Јас наслушнав дека од Косово се увезени морбилите. Нели Сити мол е полн со нив, така што... држи вода муабетов
На нет најдов податоци за последната епидемија во Мк, пред 7 или 8 години, над 90 проценти од заболените биле невакцинирани, над 50 проценти биле од други националности, 25 од тие 50 проценти биле Роми.
Тоа може, не е исклучено, ама некој од Дебар да се шетал во јули низ Сити Мол и пред Нова година да се разболат деца од морбили нема врска. 6 месеци нема да преживее вирусот на таков простор. Ако се знае кој е нултиот пациент, појасни ќе бидат работите. Ама не се знае, или не го кажуваат.
А тие од КосовЕ како го добиле? Бира националност вирусот? И се шири како? Пак се сведува се' на невакцинирање.
се навратив назад да видам што сум напишала. Никаде не спомнав јас варила. Не знам зашто сте ме цитирале тотално ме збунивте. За морбили пишував. Нели тоа се малите сипаници.
Сигурна си дека си прележала морбили и дека сакаш твоето дете да прележи? Застани пред инфективна и чекај тогаш. Што да ти кажам друго?
Сите ти пишавме дека морбили не се за потценување и не се толку безопасни. И не седат дома, туку ги хоспитализираат на инфективна. Значи не се лечат 10 дена со дома седење. Ти ако сакаш да прележи детето сега ти е прав момент, во ек на епидемија.
Во 2010 имаше над 900 заболени, но потоа прогласија и епидемија во 2014. Имаше заболени и во 2017 не знам дали прогласија и тогаш не бев во земјава. Не е последната епидемија пред 7-8 год.
Нефункционален систем на банана држава, и куп теоретичари на заговор во неа - се многу лоша комбинација, од која ете што произлегува. Прво, крајно време е министерот да си поднесе оставка и на негово место да дојде некој квалитетен и одговорен за таа позиција. Жими тоа за правото на избор на жената за абортус (вчера што пишал на фб) е единствено во ред од него, другото сѐ во мандатот му се катастрофални потези - посебно околу вакцините. А потоа треба да се доведе под сериозна контрола целата антивакс кампања, дури и законски. Страшно е каде оди модерното родителство со игнорантниот дел од интернетов, ова веќе не е шала ко ЖДМ, туку опасност за колективитетот, општеството и јавното здравје.
Кај нас ЖДМ ти е повеќе од матичен лекар. Таму се знаат и за се имаат лек. Ти кажуваат дали си за антибиотик, терапија или не како од шала. До кај стигнавме не ми се верува. Овој циркус само тука може да се дешава.
Епа мајките се најмајки оти не биле старомодни, шетале дете низ трговски на 25 дена, оделе по 3 куќи на 40 дена, ама не ставале метла под креветчето. Како дојдовме до тука, да ни се вратат болести искоренети у светот? Следно чума? Па ќе пропагираат оние дека е сушеришка да прележеш чума само да не вакцинираш...
Нема само кај нас епидемија на морбили, ете и Вашингтон е прогласена. Сите сега знаеме да коментираме, ама никој навреме не ги однесовме децата да се вакцинираат. Тие 5000 деца сега вакцинирани од кај излегоа, од тие бебиња што шетаат по молови? Паничиме сите ама не треба вака ни емпатија да имаме, ни чувство за некој.