Саркастично ми е смеењево, а ситуацијата е за плачење. Како тоа нема за возрасни? Нели е задолжително за здравствени работници,наставници и сл? Ох туго моја северЏанска
Ти благодарам. Мислам дека тоа негатив значи дека во моментот сум немала свежа инфекција. Мене ме буни тоа што читам на интернет дека Рубеола и Рубела се различни болести, а во испитување стои во едно. Но добро, најбитно не е исто со морбили, значи сега треба да барам да проверам дали сум вакцинирана за морбили, а сигурно ги немам прележано.
Епа моја блиска особа појде да провери,испадна дека не е вакцинирана (а родена во.година кога постоела вакцината ама ете и тогаш имало"мањак")...и денес појде да се вакцинира и рекле дека вакцините ги чуваат за мали деца и деца од школо.
Има вакцини. Прееска слушнав една од ГОБ рече ќе се вакцинирала. И рекоа дека може, и ни крвна слика и спомнаа ни ЦРП ни ништо. Пред мене течеше цел муабет. И рекоа само да провери дали е вакцинирана веќе.
Ако е истата, го гледа син ми ма ехо и отвара книга да спореди. Ми вели вака прават во странство. Од памет ме извади. Штипска болница ти е кланица.
Серологија за морбили каде испитувате? Ме вратија од центар за јавно здравје, а со упат бев. Или во авицена да испитувам,да не се расправам?
Ти дадоа образложение зашто те вратија? Да не не ти беше упатот за таму? Бидејќи таму и во Ијз испитуваат , само што нема реагенси во Ијз. Сега брзо една жена имаше пишано дека испитала во центар за јавно здравје со упат за 100 денари. Јас би се вратила и би настојувала да ме примат.
Јас настојував,и се подскарав.дека нели медицинско лице сум.упатот требало да пишува до институт,а кај мене пишуваше до центар за јавно здравје.ме шетаа до пролече и назад.и сега одам на приватно да го испитам
https://www.dw.com/mk/растечка-опасност-од-морбили-во-светот/a-48475398?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
Ве молам, освена Авицена и Адриа лаб, има ли др место каде може да се испита за морбили? Маж ми бил во контакт со дете со т 40 пред два дена, денес му избило осип. Авицена после 02.05 реагенси. Имам 2 мали деца на 19.04 примивме ММР, немам памет веќе. @Alishan30 што направи ти?
Таму и во авицена испитав, за 2 часа готови се резултатите. ИГМ негативно, а ИГГ позитивно заради вакцината која сум ја примала редовно како дете Авицена само ИГМ имаа, а биотек само ИГГ имаа,па двапати се боцкав. Ако е пред 2 дена контактот, рано е сега да се испитува, јас чекав 16 дена после контактот, првите денови не се покачуваат веднаш антителата.не брзајте. Заштитни ракавици и маски не извадив овие 2 недели, за телото ми се залепија мислам
Игг колку треба да е, на бројка мислам за да има заштита? Со оглед на тоа што и денешниот извештај на ијз каде има 95 заболени а од нив 30% се целосно вакцинирани сигурно има некоја вредност колку треба да е игг за да имаме потполна заштита.
Незнам колку треба да е висока или ниска вредноста, искрено. Кога ми ги виде инфектолог ми кажа дека се моите во ред резултати. 1,25 е кај мене. Под 0,70 е негативно. Побитни ми беа игм а кај мене се негативни
И двете треба да се испитаат, за игг не се потребни денови,и веднаш може да испита.игм ако ги испита денес може да покажат лажно негативен резултат, но рано е.антителата често се покачени од 15-21 от ден. Јас на 16 от ден ги испитав. Вакцинирани ти се децата, не се плаши.најзаразен е тој доколку е заболен, во периодот пред исип,на пример од 15-21 от ден. Јас работам со пациенти и затоа бев многу претпазлива. Игг-стара инфекција(прележани морбили или вакцинација); Игм-нова инфекција,од сегашно заразување