, Препорака, или кој има 6+ ,мора,? Различно би било препорака па ти ако сакаш да вакцинираш или покана да ти стигне со инспектор на врата.
А кај стига покана со инспектор? Препорака е, за деца кои ќе посетуваат градинка пред 9м ваљда, оти не ги примаат во градинка без вакцина.
Тие еднаш реков , од групата здравје со игла не влегува треба да се опоменат,забранат што ти знам.... Упорно тврдат дека вакцинирано дете шири морбили. Ако е така моево најмалку 10 ќе заразеше ! Свашта
Апсолутно. Тие што не вакцинираат деца, треба социјалните служби да им ги одземат. Свесен сум за некои од глупостите што се имаат случувано со вакцинациите во името на медицинската индустрија во текот на минатиот век, но, ризикот се исплати, се на се, сигурната добивка е поголема од можната загуба.
слабо се разбирам и само препрашувам по лекари. Јас сум вакцинирана од рубеола а гледам и во првата бременост и сега во мајчината ми пишале дека имам антитела. Не разбрав имам стекнато имунитет или имам прележано. Ја прашувам мама таа врска нема.
значи трајна имунизација. Треба мене матичната советник да ми стане хахаха е сега сакам да прашам познајни и поискусни,дали исто како за рубеолава може и за морбиливе да се испита? Дали има антитела, делумно може да има антитела, може да се испита дали е прележано...
Рубеолата била лесна, така знам од мајка ми и свекрва ми, вика дур се акавме по доктори помина. Докторите тогаш им кажале дека често се мешала и со осип некој од храна или полазано. Пак ќе кажам, јас не знам, не се сеќавам за мене, така ми кажале. Едино проблем правела во бременост нели затоа женски се боцкаат на 18г ревакцина.
Рубеола е лоша само за бременост. Spoiler: рубеола во бременост Рубеола во раните фази од бременоста Рубеолата е многу опасна во раните фази на бременоста, кога ембрионалниот развој на фетусот го става својот почеток. Тогаш ризикот од оштетување е најголем. Попреченостите можат да бидат: психички инвалидитет глувост Слепило или силно оштетен вид срцеви аномалии Воспаленија во мозокот, црниот дроб, белите дробови, коскена срцевина Сите овие дефекти силно ги намалуваат шансите за опстанок на фетусот по раѓањето. Дури тоа и да се случи, бебето ќе биде со многу сериозни оштетувања. Заразувањето со инфекцијата на рубеола може да не покаже толку големо влијание по десеттата недела од бременоста, но сепак нема цврсти докази за тоа. Мене уште ми е страв да прашам како е бебето.
Јас најверојатно ја имам како бебе прележано, како што кажува мајка ми пред година сум фатила ситна сипаница. Кој знае која е, во книшка не е запишана, плус вакцинирана сум уредно. Варичелата ми е запишана на 7 години, а ова цел живот се мислам која сипаница друга сум прележала. Битно многу лесно сум поминала. Може и само розеола било, ама кој ќе ти каже. Опасна е во бременост, имам случај во комшии, жалосно..
@kikin Не, за рубеола се надоврзав на Ангел. Комшии имам што прележала мајката во бременост. Ама одамна пред 30 години. За таа сипаница знам дека е опасна во бременост. За морбили ништо немаат спомнато овде, освен на Сител што кажаа за еден случај минатата недела, ама најверојатно е со живеење во Скопје, а потекло од Битола, инаку ќе беа известени тука во диспанзер. Се извинувам ако направив забуна.