за да се истрошат вакцините. Нели имаше на почеток недоразбирање со декларациите на овие вакцини. Ма све е политика
Што знам сепак јас лично не верувам дека е со намера да се потрошат вакцините и дека е политика со оглед на тоа колку само случаи има и низ еу од заболени за жалост и со смртни исходи... Се согласувам со целиот стрес што ти го имаат направено и инфо од ракав изведено дно дна е целава постапка нивна што човек треба дури и да се запраша да оди на пријави вакви искази од "доктори" ама дека е целта со вакцините тоа не верувам...
Кикин значи прифати синчето твое баш ми е жал. Ти кој месец си бремена? Провери ли со плодот дали е се во ред