Тебе сигурно нема да ти верувам. Без докази, без ништо, шириш невистини, полувистини, шпекулации... баш како што доликува на модератор на форум
Дали ширам или не, јас си знам. Ти паника шириш, па никому ништо. Темава е за морбили. Сите дискутираме кој колку/што знае. Ете и други кажаа дека медицинскиот персонал е причина. Ама мене ми се закачи затоа што се препозна во оние кои касно вакцинираа, па сега главни ваксери излегоа и ги судат другите.
"Од вкупно 166 заболени деца на возраст од 1-4 години, 150 или 90,4% се невакцинирани или со непознат вакцинален статус" Значи 9.6% т. е. 16 од заболените деца на возраст од 1-4 години се вакцинирани.
А можно е да не делува воопшто вакцината, колкави се шансите за тоа? Читав доктор имаше изјавено дека е добро да имаат реакција од вакцината децата, да се знае дека се борело телото и создавало антитела. А повеќето што ги знам, и тука, вклучувајќи го и синчето, немаа никаква реакција.
Јас само пренесувам како ми кажаа инфектолози во периодот кога син ми беше на инфективна. Не измислувам.
Од вкупно регистрираните 961 случаи на мали сипаници, најголем број – 398 или 41,4% се лабораториски потврдени, 257 или 26,7% се епидемиолошки поврзани, додека 306 случаи (31,8%) се со клиничка слика на мали сипаници. Значи ако е нафрлен некој од некоја друга причина ќе си го вброиме во морбили?
Ох, леле. Не, ич не шириш невистини. Ти реков, ако имаш инфо или доказ сподели, во спротивно се срамни ваквите шпекулации и би требало да се санкционираат, посебно бидејќи доаѓаат од модератор кој би требало да дава пример со своето однесување Вториот дел од твојот пост нема да го коментирам
И моето немаше. За првото искрено не памтам но за ревакцината знам рекоа дека нема реакција. И јас мислам дека треба да има реакција вакцината, а нели од новиве шест и петвалентни ретко има. Поголемото дете примаше од старите вакцини и секогаш ама баш секогаш креваше температура.
Првите 10 случаи од нова година се сите деца на различна возраст од иста градинка кои биле на новогодишна претстава на градинката. После нив имаше воспитувачки. После... насекаде.
Ќ Ќе те поправам. Тие случаи беа од иста градинка, ама не на различна возраст туку од иста, и не дека биле на претстава, туку беа од една единствена група од градинката. Фатија само тие деца кои последниот ден беа во градинка (28.12.2018- петок) во таа група. Претставата беше на 24.12 и среќа тогаш не биле пренесени морбилите зашто ќе фателе и од другите групи. Во таа градинка немаше воспитувачка со морбили. ...ако збориме за истата градинка, ако не - се извинувам што реплицирам.
@kikin претпоставувам зборуваш за Сонце, Реонски центар Ново Лисиче. Така е.Нема/ше заразена воспитувачка. И за заболените деца си во право. Мојов тој период не идеше скоро 2 м, беше само на претстава. Среќа куртуливме
На 19.12.2018 беше прогласена епидемија на морбили во Радишани. "Епидемијата на морбили во Радишани прогласи Министерството за здравство по појавата на пет заразени дечиња од градинката Ташко Караџа. Од мали сипаници заболел и еден возрасен кој бил во роднински врски со едно од децата. Јавната установа од денеска е со клуч на врата и 15 дена ќе биде затворена."
Кај нас имаше реакција 2 дена, од 10ти до 12ти ден. Температура до 38 ноќе, а дење негде 37.5 до 37.7 Е сега јас ја спаѓав и таа температура, давав парацетамол и на 37.5. Мисла ми е да не не требаше да давам за таа температура? Од друга страна ми е страв од температура поради епизодата со грчевите.
@Magic13 ако мораш да спушташ и пониска ко ќе е, немаш друг избор. Битно имаше некаква реакција, мене ми е мисла дека немаше воопшто кај нас. Ама се надевам и во такви случаи има заштита, и во диспанзер кажуваат дека најчесто нема реакции од вакцината.
Ама да не претерувате малце? Ако немало реакција ќе била неуспешна вакцината. Тоа има врска едино со имунитетот на детето, колку бил јак односно слаб пред вакцина. Ова не измислив иначе јас, на имунологија ми го кажаа, ако сакате нормално да верувате, оти гледам само на трагедии се верува.
Не констатираше како факт дека ако нема реакција не е успешна. Само си праша, сподели стравови и мислења. Што е сосема ок а и нормално.
Јас така го сфатив муабетот. Според мене ова е ширење паника а не реалноста кажување колку точно има бројка на заболени.
@kristina.k нема врска дали ќе има реакција или не. Секој организам се бори различно. Совет од имунунолог , и да нема и да има реакција да не стравуваме.
Значи https://sitel.com.mk/proglasena-epidemija-na-morbili-vo-makedonija. Прогласиле епидемија, ама повторно забраната е само за градинките.