Ќе се фрлат и мора да се потрошат пари за нови? Пример... Да се редактирам...на многу родители не им е страв од самата вакцина како вакцина, колку што им е страв од нашето здравство и дали е се во ред со нашите вакцини. Значи да резимираме, недоверба постои во здравството, во државата, во системот. Затоа на се гледаме со сомнеж. И не, никој не е за обвинување оти самите власти ни наметнаа да ни се сомнителни во секое нешто.
Оф леле, 6 заболени од кој малиот твој и такви како него ( со утната дијагноза гарант) и оп ете ти тешка епидемија. Бог да сачува значи е здраствово наше.
Јас пак обратно знам за 2 случаи со морбили, а не е пишана дијагнозата/шифрата за морбили туку друга, морбилен осип или сл. Па верувај на бројки..
Тоа е благ вирус што личи на морбили а не е морбили. Осип нема во очи нема на глава нема на органи. Има по телото само, има температура но не 40, очите се стаклени но далеку од морбили. Син ми го прележа.
Очигледно решиле да ја влечкаат нивната епидемија лажно. Секој добар педијатар веднаш препознава детска розеола, и истата се разликува од морбили. Розеолата предизвикува висока температура 40, три - четири дена и потоа се појавува осип кој трае 5-7 дена. http://medspecial.ru/for_patients/7/24831/
НЕ мора да е висока, кај нас помина со тт 38-2 дена и осип три дена. Затоа се вика и тридневна грозница оти најчесто е по 3 дена тт и 3 дена осип. Осипот е идентичен на морбилите.
Демек место шифра за морбили, ставиле слична шифра морбилен осип или сл. за помалку папирологија и бирократија, ова од докторка ми е кажано, колешката нејзина така направила. Цццц... страшно.
Од вашиве мислења ќе испадне дека никогаш епидемија немало и дека не починаа 3 недолжни бебиња. Се е некаков заговор организиран од Ердоган за да се потурчиме....
Што е полошо. Доктор намерно или ненамерно да лажира документација и да манипулира со статистика. Страшно.
Којзнае зошто, може со полесна клиничка слика биле, знам дека после самата докторка заврши да лежи на инфективно со морбили ..karma is a bitch..
Изгледа требаше задолжителна вакцинација и за цел персонал во градинки и медицински лица, исто како за дечињата кои сакаат во градинка, па да смеат да обавуваат дејност. Се прашувам дали она заразила некое бебе.