Не ми е јасно, специјалисти по педијатрија и специјалисти инфектолози не распознаваат уртикарија и морбили, а мајките да?
А јас што знампреку 20...тогаш да речам да, манимупираат со бројките, многу повеќе се. Инаку, во друг град каде сестра ми е мед лице па кажува дека има мн повеќе кои сметаат дека е груп, им ставаат инфузии за пневмонија, по пет дена се исипуваат, и на крај сами себе И другите ги убедуваат дека тоа е од тт, и никаде не се пријавуваат. Со тие што правиме? Скриваат као да е нешто од што треба да се срамат. И сега, што ако реалната бројка е мн поголема?
Не, нивни колеги распознаваат. Де бе па зар забораивте пред една две недели беше мајката што ја извадија од памет со морбили, не ми текнува на името. Исто и другарка ми, на матичен е морбили на специјалист е уртикарија.
А не е подобро да пратиш мајка на второ мислење ако е сомнително, отколку да и речеш седи дома, па да испадне полошо? 1% да се сомнева треба да прати на второ мислење. И нека каже второто мислење дека не е у право првиот.
Пошто не верувате, препрочитајте ја мајкава. И по миљардити пат, не оспорувам епидемија, ама не ми е бројката баш реална. Можеби грешам, не викам не.
Само ќе кажам тешко нас со вакво здраство. Некој имал морбили му утнале дијагноза, не биле морбили. Некој немал морбили , му утнале дојагноза му пишале дека морбили се. Абе луѓе порано морбили распознаваа со голо око, сега чекаат лабораторија и пак утнати дијагнози. Гледам дека ни ние самите не веруваме на бројкиве што циркулираат во јавност. Пак ќе кажам имам впечаток дека е тешко нас.
Да не те чуди ништо.Мајка ми имаше метастази на коски али доби дијагноза спондилоза.Имаше тумор на плуча ама и напишаа бронхопнеумонија.Ортопед и радиолог од Штип ова.
Еве да те потсетам што пиша: “Штетата од вакцината е најмалку аутизам” Кажи ми те молам имаш ли некои податоци и факти кои ги немаат светскиве релевантни фактори за да го тврдиш ова?
Како кај лековите така и кај вакцините си има упатство и си има евентуални контраиндикации и негативни ефекти. Почнувајќи од тт, осип и слично како најчести, па се до поретките и покомплексни. Не сите, но некои, се помалку среќни од останатите 99,999(x)%. Они си ја знаат штетата.
А некој може и имал па му рекле не се. Не распознаваат зашто не виделе можеби,што знам. И не ни мораше да видат. Од многу паметњаковичи дојде до ова лудило. Што сме криви ние со мали бебиња, трудници и слично да седиме дома и да се потресуваме на едно мозолче на пример, затоа.што некој се прави дека му се може нели, да не вакцинира,да не пие антибиотик пример пак кажувам. Себични станавме многу како народ. Право на избор барале. Нека си направат држава со свои правила или пак племе со главен ( не ми текнува како се викаше)и нека носат закони. Епа преку глава ми дојде и страв, и информации и се.
Има ли некоја трудница што е дома заради морбиливе? Не знам дали да земам боледување, ви контакт сум со 4 5 лица на работа. 18 недела
Не познавам јас конкретен случај кај што не распознале. Но поентата ми беше дека владее недоверба во здраствениот систем. Јас сум убедена дека епидемијава настана од тоа. Не ми е опрадвување дека не виделе па незнаат. Ваљда учеле да тоа. Читам погоре зошто носеле студенти да кај лица заразени од морбили ќе се заразеле. Епа да видат де. Сепак не се согласувам дека родителите се виновни за епидемијава. Префрлам на Мин за здраство. Како може пациенти да ги „Фатат“ со такви декларации со поминат рок? Извини кој нормален ќе носи туку така дете на вакцина после таа афера. Пред тоа имаше афера со бугарски вакцини. Тотална недоверба се створи.
Ако си здрава, секако дека не можеш да земеш боледување. Но, можеш одмор да земеш, само не знам колку ќе те покрие ако трае долго епидемијава. Јас работам во голема организација и труднициве си одат на работа секој ден. Би ти рекла да поразговараш со матичниот гинеколог за некоја препорака за заштита или совет, макар што не гледам што би те советувал, ама сепак...
Туку што дознав дека колешката некст ту ми минатата недела прележала, и син и заедно со неа, невакциниран со неполни 2г, од нога, кај синчето морале лабораториски да ја докажат бидејќи не ја препознале во Систина. Ипак не сум живеела во црна дупка. Кај нив контра ситуација од оние две кај што уртикарија е дијагностицирана како морбили, им требало лабораториски доказ, зошто нетипичен. Не знам што да кажам, еве сега збориме, женава е пресреќна што стекнале имунитет природно од нога и двајцата, невакцинирани. Дајбоже сите деца вака да поминат.
Не се дијагностицирани морбили, туку е упатена на специјалист за да испита дали се морбили. Правете разлика. Матичниот лекар не дијагностицира од око, туку според првичната дијагноза дава една појдовна дијагноза за да оди пациентот на понатамошни испитувања (таа дијагноза може и да не ја утврди специјалист). Кога те боли стомак а не знаеш што ти е, лекарот пишува болки во стомак и става една упатна дијагноза а потоа специјалистот утврдува за што се работи. Случајот не го коментирам, ниту знам за кого се работи, ниту дека навистина детето било невакцинирано, ниту пак дека навистина прележале морбили. Само на официјални статистики верувам. Баш од вакви комшиски муабети потекнуваат сите проблеми. Може звучам малку дрско, ама при епидемија да верувам на рекла казала муабети, не, благодарам. Стравот и ризикот се преголеми за да лесно веруваме на сечија приказна.
Не мораш ти на ништо да веруваш. Да беше мој резултат ќе ти сликнев ќе го видиш. Го видов па пренесувам, не ми кажал никој. Сакав да кажам дека има различни ситуации очигледно, не дека детето невакцинирано па прележало без проблем. Еве сега зборевме, многу атипични ситуации, многу атипични случаи и кај двајцата. Докторот пренел дека сите од 82 година натака се слични ситуации како неа, лесни случаи. Очигледно дека децата проаѓаат најтешко, нажалост.
Ма браво за нив! А што да кажат тие помалку среќните, како малите бебиња, трудниците, децата со тешки заболувања и слаб имунитет?