Не се разбравме, јас реагирав на претходните мислења, прочитав мислење и одма те видов дека се надоврзуваш, ти ствараат паника тебе за тоа дека детето ти нема заштита. И моето немаше реакција, апсолутно нема врска дека ако нема реакција не е вакцината ефективна.
Сигурно има заштита. Син ми така реагираше на сите вакцини, со температура. На таа за полио вакцината крена и 40.
Од.мои.извори ( моја блиска особа е мед лице во помал град во кој беше прогласена епидемија), ги вакцинираа уште пред две недели. Не знам во Скопје зошто дури сега...а најголемиот проток на луѓе е во скопските амбуланти и клиники.
Скоро секаде,најмногу во ск, куманово, среуга,кичево, тетово,гевгелија чинам имаше, прилеп...прочитај по стари вести.
На страната на институт за јавно здравје. Многу рано им текна да се вакцинира мед персонал кој веројатно зарази најмногу деца и бебиња ( знам за случај). Само дали ќе стигнат вакцините на време пошто ги нема?
Веројатно лажна вест било, се извинувам. Не сум била ни јас имуна на лажни вести. Неколку портали објавиле, ама не се веродостојни. И вечер пишал, и тие ли бе Како и да е, едно мртво и уште 2 абортирале поради морбили. Сепак е трагично и многу поголема штета од вакцинирањето. Не си го менувам мислењето, во логор би ги ставила. Еве и ќе го избришам горното да нема лажни вести.
Во Битола нема случаи се уште. Над 90% мислам беше процентот на вакцинирани, уште пред епидемијата, ако не се лажам. Јас за татко ми се плашам (од грипот повеќе), а не е ни да не оди на коронографија, мора да го направи прегледот.
По неспособно чоече од ова во министерство за здравство немала Макединија...Дури и Тодоров не може вода да му тури А замисли доктот е , плус и хирург
А ова сега сред избори нема шанси, уште повеќе ќе се шири. Третото дете кое почина било без претходни болести. Првите 2 да. Бебето неродено не беше болно, ниту мајката.