Има вакцини и за грипот и за морбилите. И знак равенство меѓу морбили и настинка не може да има. Не смее да се релативизира како некој со морбили ок поминал а некој умрел од настинка. Оти некои 3 деца умреа од морбили, и мајка го изгуби бебето. За нешто што во светот е искоренето со вакцини.
Право на избор можеш да имаш само за работи што те засегаат само тебе и со кои не влијаеш на целото општество. Вакцинација не смее да биде право на избор. Не сакам јас да бираш ти за моето дете дали ќе биде заштитено или не. Еве, хипотетички, ти си избрала да не вакцинираш, јас не смеам да вакцинирам. Твоето дете фати морбили затоа што ти си избрала и моето фати од твоето, пак, затоа што ти си избрала. Значи бираш и за моето дете. Оти ви е толку тешко да разберете што значи општествена одговорност? Премногу лабаво се користи терминот "право на избор". Сите сѐ би бирале. Е не може. Нешто мора и да се контролира.
Не е искоренето, ако е искоренето нема да ја има пак и во Америка и кај нас и во Европа, искоренета е колерата, не се морбилите. Никако не правам паралела со грипот, пишав и погоре, нит минориризирам морбили за да се оправдам за сметка на мојата одлука, ама грипот однесе многу повеќе жртви, страшно многу. Збори со матичниот ќе видиш што ќе ти каже, мене он ми ги отвори очите, вика се скока за коксаки и варичела, паника се крева а пациенти умираат на велико од грип. Право на избор меѓу две различни вакцини во најмала рака, ако можам да бирам меѓу Парацетамол и Далерон, зошто да не бирам меѓу Санофи и Глаксо? Нас како родители, на моето дете, не нервира тоа и тоа ни ствара недоверба. Јас моето дете не смеев до 6м да го боцкам, сплет на околности, ама потоа со оглед на семејната историја со вакцини и неговата состојба одлагавме додека еве вака не не ставија во ќош. Ако веќе морам да вакцинирам дај ми да изберам, во едно Врање имаш избор од 3 вакцини а овде немаме право на избор. Ќе си ја платам, ќе ја платам најскапата зошто во нашите тендери на најниска цена не верувам.
И колективен имунитет Не се ствара со почитување на желби на поединци. ...е сега...има исклучоци.Лично познавам две дечиња кои НЕСМЕАТ да примаат вакцини поради автоимуни болести. Ама тие се малку.
За која болест не е потребна вакцина, а ја боцкаат? Вакцините се за да се искоренат лошите болести или сведат на минимум. Што се покажа и ефикасно се додека не опадна процентот на вакцинирани, па не снајде ова. Ако две дечиња преживеале морбили, две починаа. За тебе може не е смртоносна. За мене да. Колективниот имунитет треба да ги штити децата кои не смеат да се боцкаат ама со опаднатиот ни здравите сега не се заштитени.
Оф. Искоренети се во Америка, и ако не се донесат од надвор нема да ги има. Многу брзо се наоѓа нултиот пациент таму, на пример. Одма се знае кој ги внел во државата. Значи, пред него не постоеле. Познавам и јас. Ама за тоа служи колективниот имунитет. За да ги заштити таквите. А ние како Спартанците тераме, елиминација на сите што се послаби. "Нека се заразат бе, што ми е гајле што ме можат да издржат, заради нив ли јас да си го вакцинирам детето." Многу нехумано ми е. Себично, крајно егоистични.
