Во реалноста нема да ги обесиш, туку ќе се снајдеш на поцивилизиран начин. Јаа така би постапила. Пак ќе испадне по мое. Утреден треба да се врати таму, зашто да се кара и да ја памтат.
Ако без моја дозвола вакцинираат? Нормално дека бурно ќе реагирам. А нема да се карам туку со смирен тон ќе објаснам дека е премало детето за ммр, зошто реално и на 13м е мало за ммр и за да се избегнат сите тие сомнежи за поврзаноста со аутизам и слични состојби сакам да ја прими подоцна.
Така да. Ама не знам како работат сега во услови на епидемија. Може имаат други наредби. Може убедуваат да боцкаш. За да не се натегаат, да избегне и да ја убедуваат.
Ама никој до сега не вакцинирал на сила што си правите фантазии? И јас како @TeddyGrey ќе вакцинирам на 9 месеци. Бебе мора во градинка друг избор нема.
Да се почитуваа законите како што се пропишани, немаше сега да сме на ова дереџе. Лечевме со “мое дете гром не го бие” па сеа и законите ни се криви. Многу, ама многу самокритичност ни недостига. Точно дека системот потфрли, ама родителите го сочинуваат најголемиот дел од системот.
Во упаството пишува 9 месеци и крај порано неможе краток одговор. На 9 месеци некако мие по реално и реално во овој хаос да вакцинирам. Мајките што гледаат мали бебиња како влагаат во маркети и прават фаци,да си ги вакцинираа децата на време немаше да стигне до ова дереџе па и уште фаци прават.
Кај што носам јас на вакцини јасно ми кажаа со полни 9, порано од таа возраст не боцкаат. На Шанел момата е 9, затоа прашува.
Не знам дали само мене ме фаќаат паники со оглед дека сум трудна и детето ми помина низ морбилите, па не одам никаде од типот на собири, свадби, роденден, дури ни на велигден не одам ни во црква ни по гости. Некои блиски ме прават "чукната". Дајте "кураж", или кажете ми дека сум не салам.
Ако си поминала зошто нервози? Подобро сега излези отколку со бебе, да не те акне пост породилна, па нервози да тераш.
Ама трудна е, ризична е да заболи. Треба да се пази. @kikin и јас како тебе, не би одела на собири. Ни сега не одам. Кој сака нека ме прави чукната, приоритет во вакви случаи е твоето сопствено здравје, како и на нероденото бебе.
Не вакцинираат без твоја дозвола. Барем во петокот ние бевме, не прашаа што сакаме, ние одбравме ММР, ама те прашуваат. Ова во Букурешт. 10+ сме.
Секако дека си нормална, доста ти се грижи во бременоста. Нека коментира кој што сака, ти терај си така и јас исто би постапила.
Ич да не ти е гајле што те прават чукната. Подобро така одколку покасно ти да си ја чукаш главата, а од тие истите луѓе ќе добиеш од некои сожалување, од некои коментари од типот "си го бараше", а од оние најекстремните ситење. Прави ги ти чукнати, бидејќи има епидемија што очекуваат да се понашаш како ништо да не е, кога сите ги знаеме последиците? Ај да не си бремена во ред е, ама сега носиш уште една душа во тебе која се крепи од твојот имунитет и е зависно од тебе целосно.
Чувај се мила, штом немаш антитела лесно можеш да се заразиш, ајде да беше од друг град каде не е толку раширена епидемијата па да не ти е толку страв, ама во Ск и јас не би. Уште малку ти остана, сега е и времето убаво, шетај на свеж воздух за молови и не е толку зорт.
Не знам зошто мислев дека имаш прележано сепак излегувај до надвор, не се затварај до толку. Иначе нормално дека ќе пазиш.