Сакам да прогласат епидемија и како што е во закон, се да се затвори - кина, театри градинки, школи, кафани, спортски центри, игротеки...СЕ СЕ СЕ...Еден месец карантин. Мртва зона да сме. Можеби тогаш ќе се исчисти
Ми го зема зборот од уста. Целата тежина се фрли на децата! Зошто, затоа што тука можат да удрат. Преку не примање во градинки школи. А кај му е на вакцинираниот медицински персонал, или нецелосно вакциниран или со не познат статус ( како што ги класифицираат заболените, глупости, се во една торба )? Нели јасно се гледа дека заразава се шири од болници , не од градинки. Нели се гледа јасно дека медицинскиве лица се најпогодени, и најголеми преносители. Цело време читам дека отишле деца да се прегледаат од некоја друга болест, и добиле гратис морбили од Козле или детска болница. Тука никој не става акцент. Да си превземат итно мерки по болниците, децата веќе се извакцинираа во голем број, колку што кажуваат на вести. Мислам дека и затоа повеќе не даваат толку ударно на вести, бидејќи неможат да вршат зголемен притисок на не вакцинирани деца. Затоа и намалија со вакви вести, а епидемијата се шири со поголеми размери.
Па читав негде пред некој ден дека тоа значи прогласување на епидемија. Некој по упатен ако знае нека пиши
Каде реков дека морбилите не се смртоносни или пак се играчка? Постојано повторувам колку се сериозни морбилите. Оти реченици од типот за мене може не била смртоносна а за тебе е?
Не гледам како е тоа воопшто остварливо, затоа прашав Скептик сум дека некој правник баш таква дефиниција напишал. Болести (не само морбили) се шират и во автобус, во продавница, во канцеларија, ете за жал и во болница, така што ефиксаноста на едно такво решение е повеќе од спорна.
Да , епидемијата почна од деца. Но секоја година има појава на морбили, и тоа е нормално. Кога се зголемува бројката е страшно, така. Е се зголемува сега од по болници што префаќаат децата. Башка трите невакцинирани деца што починаа не е во ред да ги потенцираш како невакцинирани, од причина што тие не смееа да се вакцинираат, беа болни од канцер, така? Уште ако Филипче дал таква наредба ( лично не сум прочитала никаде,м сега гледам од твојата објава) баш одлично, значи никој не му ја ферма наредбата. Епа да си превземе мерки де ред е. Антивакцерите се само дел од целава слика.
Кога ме цитираш со реченици во стилот за тебе ако не е за мене е...делува малку повеќе од надоврзување, посебно на нешто што јас не сум го кажала. Мене ми делува како ставање сосптвени зборови во туѓа уста. Морам да се цитирам бидејќи си тумачиш како ти сакаш и извлекуваш заклучоци врз основа на истите. Варичела вакцина нема во Македонија. Германија има. Децата во Македонија помалку вредни ли се, Македонските доктори/медицински лица сметаат дека не треба ли? И ти ли мислиш дека не треба, оти нели, немаат набавено, дека Германциве грешат? Репер ти е македонското здравство дали треба вакцина од Варичела?
Дани ти го вртип муабетот како ти одговара. Оти нема неефикасни вакцини. Да ефикасна е и за варичелата. Има во предлог да се воведе. Ама се размислува како. Оти со првично воведување заштитени ќе бидат малите. А ќе се помести граница кон повозрасните непрележани. А кај нив знае да направи компликации и она. Ќе се воведе у тука. И уште многу други кои ги имате и вие. Како ротата, менингокок и др. Впрочен секое поднејбе има различна опасност со тоа и различни вакцини.
Мене ми делува не само што ти го вртиш маубетот туку упорно ми ставаш зборови во уста. Со одговорот на моево прашање уствари го потврди она што јас со првичниот пост го кажав.
Не потврдив ништо. Не зборови не ставам. Ама како сакате. Не сме ни имунолози ни педијатри. Некој ги измислил вакцините за да се олесни животот. Ваше е дали ќе вакцинирате. И да и варичелата знае да биде опасна и остави последици. Ич не ја сметам и неа за наивна. Ама ако се спореди со морбили мачкина кашлица е.
Па да де, тоа викам, може да биде опасна. Тоа што ја нема не значи дека не треба да ја има, дека не треба, дека нема да делува итн. Толку ли е тешко да се сфати? Кои сме вие? Ти знаеш јас зошто не вакцинирам?
Не. Немам никаков интерес да знам. Зборуваме за здрави , прави деца без историја кои не се вакцинирани! Не знам како се пронајде.